Месен Меѓуѕвезден Облак
Месен Меѓуѕвезден Облак или ММО (англиски: Local Interstellar Cloud, LIC) — меѓуѕвезден облак со големина од околу 30 сг (9,2 пс) низ кој се движи Сончевиот Систем. Непознато е дали Сонцето се наоѓа во самиот Месен Меѓуѕвезден Облак, или во подрачјето каде Месниот Меѓуѕвезден Облак замодејствува со соседниот G-облак.[2] Како G-облакот и други, ММО е дел од т.н. „многу месна меѓуѕвездена средина“ која почнува онаму каде завршуваат хелиосферата и меѓупланетарната средина[3] — најдалечното место до кое имаат стасано сондите.
меѓуѕвезден облак | |
---|---|
low density warm hydrogen | |
Месните облаци низ кои се движи Сончевиот Систем. Стрелките покажуваат движењата на меѓуѕвездените облаци. | |
Податоци од набљудување | |
Оддалеченост | 0[1] сг (0[1] пс) |
Физичи особености | |
Димензии | 30 сг (9,2 пс) |
Ознаки | Месен Облак, ММО, LIC |
Поврзано: Списоци на маглини |
Структура
уредиСончевиот Систем е сместен во структурата наречена Месен Меур, малогустинско подрачје на галактичката меѓуѕвездена средина.[4] Во ова подрачје е Месниот Меѓуѕвезден Облак (ММО), каде подрачјето е малку побогато со водород. Се проценува дека Сончевиот Систем има невлезено во ММО во изминатите 10.000 години.[5] Неизвесно е дали Сонцето сè уште е во ММО или има навлезено во преодната зона меѓу ММО и G-облакот.[2][5][6] Со анализа е проценето дека Сонцето целосно ќе излезе од ММО за највеќе 1900 години.[7]
Облакот има температура од приближно 7.000 K (6.730 °C),[8] иста како површината на Сонцето. Меѓутоа, неговиот специфичен топлински капацитет е многу низок бидејќи не е многу густ (0,3 атоми/см3). Оваа густина е под просекот за меѓуѕвездената средина во Млечниот Пат (0,5/см3), иако шестпати погуста од гасот во врелиот и малогустински Месен Меур (0,05/см3) кој го опкружува месниот облак.[4][9] За споредба, Земјината атмосфера на работ на вселената има 1,2×1013 молекули на кубен сантиметар, кои се намалуваат на 50 милиони (5,0×107) на 450 км.[10] Поради оваа слаба густина, подрачјето можеби подобро би се претставило како празнина отколку како облак.
Облакот тече нанадвор од здружението Скорпија-Кентаур, ѕвездено здружение кое е ѕвездородно подрачје,[11][12] приближно нормално на правецот на самото Сонце, претпоставувајќи дводимензионалност.
Во 2019 г. истражувачите нашле меѓуѕвездено железо-60 (60Fe) на Антарктикот, кое го поврзуваат со Месниот Меѓуѕвезден Облак.[13]
Содејство со Сончевото магнетно поле
уредиВо 2009 г. податоците од сондата „Војаџер 2“ покажале дека магнетната јачина на месната меѓуѕвездена средина е многу поголема отколку што се очекувало (370 до 550 пикотесли (pT), наспроти претходните проценки од 180 до 250 pT). Фактот што Месниот Меѓуѕвезден Облак е силно магнетизиран би го објаснил неговиот досегашен опстанок и покрај притисоците од ветровите кои го имаат оддувано Месниот Меур.[14]
Потенцијалните ефекти на Месниот Меѓуѕвезден Облак врз Земјата во голема мера се намалени благодарение на сончевиот ветар и Сончевото магнетно поле.[8] Ова заемодејство со хелиосферата се проучува од Истражувачот на меѓуѕвездените граници (IBEX), сателит на НАСА кој ги исцртува границите меѓу Сончевиот Систем и меѓуѕвездениот простор.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „NAME LIC“. SIMBAD. Центар за астрономски податоци во Стразбур. (англиски)
- ↑ 2,0 2,1 Gilster, Paul (1 септември 2010). „Into the Interstellar Void“. Centauri Dreams.
- ↑ Linsky, Jeffrey (23 март 2020), „What lies immediately outside of the heliosphere in the very local interstellar medium (VLISM): morphology of the Local Interstellar Cloud, its hydrogen hole, Stromgren Shells, and 60Fe accretion“, Egu General Assembly Conference Abstracts, Copernicus GmbH: 1410, Bibcode:2020EGUGA..22.1410L, doi:10.5194/egusphere-egu2020-1410, S2CID 226032795
- ↑ 4,0 4,1 „Our Local Galactic Neighborhood“. Interstellar Probe Project. NASA. 2000. Архивирано од изворникот на 21 ноември 2013. Посетено на 8 август 2012.
- ↑ 5,0 5,1 Frisch PC, и др. (септември 2011). „The Interstellar Medium Surrounding the Sun“. Annual Review of Astronomy and Astrophysics. 49 (1): 252. Bibcode:2011ARA&A..49..237F. doi:10.1146/annurev-astro-081710-102613. Архивирано од изворникот на 2022-01-20. Посетено на 28 декември 2021.
- ↑ Linsky JL, и др. (18 ноември 2019). „The Interface between the Outer Heliosphere and the Inner Local ISM“. The Astrophysical Journal. 886 (1): 41. doi:10.3847/1538-4357/ab498a. S2CID 203642080. Посетено на 28 декември 2021.
- ↑ Linsky JL, и др. (март 2020). „New results concerning the environment of the heliosphere, nearby interstellar clouds, and physical processes in the inter–cloud medium“. Journal of Physics: Conference Series. 1620 (1): 012010. Bibcode:2020JPhCS1620a2010L. doi:10.1088/1742-6596/1620/1/012010. S2CID 225188522. Посетено на 28 декември 2021.
- ↑ 8,0 8,1 „Near-Earth Supernovas“. NASA Science. NASA. 6 јануари 2003. Архивирано од изворникот на 2017-05-16. Посетено на 1 февруари 2011.
- ↑ Boulanger, F.; и др. (2000). „Course 7: Dust in the Interstellar Medium“. Во Casoli, F.; Lequeux, J.; David, F. (уред.). Infrared Space Astronomy, Today and Tomorrow. Les Houches Physics School. Grenoble, France. August 3–28, 1998. 70. стр. 251. Bibcode:2000isat.conf..251B.
- ↑ United States Committee on Extension to the Standard Atmosphere (октомври 1976). U.S. Standard Atmosphere, 1976. NOAA, NASA and U.S. Air Force. стр. 210–215. OCLC 3360756.
- ↑ Немиров, Р.; Бонел, Џ., уред. (10 февруари 2002). „The Local Interstellar Cloud“. Астрономска слика на денот. НАСА. Посетено на 21 декември 2016. (англиски)
- ↑ Немиров, Р.; Бонел, Џ., уред. (17 февруари 2002). „The Local Bubble and the Galactic Neighborhood“. Астрономска слика на денот. НАСА. Посетено на 21 декември 2016. (англиски)
- ↑ Koll, Dominik; и др. (август 2019). „Interstellar 60Fe in Antarctica“. Physical Review Letters. 123 (7). 072701. Bibcode:2019PhRvL.123g2701K. doi:10.1103/PhysRevLett.123.072701. PMID 31491090. S2CID 201868513.
- ↑ Opher, M.; и др. (24–31 декември 2009). „A strong, highly-tilted interstellar magnetic field near the Solar System“ (PDF). Nature. 462 (7276): 1036–1038. Bibcode:2009Natur.462.1036O. doi:10.1038/nature08567. PMID 20033043. S2CID 205218936. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-10-11. Посетено на 2022-10-23.
Надворешни врски
уреди- Месен Меѓуѕвезден Облак на Ризницата ?
- Ветре од ѕвездите — NASA Science (англиски)
- „Војаџер со меѓуѕвездено откритие“ Архивирано на 16 мај 2017 г. — NASA Science (англиски)
- Месен оџак и супермеури (англиски)