Даут Харадинај

политичар

Даут Харадинај (роден на 6 април 1978 година во селото Глоѓане во близина на градот Дечани, Косово) е албански политичар и адвокат, како и поранешен командант на Ослободителна војска на Косово (ОВК), и ОНА. По војната, Даут беше дел од раководството на Косовскиот заштитен Корпуси (КПЦ).

Даут Харадинај

ПрекариМалиќи
Род ОВК
ОНА
Битки/војниКосовска војна
Воен конфликт во Македонија, 2001
РодниниБрат на Рамуш Харадинај
Контактира со Мухамед ал-Завахири, организатор на муџахедини во овој регион

Тој е брат на Рамуш Харадинај и командант на заштитната зона Карадак, како и политички водач на Демократска алијанса на Косово. Во времето кога бил во служба на ОВПМБ, во некоја битка ја загубил левата рака[1].

Во редовите на ОНА бил вклучен во февруари 2001 година, и бил одговорен најпрвин за реонот околу селото Танушевци, а подоцна дејствувал и во реонот на Куманово и Липково[2]. Командир во 113 регионална бригада „Исмет Јашари“ на ОНА.

На 19 јуни 2002 година тој бил уапсен[3] и осуден на пет години затвор поради убивање и малтретирање етнички Албанци на Косово во 1999 година[4].

На 24 јули 2001 година бил ставен на македонската црна список на граѓани[5], а на 27 јули е ставен ѝ на списокот на американскиот претседател Џорџ Буш[6]. Даут Харадинај е познат е по прекарот „Малиќи"

Наводи

уреди
  1. „www.vmacedonia.com“. Архивирано од изворникот на 2011-03-09. Посетено на 15 февруари 2011.
  2. „Бела Книга- Теророзмот на т.н. Ослободителна национална армија“, Министерство за Внатрешни работи, стр. 90
  3. „А1 телевизија: Уапсен Даут Харадинај“. Посетено на 15 февруари 2011.
  4. „Дневник: Даут Харадинај осуден на пет години затвор“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 15 февруари 2011.
  5. „македонска црна листа“. Архивирано од изворникот на 2011-08-22. Посетено на 2010-12-25.
  6. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-03-16. Посетено на 2011-02-15.