Даниел Рајскин
Даниел Рајскин (1970, Санкт Петербург) - руски диригент.
Животопис
уредиРајскин е роден во 1970 година, во Санкт Петербург, како син на познат музиколог. На шестгодишна возраст се запишал во музичко училиште, а во конзерваториумот во родниот град студирал виола и диригирање. Под влијание на професорот Лев Савич, Рајскин се определил за диригирање, а потоа се усовршувал кај познатите професори: Милан Хорват, Марис Јансонс и Нееме Јарви. На возраст од 20 години ја напуштил Русија и продолжил да студира во Амстердам и во Фрајбург и набрзо станал еден од најпознатите виолисти во Европа.[1]
Творештво
уредиВо 2005 година, Рајскин станал шеф-диригент на Рајнската филхармонија, а во 2008 година на филхармонијата „Артур Рубинштајн“ во Лоѓ. Како диригент гостувал на повеќе сцени во Европа и во Азија, вклучувајќи ги: Белградската филхармонија, Загрепската филхармонија, Естонскиот национален оркестар, „Хонгконг синфониета“, Националниот оркестар на Латвија, оркестарот „Моцартеум“ од Салцбург, филхармониите на Копенхаген, на Виена, на Берлин и на Прага, оркестарот на радио-телевизијата во Даблин, Радиосимфонискиот оркестар на Чешка итн. Во својата кариера соработувал со Иво Погорелиќ, Миша Мајски, Ланг Ланг, Џулијан Рахлин итн. Исто така, познати се неговите ангажмани како диригент на неколку опери. На 1 декември 2016, во Домот на АРМ во Скопје, Рајскин диригирал на концертот на Ксенија Сидорова и Македонската филхармонија со наслов „Алхемија“.[1]