Градиште (Пиперово)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Градиште“
| |
Местоположба | 41°34′08″N 22°15′31″E / 41.56889° СГШ; 22.25861° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Пиперово |
Општина | Штип |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
Портал „Археологија“ |
Градиште - Чука — археолошко наоѓалиште во штипското село Пиперово. Претставува градиште од доцноантичко време.
На западниот крај на селото се издига сртот на планината Серта. На една зарамнета висорамнинка, делумно обрасната со шума, која на едната страна има поглед кон долината на Лакавица, а на другата кон долината на Вардар, се наоѓаат остатоци од темели на бедем, широк 1,5 м, ѕидан од кршен камен и варов малтер.[1]
Близу до западниот крај се гледаат темели од просторија на објект, широки 0,50 м. Димензиите на градиштето изнесуваат 150 × 50 м.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 439. ISBN 9989-649-28-6.