Градиште (Пчиња)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Градиште


Карта

Местоположба 42°2′22″N 21°45′21″E / 42.03944° СГШ; 21.75583° ИГД / 42.03944; 21.75583
Основни податоци
Место Пчиња
Општина Куманово
Тип

 градиште


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Градиште археолошко наоѓалиште во кумановското село Пчиња. Претставува градиште од доцна антика. На 2,5 км северно од селото, на висок рид со зарамнето плато, кое зафаќа површина од 250 × 100 м, се гледаат остатоци од фортификација. На југоисточниот дел на тврдината е зачуван ѕид од бедемот кој има дебелина од 1,70 м, граден од кршен камен и варов малтер. Во внатрешноста на тврдината се гледаат ѕидови од повеќе објекти, а се среќаваат и фрагменти од керамички садови, питоси и множество градежен материјал.[1]

Ова место датира од XIV век и се врзува за познатата воено-градителска дејност од времето на Јустинијан I кој таквите кули стануваат носители на одбранбена концепција на Византиското Царство. Оваа тврдина настрадала страотно некаде во крајот од VI век и наскоро бил целосно напуштен. Во наоѓалиштето Градиште се најдени некои ретки археолошки пронајдоци како што се: рачка од скифос, дел од Хидрија, рачно изработен грнец, Амфори, двореден чешел изработен од коска, две монети од времето на Аркадиј (395-408 г.), монета кована во Кизик во времето на Хонориј (333 -350 год), монета од времето на Јустин I (518 - 527), монета од времето на Јустинијан (527 - 565) а исто така при копање на просторот од акрополата непосредно западно од северната челна кула биле извадени два-три камени столбови од стара црква.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 221, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069