Централ парк
Централ парк (англиски: Central Park) – единаесеттиот роман на францускиот писател Гијом Мисо, издаден на 27 март 2014 година[1]. Според првите проценки, Мисо, авторот на романот имал продадено повеќе од 74 000 примероци само во првите три дена [2][3] и вкупно повеќе од 570 000 примероци.
Содржина
уредиРоманот се состои од четири дела:[4]
Прв дел: Цврсто поврзани
- Алис
- Габриел
- Западниот дел на Централ парк
- Врзани со синџири
- Ред Хук
- Кинески кварт
- Пред три години
- Да треснеш на земја
Втор дел: Болно сеќавање
- Болно сеќавање
- Две и пол години порано - Години на крв и на лудило
- Две години порано
- Риверсајд
- Отпечатоци
- Мал Египет
- Две години порано
- Фри џез
- Наргиле-бар
- Two people
- Para bellum
- Пред нешто помалку од две години
Трет дел: За крвта и за бесот
- Трага на убиецот
- Ѓаволски вештини
- Аперкат
- На страна на живите
- Во куќата
- Седефест превез
- Декември 2011 година - јули 2013 година
- Вон
Четврти дел: Уништена жена
- Сега или никогаш
- Три месеца порано
- Пред една недела
- Нулто поглавје
- Предмалку
- Огледала
- Бели сенки
- За осаменото срце
- Ќе има...
Изданија на македонски јазик
уредиВо 2015 година, романот бил објавен од издавачката куќа „Топер“. Преводот од француски јазик го направила Сенка Наумовска, лектурата ја извршила Анета Василевска Љубецкиј. Книгата, со обем од 320 страници и со димензии од 20 сантиметри, е испечатена во печатницата „Дата Понс“ во тираж од 1.000 примероци. Каталогизацијата е извршена во НУБ „Св. Климент Охридски“, а книгата ја има меѓународната ознака ISBN 978-608-208-443-5.[4]
Наводи
уреди- ↑ „Central Park“..
- ↑ Lena Lutaud (1 April 2014). „Guillaume Musso ou les secrets marketing de Bernard Fixot“. le Figaro..
- ↑ „"Central Park" de Guillaume Musso : déjà 75 000 exemplaires vendus en trois jours“. Metronews. Посетено на 3 April 2014..
- ↑ 4,0 4,1 Гијом Мисо, Централ парк. Скопје: Топер, 2015.