Гулдов Појас

делумен прстен од ѕвезди во Млечниот Пат

Гулдов Појас (англиски: Gould Belt) — месем делумен прстен од ѕвезди во Млечниот Пат голем околу 3.000 светлосни години и навален од галактичката рамнина за 16–20 степени. Содржи многу ѕвезди од класите O и B, и со тоа ја сочинува најблиските ѕвездородни области на месниот спирален крак во кој припаѓа Сонцето.

Облачниот комплекс во Ро Змијоносец е ѕвездородното подрачје во Гулдовиот ПОјас.

Појасот, според неговиот настанок и традиционална дефиниција, се протга многу помалку од една десеттина од месната обиколка на галаксијата, што значи дека во галактички координати зафаќа тесен распон на галактички должини. Соединувањето и/или зачетокот на нови ѕвезди кои се поблиску вбројуваат во него имаат старост од 30–50 милиони години. Освен претпоставената претходна магливост на многу од помладите ѕвезди и релативната концентрација на гас, чинителите на непрекинатоста и густината на Гулдовиот Појас се слабо изучени — во дел од водечката литература се передлага дека за ова е одговорна темната материја како нераздвојно својство на големата густина на неодамна забележаната ѕвездообразба. Појасот е наречен по американскиот астроном Бенџамин А. Гулд кој ја открил во 1879 г.[1][2][3]

Појасот се сости од млади ѕвезди во многу соѕвездија. Тие се, по редослед југ-запад, а потоа север-запад (по Јужен Крст): Персеј, потоа соседните делови Кефеј-Гуштер – се прекинува кај соѕвездијата околу галактичката пречка/испакнатина, а потоа Скорпија, Волк, јужниот дел на Кентаур и Јужен Крст. Во овој дел се наоѓа здружението Скорпија-Кентаур, потоа соседните делови Кобилица-Едро-Крма, Големо Куче, Орион кој се протега низ небесниот екватор. Изоставува мал број помлади ѕвезди во надворешноста на галактичкиот диск и се враќа во Персеј.

Појасот прави мали кривини на исток и запад согласно неговиот наклон или најголемо отстапување од видливата галактичка рамнина богата со ѕвезди.

Преглед

уреди

Ѕвездородните области и OB-здруженијата кои ја сочинуваат оваа област ги опфаќа маглината Орион и тамошните молекуларните облаци, здружението на OB-ѕвезди од Скорпија-Кентаур, Кефеј OB2, Персеј OB2 и молекуларните облаци Бик-Кочијаш. Молекуларниот облак Змија со ѕвездородните области W40 и устата на Змијата неретко се вбројуваат во Гулдовиот Појас, иако тие формално не се дел до него поради оддалеченоста.

Според една теорија од 2009 г. Гулдовиот Појас се образувал пред 30 милиони години кога грутка од темна материја се судрила со молекуларниот облак во нашата област. Има наоди за постоењето на слични појаси во други галаксии.[4][5]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Sir Patrick Moore, уред. (2002) [1987]. Astronomy Encyclopædia (Revised. изд.). Great Britain: Philip's. стр. 164.
  2. „The Gould Belt“. The GAIA Study Report. Архивирано од изворникот на 4 август 2003. Посетено на 18 јули 2006.
  3. „Gould Belt“. The Encyclopedia of Astrobiology Astronomy and Spaceflight. Посетено на 18 јули 2006.
  4. "Orion's dark secret: Violence shaped the night sky", New Scientist, 21 Nov. 2009, pp. 42–5.
  5. Bekki, Kenji (2009). „Dark impact and galactic star formation: origin of the Gould belt“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society: Letters. 398 (1): L36–L40. arXiv:0906.5117. Bibcode:2009MNRAS.398L..36B. doi:10.1111/j.1745-3933.2009.00702.x. Архивирано од изворникот на 8 декември 2012.

Надворешни врски

уреди