Градиште (Пиперово)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Градиште

Карта

Местоположба 41°34′08″N 22°15′31″E / 41.56889° СГШ; 22.25861° ИГД / 41.56889; 22.25861
Основни податоци
Место Пиперово
Општина Штип
Тип

 градиште


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Градиште - Чукаархеолошко наоѓалиште во штипското село Пиперово. Претставува градиште од доцноантичко време.

На западниот крај на селото се издига сртот на планината Серта. На една зарамнета висорамнинка, делумно обрасната со шума, која на едната страна има поглед кон долината на Лакавица, а на другата кон долината на Вардар, се наоѓаат остатоци од темели на бедем, широк 1,5 м, ѕидан од кршен камен и варов малтер.[1]

Близу до западниот крај се гледаат темели од просторија на објект, широки 0,50 м. Димензиите на градиштето изнесуваат 150 × 50 м.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 439. ISBN 9989-649-28-6.