Неоготиката (позната и како готска преродба) е архитектонско движење кое започнало во Англија во 1740-тите години. Нејзината популарност започнала брзо да расте во почетокот на деветнаесеттиот век кога група на познати следбеници на неоготските стилови настојувале да ги обноват средновековните форми во споредба со класичните стилови кои преовладувале.Во Англија, центарот на ова обновување, бил испреплетен со многубројни филозофски движења поврзани со повторното будење на „Високата црква“, или Англо-католичкото верување (и од католиците преобразено во Огастес Велби Пјуџин)кое се залагало за развојот на религиозниот нонконформизам. На крајот,во третата четвртина од деветнаесеттиот век, овој стил станал широко пространет поради неговиот природен изглед. Паралелно со доминацијата на неоготските стилови во деветнаесеттиот век во Англија, интересот се проширил многу брзо и во Европа, Австралија и Америка; всушност, можеби бројот на обновувачките и бондрук неоготските градби изградени во деветнаесеттиот и дваесеттиот век го надминуваат бројот на готски градби кои биле претходно изградени. Обновувачката готика била паралелна и поддржувана од средновековието, кое своите корени ги има во антикварските интереси во врска со преживувања и куриозитети. Ова исто така примило и политичка конотација; при што „рационалниот“ и „радикалниот“ неокласичен стил се поврзувал со републиканизмот и либерализмот (како што е докажано со неговата употреба во Соединетите Американски Држави и во Републиканска Франција), повеќе „спиритуалната“ и „традиционалната“ обновувачка готика била поврзувана со монархизмот и конзервативизмот, а ова се рефлектирало преку изборот на стилови за реновирање на Вестминстерската палата во Лондон и “Parliament Hill” во Отава. Во англиската литература, архитектонската обновувачка готика и класичниот романтизам направиле подем во жанрот на готскиот роман, започнувајќи со „Отрантскиот замок“ (1764) од Хорас Волпол и Четвртиот Ерлд од Орфорд, а исто така инспирирале и нов поетски жанр кој потекнува од псевдобардската поезија од Осијан. Поемите како “Idylls of the King” од Алфред Тенисон, обработуваат особено современи теми од средновековните окружувања на артурската романса. Во германската литература, преродбеничката готика исто така има корени во литературната мода.

Катедрала Св. Јован Крстител во Савана, Џорџија

Заживување и преродба

уреди

Се смета дека готската архитектура започнала во манастирот Сен-Дени во Париз, 1140 година и завршил со последниот замав во капелата “Henry VII” во Вестминстер во почетокот на XVI век. Меѓутоа, готската архитектура не изумрела целосно во 1520 година, туку напротив, се задржала во проектите за натамошно градење на катедрали и изградбата на цркви во големиот број изолирани рурални населби во Англија, Франција, Шпанија,Германија и Полско-Литванската државна заедница. Во Болоња, во 1646 година, барок архитектот Карло Раиналди конструирал готски визби (завршени во 1658 година) за базиликата на “San Petronio” во Болоња кој бил во изградба од 1390 година; понатаму, готскиот контекст на изградба не ја земал предвид тогашната архитектонска мода. Гуарино Гуарини, театински монах од XVII век , примарно активен во Торино, го признал „Готскиот ред“ како еден од примарните системи во архитектурата и го искористил во практиката. Слично на ова, готската архитектура преживеала во урбано опкружување при крајот на XVII век, како што се гледа во Оксфорд и Кембриџ, каде што додатоците и поправките на готските згради очигледно се смета дека повеќе го задржуваат стариот стил отколку современиот барок. “Tom Tower” на Сер Кристофер Рен за христијанската црква, Оксфордскиот универзитет и подоцна, западните кули од манастирот Вестминстер на Николас Хоксмур, ги замаглуваат границите помеѓу т.н. „Готска обнова“ и преродбеничката готика. Во средината на XVIII век, со издигнувањето на романтизмот, зголемениот интерес и свест помеѓу некои влијателни експерти за „средновековието“, создал поблагороден пристап кон одбраните средновековни дела како црковната архитектура, монументите на гробовите на кралските и благородни личности, витража и доцните осветлени готски ракописи. Меѓутоа, другите готски уметности како таписерии и метални дела, биле сметани за варварски и вулгарни. Сентименталното и националистичко поврзување со историските фигури и во ова обнова биле многу застапени, но само од естетски причини. Неколку британци и наскоро потоа некои Германци , почнале да го ценат живописниот карактер на рушевините- станувањето на „живописноста“ нов естетски квалитет- и оние стари ефекти од времето кои јапонците ги нарекуваат ваби-саби и на кои Хорас Волпол самостојно им се восхитувал, малку шеговито, како „вистинската `рѓа од војната на бароните“. „Готските“ детали од “Twickenham” вилата на Волпол, „Стробери хил“, наликувала на рококо стиловите од времето и од 1970-тите, внимателните неокласични архитекти како Роберт Адам и Џејмс Виат биле подготвени да обезбедат готски детали во приемните соби , библиотеки и капели за романтистички изглед на готскиот манастир Фонтхил во Вилтшир. Замокот Инверари изграден во 1746 година со дизајнерско решение од страна на Вилијам Адам, ги претставува раните заживувања на готските елементи во Шкотска. „Готскиот“ стил, бил архитектонска манифестација на вештачката „живописност“ што се среќава во сите уметности: Овие орнаментски храмови и вили, ја игнорирале градежната логика на готските градби и биле делотворно паладијански градби со назначени арки. Екцентричниот дизајнер на пејзажи, Бети Ленгли, се потрудил дури и да ги „подобри“ готските форми со тоа што им давал класични пропорции. Помлада генерација која готската архитектура ја сфаќа посериозно овозможила доцентура за сериите на Џ. Бритен од „Антиквитети од катедралите“ кои се појавиле во 1814 година. Во 1817 година, Томас Рикман напишал „обид“... за да ги именува и дефинира деловите во готски стил од црковната архитектура, „книга за студентите на архитектура“. Нејзиниот долг наслов е описен: Обид за разликување на стиловите од англиската архитектура од Победата на преродбата; со скеица од грчките и римските редови, со белешки за приближно пестотини англиски градби. Категориите кои ги користел биле нормански, рано-англиски, украсени и вертикални. Постоеле голем број на изданија и повторно било издадено во 1881 година.

Декоративни уметности

уреди

Преродбениот готски стил не бил застапен само во архитектурата. Ексцентричните готски детали во англискиот мебел се застапени и во куќата на Лејди Помфрет на улицата Арлингтон во Лондон (во 1740-тите), а дрворезот на потпирачите на столовите и стаклените видови на библиотеки се позната особина на “Chippendale’s Director”, каде троделната библиотека содржи готски детали симетрични со изобилие на рококо стилот. Во Аботсфорд на Сер Волтер Скот, има примери на „регенска готика“ во мебелот. Од средината на деветнаесеттиот век, готските орнаменти и фалти може евтино да се постават на позадини, а готското аркадирање може да краси керамички бокал. Илустрираниот каталог за „Големата изложба“ во 1851 година е полн со готски детали, од изработка на тантели и дизајни за деписи, до тешка машинерија.

Романтизам и национализам

уреди

Францускиот неоготски стил во помал дел потекнува од „Англоманијата“, со почеток во доцните 1780-ти. Во 1816 година, кога францускиот научник Александре де Лаборде рекол „готската архитектура си има свои убавини“, таа идеја станала новела за многу француски читатели. Во 1828 година, Александре Брогниарт, директор на фирмата “Sèvres” за рачна изработка на порцелан, произвел рамни стаклени површини со емајлирани цртежи за кралската капела на Луис Филип во Дреукс.

Обновувањето на француската готика подложено на длабоки научни истражувања од страна на пронаоѓачот Аркис де Каумонт кој во времето кога зборот антикварница сѐ уште значел експерт за антиквитети го основал „Societé des Antiquaires de Normandy“ и го издал своето познато дело во врска со норманската архитектура во 1830 година (“Summerson 1948”). Наредната година се појавил романот „Ѕвонарот од Богородичната црква“ од Виктор Иго, во кој големата готска катедрала во Париз во исто време била главно опкружување и протагонист во многу популарна приказна. Намерата на Иго, повеќе била да разбуди грижа за преживувањето на готската архитектура, отколку да предизвика манија за неоготиката современиот живот. Во истата година кога се појавила Богородичната црква во Париз, новата француска монархија основала место за поставување на Генерален инспектор за античките споменици, место кое се пополнило во 1833 година од Проспер Мериме кој станал секретар на новата Комисија за историски споменици во 1837 година. Оваа комисија побарала Eugène Viollet-le-Duc, да ја провери состојбата на манастирот „ Vézelay“ во 1840 година. По ова барање, Eugène Viollet-le-Duc почнал да реновира повеќе симболични градби во Франција – „Notre Dame de Paris“, „Vézelay“, „Carcassone“,„ Roquetaillade castle“,„ Mont Saint-Michel“,„ Pierrefonds“, „Palais des Papes à Avignon“... Изградбата на првата позната неоготска црква во Франција , „Basilica of Sainte-Clothilde“ во Париз, започнала во 1846 година, а завршила на 30 ноември 1857 година, додека пак, архитектот кој работел на оваа градба бил од исклучиво германско потекло, Франц- Кристијан Гау (1790-1853); дизајнот во последните фази бил значително изменет од страна на асистентот на Гау, Теодор Балу, за да изгради две куполи кои го крунисале западниот дел.

Во меѓувреме, во Германија се појавил голем интерес за Келнската катедрала која почнала да се гради во 1248 година и сѐ уште не била завршена во времето на „обновувањето“. Романтистичкото движење во 1820-тите го вратило интересот и изградбата повторно започнала во 1842 година, со значително одбележување на враќањето на готската архитектура во Германија.

Поради романтистичкиот национализам во почетокот на XIX век, Германците, французите и англичаните, сите тврделе дека оригиналната готска архитектура од XII век, потекнувала од нивната земја. Англичаните смело го сковале поимот "Early English" за готиката, поим кој подразбира дека готската архитектура била англиска творба. Во неговото издание од 1832 година на „Богородичната црква во Париз“, Виктор Иго рекол „Ако е можно, да бидеме инспирирани од нацијата, љубов за националната архитектура“, што подразбира дека готиката била француско национално наследство. Во Германија, со завршувањето на „Келнската катедрала“ во 1880-тите, највисоката градба во тоа време, катедралата била симбол за важноста на готската архитектура. Други поголеми завршувања на готски катедрали биле оние на „Регенсбуршката катедрала“ (со дупли куполи во 1869-1872), „Улмската катедрала“ (со кула висока 161 метар во 1890 година) и катедралата „Св. Витус“ (1844-1929). Во Фиренца, сегашната фасада на катедралата која била подигната за свадбите на благородните семејства „Медичи“ и „Лорејн“ во 1588-1589 година, била разрушена и западниот дел на катедралата повторно останал празен до 1864 година, кога бил одржан натпревар за дизајнирање на нова фасада која што одговара на структурата на Арнолфо ди Камбио и на камбанаријата до неа. На натпреварот победил Емилио Де Фабрис и работата на неговиот многубоен дизајн и мозаик со дрвени плочи, започнала во 1876 година, а завршила во 1887 година со создавање на фасада во Неоготски стил. Во Индонезија, во 1891 година, започнала изградбата на двете кули близначки на катедралата „Џакарта“ која била завршена во 1901 година од страна на холандскиот архитект Антониус Диџкманс.

Готиката како морална сила

уреди

Пуџин и „вистината“ во архитектурата

уреди

Во доцните 1820-ти, А.В.Н. Пуџин, сѐ уште тинејџер, работел за двајца високо познати работодавци кои додавале готски детали на луксузни производи. За производителите на кралски мебел, Морел и Седон, тој обезбедил дизајни за редекорирање за Џорџ IV постариот, во замокот „Виндсор“, во готски стил кој одговарал на опкружувањето. За кралските кујунџии Рундел Бриџ и соработниците, Пуџин создал дизајни за сребро од 1828 година, користејќи го Англо-францускиот готски вокабулар кој ќе продолжи да го користи подоцна во дизајните за новата Вестминстерска палата. Помеѓу 1821 и 1838 година, Пуџин и неговиот татко издале серии на книги за архитектонски цртежи, од кои првите две со наслов, „Примероци за готската архитектура“, а следните три, „Примери на готската архитектура“ кои ги имало и како печатени и како стандардни прирачници за готските обновувачи барем во наредниот век. Во „Контрасти“(1836 година), Пуџин ја изразил својата восхитеност не само од средновекобните уметности , туку и од севкупниот средновековен етос, при што тврдел дека готската архитектура е производ на почисто општество. Во „Вистинските принципи на засводната и христијанската архитектура“ (1841 година), тој сугерира дека модерните занаетчиии кои сакаат да го имитираат стилот на средновековното мајсторство, треба исто така повторно да ги создадат неговите методи. Пуџин верувал дека готиката била вистинската христијанска архитектура, па дури изјавил „Зашилениот свод бил создаден од католичката вера“. Најпознат проект на Пуџин е „Вестминстерската палата“ во Лондон. Неговиот удел во дизајнирањето се состоел од две кампањи, 1836-1837 година и повторно во 1844 година и 1852 година со класицистот Чарлс Бери, како негов номинален раководител (дали тие работеле како колегијални партнери, или Бери се однесувал како шеф на Пуџин, не е целосно разјаснето). Пуџин ги создал надворешниот изглед и ентериерот, додека пак, Бери го направил симетричниот нацрт на градбата, предизвикувајќи забелешки од страна на Пуџин, „Се` грчко, Господине; Тјудорски детали на класична основа“.

Венецијанска готска архитектура

уреди

Џон Раскин ги надополнил идеите на Пуџин во неговите две многу влијателни теоретски дела, „Седумте ламби на архитектурата“ (1849 година) и „Камењата на Венеција“ (1853 година). Пронаоѓајќи го својот архитектонски идеал во Венеција, Раскин сметал дека готските градби се истакнале над сите други архитектури поради „жртвата“ на каменорезците сложено да го декорираат секој камен. Со прогласувањето на „Дуждовата палата“ за „централна градба на светот“, Раскин се расправал за готските владини градби, како што Пуџин направил за црквите, но само во теорија. Кога неговите идеи се оствариле во пракса, Раскин ги презирал сериите на јавни градби кои биле градени по примерот на „Палацо Дукале“, вклучувајќи го и универзитетскиот музеј во Оксфорд.

Во Англија, Црквата на Англија подлежала на обновувања од Англо-католичката и ритуалистичката идеологија во форма на „Оксфордско движење“ и сакала да изгради голем број на нови цркви во служба на зголемената популација и гробишта за погребите. Претставници имало во универзитетите каде што било формирано црковното движење. Неговите поборници сметале дека, готскиот стил бил единствениот стил кој бил достоен за парохиска црква, а исто така имале и своја омилена ера од готиката-„декоративната“. „Еклисиологистот“, издание на друштвото „Кембриџ Кемден“, било толку сурово критички ориентирано кон новите црковни градби што, било под нивото на очекуваните стандарди, при што се појавил стилот „археолошка готика“, кој ги создал најуверливите средновековни градби на готското обновување. Меѓутоа, секој архитект или клиент не бил завлечен во оваа насока. Иако „Заживувањето на готиката“ успеал да стане попознат архитектонски стил, обидот да се поврзе со поимот супериорност од типот на висока црква како што се залагал Пуџин и црковното движење, бил анатема за оние со екуменски и неконформистички принципи. Тие сакале да го признаат само поради неговите естетски, романтистички квалитети за да ги комбинираат со други стилови, или да побараат во северно европскиот готски стил со тули за порамен изглед; или пак во некои случаи комбинација од сите три, како во гробиштата “Abney Park”, дизајнирани од Вилијам Хоскинг ФСА во 1840 година. Развивањето на тие огромни, метрополски гробишта се одвивало паралелно со движењето; Сер Вилијам Тајт ги направил првите гробишта во готски стил, во Западен Норвуд во 1837 година, со капели, порти, и декоративни особини на готски начин, привлекувајќи им го вниманието на архитектите како Стрит, Бери и Бурџис. Стилот веднаш станал успешен и универзално го заменил претходниот, привилигиран класичен дизајн.

Виоле-ле-Дик и железниот готски стил

уреди

Во Франција не било многу рано за неоготската сцена, таа создала огромни градби од обновувањето со помош на Виоле-ле-Дик. Освен што бил многу моќен и влијателен теоретичар, Виоле-ле-Дик бил и водечки архитект чија генијалност лежела во реновирањето. Тој верувал во реновирањето на градбите до состојба на комплетирање што нема да се познава и ќе има изглед како да е изградено уште на почетокот, теории кои ги применил во заградениот град Каркасон, во Богородичната црква и Сент Шапел во Париз. Во овој поглед, тој се разликувал од неговиот англиски двојник Раскин кој често ја менувал работата на средновековните каменоресци. Неговиот рационален пристап кон готиката бил во потполн контраст со романтистичките корени на „Обновувањето“.

Орнаменти од ковано железо во готски стил го потпираат мостот на Калвер Во, Централ парк, Њујорк Во текот на неговата кариера, тој бил во недоумие, дали железото и ѕидањето би требало да се комбинираат во градбите. Всушност, железото било користено во готските градби уште на почетокот на „обновувањето“. Само според Раскин и барањето на вистината во структурата на археолошката готика, железото, било видливо или не, се сметало за несоодветно за готските градби. Оваа расправија прекинала во средината на XIX век со издигнувањето на големи префабрикувани структури како стаклено-железната „Кристална Палата“ и застаклениот двор на музејот на Оксфордскиот универзитет кои преку железото ги овоплотиле готските принципи. Помеѓу 1863 и 1872 година, Виоле-ле-Дик го издал „Entretiens sur l’architecture“, сет од смел дизајн на градби со комбинирање на железо и ѕидарство. Иако овие проекти никогаш не биле реализирани, имале влијание врз неколку генерации на дизајнери и архитекти, Ентони Гауди во Шпанија и во Англија, Бенџамин Букнал, најистакнатиот наследник и преведувач на Вајолет чие ремек-дело е палатата „Вудчестер“. Флексибилноста и јачината на кованото железо им дало слобода на неоготските дизајнери да создадат форми кои биле невозможни да се создадат со камен, како на мостот од ковано железо на Калверт Ваукс во Централ Парк, Њујорк. Ваукс дава список на ажурирани форми кои потекнуваат од готското темно аркадирање и орнаменти на прозорците, со цел да се изрази еластичноста и издржливоста на мостот во форма на лак, со свиткани формикои ја навестуваат рецесијата или Арт Нуво стилот.

Колеџи во готски стил

уреди

Во САД, реконструкцијата на кампусот на универзитетот „Јеил“ од Џејмс Гембл Роџерс и првите градби на „Бостон“ колеџот од Чарлс Дона Магинис, помогнале архитектурата во готски стил на колеџите, да стане популарна во американските универзитетски кампуси. Облакодерот во стил на „заживувањето на готиката“, во кампусот на „Питсбуршкиот универзитет“ од Чарлс Клаудер, „Катедралата за учење“ има голем број на готски стилови и внатре и во надворешноста, а за постигнување на висината е користена модерна технологија. Готскиот стил во колеџите е застапен и во многу други академски кампуси вклучувајќи ги Вашингоновиот универзитет во Сент Луис, Лихај (Ричмонд) Арканзаскиот универзитет, Бостонскиот колеџ, академијата „Мери Луис“, универзитетите „Вест Честер“, „Корнел“, Чикашкиот универзитет и универзитетот „Мекгил“. Во 2002 година, Деметри Порфириос бил назначен да конструира неоготски колеџ на универзитетот Принстон, познат како „Витман“.

Карпентерски готиски стил

уреди

Куќите и малите цркви во Карпентерски готски стил, станале познати во Северна Америка и многу други места на крајот од деветнаесеттиот век. Овие структури адаптирале готски елементи како зашилени сводови, остри тимпанони и кули на традиционалните американски бондручни конструкции. Пронаоѓањето на пилата за декоративна обработка и големото производство на дрвени калапи дозволиле неколку од овие конструкции да ја имитираат претрупаната фенестрација во „Високата готика“. Но, во повеќето случаи, градбите во „карпентер готскиот стил“ биле релативно ненакитени, задржувајќи ги само основните елементи на зашилени прозорци и остри тимпанони. Најверојатно, еден од најдобрите примери на карпентер готскиот стил, е куќа во Елдон, Ајова која Грант Вуд ја искористил како позадина во неговата позната слика „American Gothic“. Бенџамин Монтфорт од Кантербери, Нов Зеланд го внел „готското заживување“ во Нов Зеланд и дизајнирал цркви во тој стил од дрво и од камен. Фредерик Тачер дизајнирал дрвени цркви во стилот на „заживување на готиката“ во Нов Зеланд, на пример старата црква Св. Павле во Велингтон. Света Марија Ангелска во Велингтон од Федерик де Џерси Клер, е во франкоготски стил била првиот изграден стомано-бетонски дизајн. Други цркви од стилот на „готското заживување“ биле изградени во Австралија, особено во Мелбурн и Сиднеј.

XIX век

уреди

Готскиот стил го диктирал користењето на структурни елементи под притисок, при што се добивале градби потпрени со внатрешни столбови кои го поддржувале товарот и високи, тесни прозорци. Но, со почетокот на XX век, технолошките достигнувања како што се челичните рамки, вжарените електрични светилки и лифтовите, предизвикале многумина, овој архитектонски стил да го сметаат за старомоден. Челичните рамки ги замениле неорнаментските крстати сводови и висечки столбови, со што се ослободил поголем простор во ентериерот, со неколку солба кои попречувале видикот. Некои архитекти инсистирале да се користи неоготската орнаментика, како на пример орнаментите врз жлезен скелет, како во облакодерот „Woolworth Building“ во Њујорк, на Кес Гилберт од 1913 година и „Tribune Tower“ на Рејмонд Худ од 1922 година во Чикаго. Но после првата половина од дваесеттиот век, неоготиката била заменета со модернизмот. Некои во „модерното движење“ гледале готска традиција на архитектонската форма, во услови на „вистинска експресија“ на современата технологија, и се гледале себе, самите, како вистински наследници на оваа традиција, со нивните правоаголни рамки и истакнати железни носачи. И покрај ова, „готското заживување“ продолжило да го шири своето влијание, едноставно поради тоа што многу од неговите масивни проекти сѐ уште се граделе, особено во втората половина на XX век, како на пример „Liverpool Cathedral“ на Гејлс Гилберт Скот. Ралф Адамс Крам, станал водечка сила во американската готика, со неговите најамбициозни проекти „Cathedral of Saint John the Divine“ во Њујорк( прогласена за најголема катедрала во светот), како и готските градби на универзитетот „Принстон“. Крам рекол, „стилот склопен и усовршен од нашите предци, стана наше непроценливо наследство“. Иако во 1930-тите бројот на градби во стилот на „готското заживување“ почнал брзо да опаѓа, тие пак се граделе. Катедралата “Bury St. Edmunds”, се градела од доцните 1950-ти до 2005 година. Се планира изградба на нова црква во парохијата „St. John Vianney“ во Фишерс, Индијана.

Признание

уреди

До 1872 година „готското обновување“ во Велика Британија било доволно застапено, при што, влијателниот професор по дизајн, Чарлс Лок Истлејк, ја создал „A History of the Gothic Revival“, но првиот подолг есеј кој бил напишан за ова движење бил есејот на Кенет Кларк, „The Gothic Revival“. Есејот се појавил во 1928 година.