Оксфордски универзитет
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Оксфордски универзитет (неформално само Оксфорд) — универзитет кој се наоѓа во Оксфорд ,Обединетото Кралство .Тој е третиот по ред најстар,преостанат универзитет во светот,по универзитетите во Болоња и Париз и најстариот универзитет во англиското говорно подрачје.Сепак точниот датум на основање останува нејасен,постојат докази кои сведочат дека таму се учело уште во 11 век.Универзитетот значитело се зголеми од 1167 година кога Хенри II ги приклучи англиските студенти кои учеа на Универзитетот во Париз.Формално ,Универзитетот Оксфорд историски е скратено и преименувано во Оксон.(од латински Оксониенсис),меѓу другото денес официјално во јавноста е познат како Оксф.По полемиките помеѓу студентите и граѓаните на Оксфорд во 1209 година,некои професори побегнаа североисточно во Кембриџ ,каде што го основаа Универзитетот Кембриџ. Двата „ древни универзитети”имаат многу заеднички одлики и често се спомнувани заедно како Оксбриџ.Покрај културните и практичните здруженија како дел од историјата на Британското општество ,двата универзитета имаат долга меѓусебна соперничка историја.Повеќето додипломски предавања на Оксфорд се организирани така што се засновани на писмен есеј,еднаш неделно под раководство на ментори од самостојни колеџи и сали(предавални),поддржани од предавања и лабораториски часови ,овозможени од факултети на Универзитетот и катедри. Табелите постојано го запишуваат Оксфорд како еден од најдобрите Британски универзитети и Оксфорд постојано се рангира во десетте најдобри светски универзитети.Универзитетот е член на Групата Расел(Расел Бернард-Британски филозоф)за истражување ,предводена од Британски универзитети,Групата Коимбра,Сојузот на Европските Истражувачки Универзитети ,Меѓународната Алијанса на Истражувачки Универзитети и исто така е основен член на Европаеум.Формира дел од „Златен Триаголник” на Британски универзитети.Повеќе од еден век ,служеше како дом на Стипендијата Родос,која што им овозможува на студенти од многубројни држави да студираат на Оксфорд како постдипломци или второ степени студенти.
Историја
уредиУниверзитетот Оксфорд нема точна дата на основање.[1] Предавањата на Оксфорд се одржуваат уште од 1096 година.[2] Исклучувањето на странците од Универзитетот во Париз во 1167 година, предизвика многу Англиски студенти да се вратат од Франција и да се преселат во Оксфорд.[2] Историчарот Жерард од Велс им предавал на студентите во 1188 година. Првиот студент од странство, Емо од Фризија, пристигна во 1190 година. Водството на Универзитетот назначи ректор од 1201 година и магистрите беа познати како универзитас или раководството во 1231 година.[2][3]
Студентите се здружија, на основи на географските потекла, во две „нации”, претставувајќи го Северот (вклучувајќи ги Шкотланѓаните) и Југот (вклучувајќи ги Ирците и Велшаните).[4][5] Во подоцнежните векови,географските потекла продолжија да влијаат на многу студентски афилијали, кога членството во колеџ или сала стана вообичаено во Оксфорд. Припадници на многу религиски редови,вклучувајќи Доминиканци, Фрањевци, Кармелити и Августинијанци населени во Оксфорд во средината на 13 век, станаа влијателни и задржаа студентски домови.[6] Во исто време, приватните добродетели основаа колеџи да им служат како заедници за независно (научно) списание. Меѓу првите беа Вилијам од Дурхам, кој во 1249 година го потпомогна Универзити колеџ и Џон I Де Балиол,татко на иднината Крал на Шкотланѓаните:Колеџот Балиол го носи неговото име. Друг пронаоѓач, Валтер Де Мертон, канцелар на Англија и понатаму Бискуп на Рочестер, смисли серија прописи за студентскиот живот; Колеџот Мертон стана пример за создавања на Оксфорд како и Универзитетот Кембриџ. Потоа, голем број студенти се откажаа од живеењето во салите и религиозните куќи и за да живеат во колеџите.Новото учење на ренесансата одлично влијаеше на Оксфорд од доцниот 15 век, па натаму. Меѓу Универзитетските интелектуалци на периодот беа Вилијам Гроцин,кој придонесе за повторното заживување на Грчкиот јазик и Џон Колет ,познатиот библиски интелектуалец. Со подобрувањето и кршењето на врските со Римокатоличката црква, Католичките Дисидентски интелектуалци од Оксфорд побегнаа во континентална Европа, населувајќи се особено на Универзитетот во Дуеј.Методот на предавање на универзитетот беше трансформиран од средниот Образовен метод во Ренесансно учење, сепак институциите поврзани со универзитетот претрпеа загуби на земја и приходи. Во 1636 година, Канцеларот Вилијам Лауд, архибискуп на Кантербери, ги кодифицира универзитетските статути;овие во голема мера останаа универзитетските владини прописи сè до средината на 19 век. Лауд исто така беше одговорен за субвенционирање на издавањето на безбедносни привилегии за Оксфордскиот Универзитетски печат и тој даде значајни придонеси за библиотеката Бодлеиан,најголемата библиотека на универзитетот.
Универзитетот беше центар на Ројалистичката Партија за време на Англиската Граѓанска Војна (1642-1649)година, додека градот ги поддржа парламентарците од опозицијата.[7] Од средината на 18 век па натаму, сепак Универзитетот Оксфорд зазема мало учество во политички конфликти.
Средниот 19 век го проследи влијанието на Оксфордското движење(1833-1845)година,предводено меѓу другите од иднината Кардинал Њуман.Влијанието на реформираниот модел на Германскиот универзитет го достигна Оксфорд преку клучните интелектуалци како Бенџамин Џовет и Макс Милер. Административните реформи за време на 19 век вклучија заменување на усните испити со писмени приемни тестови,поголема толеранција за религиските несогласувања и oсновање на четири женски колеџи.Одлуките на Личниот Совет во дваесеттиот век(како што се принудното укинување на дневната литургија,дистанцирање на професорот по хебрејски од свештеничкиот статус,одвраќање од теолошкото наследство за колеџите за други цели)разлабавување на врските со традиционалните верувања и вежби.Сепак акцентот на универзитетот традиционално беше на класично знаење,неговиот наставен план се прошири во текот на 19 век за да опфати научни и медицински студии. Средината на 20 век беше проследена со истакнати континентални научници,преселени од Нацизмот и Комунизмот во Оксфорд. Списокот на различните студенти на Оксфорд е долга и вклучува многу што имаат дадено поголеми придонеси за Британските политики,науките,медицината и литературата. Повеќе од четириесет Нобелови поети и повеќе од педесет светски водачи се здружени во Универзитетот Оксфорд.
Образованието на жените
уредиУниверзитетот добива Статут во 1875 година ,овозможувајќи им на своите делегати да направат подготвителни и конечни тестови,[8] приближно за додипломско ниво.Првите четири колеџи за жени беа основани благодарение на активизмот на Здружението за промоција на Високото Образованието на Жената.Лејди Маргарет Хол(1878 година) потоа ,Колеџот Самервил во 1879 година, првите 21 студенти од Самервил и ЛМХ следеа предавања во простории над Оксфордската пекарница.[8] По првите два колеџи за жени следеа Свети Хју во (1886 година),Свети Хилда (1893 година) и Колеџот Свети Ана (1952 година).[9][10]
Оксфордската мисла долго беше сметана за бастион на машката предност и квоти со женски студенти ,беа формирани од Универзитетските професори во 1927 година,со утврдување на уписот на жените за околу четвртина од вкупниот број ,владејачката класа не се укина сè до 1957 година. Жените имаа потполно право да бидат рамноправни членови на универзитетот и можеа да дипломираат од седми Октомври 1920 година.Женските факултети се здобија со статус во 1959 година. Пет ,претходно машки колеџи ,станаа мешани (машки и женски)колеџи ,во 1974 година.Од 2008 година,кога Колеџот Свети Хилда го прими првиот машки студент ,сите колеџи на Оксфорд станаа мешани.Во 1988 година ,40% од додипломците на Оксфорд беа женски ,соодносот сега е околу 48:52 во прилог на мажите.
Организација
уредиКако колегијален универзитет,структурата на Оксфорд може да биде збунувачка за оние кои не ја познаваат.Универзитетот е федерација:опфаќа преку четириесет самостојни колеџи и сали ,со централна администрација под раководство на Про-Декан .Универзитетските катедри се сместени централно во оваа структура;тие не се здружени со кој било посебен колеџ.Катедрите овозможуваат средства за предавање и истражување,утврдување на наставната програма и упатства за предавањата на студентите,спроведување на истражувања и одржување предавања и семинари.Колеџите ги организираат менторските часови за нивните студенти.Членовите на Универзитетските катедри се распределени низ многу колеџи;сепак одредени колеџи имаат израмнување на предмети(пр:Колеџот Нуфилд е центар за општествени науки),овие се исклучоци и повеќето колеџи ќе имаат разновиден микс од академици и студенти од различен избор на предмети.Средствата како библиотеки се овозможени на сите нивоа:од централниот универзитет (Бодлеиан),од страна на катедрите(одделните библиотеки на катедрите,како што се Англиската Факултетска Библиотека)и од колеџите(секојшто одржува мулти-дисциплинарна библиотека за користење од страна нејзините членови).
Централно раководство
уредиОфицијален шеф на универзитетот е Деканот (моментално Лорд Патен од Барнс), како и со многу Британски универзитети, Деканот е номинален водач, повеќе од некои кои секојдневно работат на универзитетот. Деканот е избран од членовите на Советот, тело кое се состои од сите дипломирани на универзитетот и таму имаат кабинет до крајот на нивниот живот.[11]
Про-Деканот, во моментот Ендрју Хамилтон,[12][13] е де факто шеф на универзитетот.Пет Про-Вице–Декани имаат специфични одговорности за Образување;Истражување;Планирање и Ресурси;Развој и Надворешни Прашања;и Кадар и Еднакви Можности.Универзитетскиот Совет е главно тело за создавање политики ,којшто се состои од Вице Декан како и шефови на катедри и други членови избрани од Сенатот, во согласност со експертите од Сојузот на Студентите.Унуверзитетскиот Сенат , „парламентот на универзитетските професори”,се состои од над 3,700 членови на Универзитетот и административен персонал и има најголема одговорност за правните работи:расправа и ги прогласува политиките предложени од Советот на Универзитетот.Оксфорд и Кембриџ (кои се слично структуирани )се единствени за оваа демократска форма на раководство.
Двајца Универзитетски професори(лица одговорни за испит),кои се избираат секоја година на основа на смена од два колеџи ,се внатрешни народни правобранители кои вршат проверки дали универзитетот и неговите членови се придржуваат до неговите статути.Функцијата вклучува студентска и социјална помош и дисциплина,како и надзор врз универзитетското работење.Групата Универзитетски професори се нарекуваат Законски(Статутарни)Професори на универзитетот Оксфорд.Тие се посебно влијателни во работата на дипломските програми на Универзитетот.Примери за статутарни професори се Групата Професори Чичел и професорот Драмонд за Политичка Економија.Различните академски факултети ,катедри и институции се организирани во четири поделби,секоја со нејзиниот раководител и изгласан одбор.Тоа се Хуманистичките Поделби ;Социјалните Научни Поделби;Математичките;Физичките и Животно Научните Поделби;и Научно Медицинските Поделби.
Колеџи
уредиНа Универзитетот Оксфорд има 39 факултети и 5 Постојани Приватни Сали ,секоја со својата внатрешна структура и активност. Сите тамошни студенти ,и поголемиот дел академски персонал ,мора да бидат членови на колеџ или сала и на универзитетот.Раководителите на Оксфордските колеџи се познати по различни титули ,според колеџот ,вклучувајќи ректор,декан,претпоставен,директор,ректор,магистер или професор.Факултетите се здружуваат заедно во„ Конференција на Колеџите”за да расправаат за политиките и да преговараат со Централната администрација на Универзитетот.Членовите на колеџите (колеги и професори)се колективно и поблиско познати како наставни професори(сепак терминот ретко го употребуваат самите членови на универзитетот).Во согласност со просториите за работа и уредите,Колеџите нудат социјални,културни и рекреативни активности за нивните членови.Колеџите имаат одговорност за признавање на студентите и организирање на нивната настава;за дипломираните ,оваа одговорност паѓа врз катедрите. Предавања и дипломи Дипломи на Универзитетот во Оксфорд и Список на Професори на Универзитетот во Оксфорд Додипломската настава се заснова на менторска работа, каде 1-4 студенти поминуваат час со ментор разговарајќи за нивната работа ,обично есеј(хуманистички ,многу општествени науки,математички,физички и науки за животот)или распространети проблеми(повеќе математички,физички,науки за животот и некои општествени науки).Студентите обично имаат еден или повеќе ментори неделно,и може да бидат поддучувани од професори од некој друг колеџ –не само тие самите ,како што бара стручноста и кадарот.Овие ментори се надополнети од предавања,часови и семинари,кои се органирани од страна на катедрите.Дипломираните студенти обично добиваат инструкции преку часови и семинари,иако таму се повеќе фокусирани на поединечно истражување. Универзитетот самиот по себе е одговорен за спроведување испити и доделување дипломи.Положувањето на двете групи испити е предуслов за прв степен. Првата група испити ,наречен „Чесни Модерации”( „Умерени”и„ Почитувани Умерени”)или прелиминарни испити ,обично се спроведуваат на крајот на првата година(по два семестри за оние кои студираат Право,Теологија,Филозофија и Теологија,Експериментална Психологија или Психологија,Филозофија и Физиологија или по пет семестри за Класични студии). Втората група испити,Конечните,се спроведуваат на крајот на додипломските студии.Успешните кандидати се здобиваат со прво-високо или нисковторо –или трето ниво ,засновани на нивните резултати од конечните испити.Второто високо ниво е највообичаениот резултат ,а првиот е генерално предуслов за дипломски студии. „Двојното прво”ги покажува резултатите од првата класа од двата испита,прелиминарните и конечните.Академски степен магистер и докторски се дипломирани во сите предмети учени на дипломските студии на универзитетот.Традиционално,дипломираните студенти од втор степен се квалификувани, по седум години од запишувањето на факултет и без дополнителни студии ,да добијат минимална школарина повисок степен во нивната диплома во„ МА” или Магистер за Хуманитарни Науки.Сите Магистри беа членови на Советот и сè до 1913 година ,сите членови на Советот беа членови на Универзитетското Собрание.Магистрите како членови на Советот ,го избраа Деканот и Професорот по Поезија ,но претходно Советот се прошири за да се состои од сите дипломци.
Академска година
уредиАкадемската година е поделена на три тримесечја/семестри,утврдено е од Регулативите. Семестарот Свети Архангел трае од октомври до декември;Семестарот Хилари,(летниот семестар) трае од јануари до март и (Тринити) летниот семестар трае од април до јуни.Во рок од овие семестри,Советот утврдува за секоја година период од осум недели, наречен Полно Тримесечје,за време на кое се одржуваат додипломските предавања.Овие тримесечја се пократки од оние на многу други Британски Универзитети.Исто така се очекува студентите добро да се подготват за време на трите празници(познати како Божиќни,Велигденски и долгите одмори). Внатрешно барем,датумите во семестарот се често обележани со бројни наводи за почетокот на секое полно тримесечје,според тоа првата недела од кое било тримесечје се нарекува„ 1ва недела”а последната е„ 8ма недела”.Одбројувањето на неделите продолжува до крајот на семестарот и почнува повторно со одбројување наназад од почетокот на следното тримесечје,со„ минусирање на првата недела ”и„ нула недела”,која и претходи на„ 1ва недела”.Неделите почнуваат во Недела.Студентите мора да бидат во домовите од Четврток во „0 недела”.
Традиции
уредиСвечената универзитетска облека е сè уште вообичаено присутна на Оксфорд;се до 1960 тите години студентите секогаш ја носеа.(Свечена универзитетска облека на Универзитетот во Оксфорд).Останатите традиции и обичаи се разликуваат во зависност од колеџите.
Средства
уредиВо 2005/06 година Универзитетот имаше приход од £608м,и колеџите од £237м(од кои £41м се од Универзитетот).За Универзитетот главните извори беа ХЕФЦЕ (£166м)истражувачкиот гранд (£213м).За колеџите,најголемиот посебен извор беа потпомагањата и каматите (£82м) и наплатите од домовите(£47м).Додека Универзитетот го има најголемиот тековен буџет ,колеџите имаат далеку поголеми вкупни субвенции,од околу £2.7бн споредено со оние на Универзитетот £900м. Универзитетот исто така во мај 2008 година,спроведе кампања за собирање средства,наречена Оксфорд Мисли –Кампањата за Универзитетот во Оксфорд.Со најмала цел од £1.25 милијарди,кампањата се стреми да поддржи три оддели:академска пошта и програми,поддршка за студентите и градби и инфраструктура.
Упис
уредиПостапка Постапката за упис на студентите е преземена од поединечните колеџи,кои работат меѓусебно за да обезбедат дека најдобрите студенти добиваат место на Универзитетот ,без оглед на тоа кој колеџ ќе го изберат.Селекцијата се заснова на постигнатите и предвидените резултати од испит;Кандидатска- доставена писмена работа,училишни препораки,интервјуа,кои се направени помеѓу кандидатите и факултетските професори;и по некои предмети писмени приемни тестови кои му претходат на итервју.Потенцијалните студенти аплицираат преку УЦАС системот за пријавување ,исто како и повеќето Британски Универзитети,но (согласно со кандидатите за Кембриџ)мора да почитуваат поран краен рок.
Поради големиот број апликации и директното вклучување на факултетот во уписите,на студентите не им е дозволено да аплицираат во иста година и на двата,Оксфорд и Кембриџ,со исклучок на кандидатите за Државна Стипендија и оние кои аплицираат за втори додипломски студии. Децентрализираните колеџи засновани на постапката за уписи имаат потреба од голем број механизми за да обезбедат дека на најдобрите студенти им се понудени уписи на Универзитетот ,без оглед на тоа дали колеџот на кој тие претходно аплицирале,може да ги прими.Како такви колеџите можат да здружат кандидати на други колеџи ,каде кандидатите може да бидат интервјуирани и/или да им бидат понудени уписи на друг колеџ.Некои насоки може да направат „слободни понуди”за некои кандидати ,кои не се приврзни за одреден колеџ сè до Ниво А ,денот на објавување на резултатите во август. Од 2007 година,колеџите,факултетите и катедрите објавија„заедничка конструкција”испишувајќи кратка содржина за принципите и постапките кон кои тие се придржуваат. Дипломците и постдипломците,во нивните апликации можат да ги наведат колеџите кои ги претпочитаат.За додипломците,поголем број катедри практикуваат преместување на друг колеџ,за да обезбедат дека соодносот помеѓу потенцијалните студенти и бројот на слободните места на колеџите е колку што е можно поеднообразен.Студентите кои избрале колеџ на кој нема слободни места,се преместени на оние колеџи на кои има помал број пријавени за нивните предмети. Генерално,студенти со какво било образование се охрабрени да аплицираат затоа што многу фактори покрај научното постигнување се земени во обзир за време на Строгата Постапка за Упис. За Катедрата за Физика,преместувањето се врши така што се заснова на случаен избор откако краток список на кандидати се извлечени и претходно се повикани на интервју на универзитетот. Како резултат на ова, на крај колеџот му нуди на кандидатот место да следи предмет којшто можеби нема да биде оној за кој тој/таа на почетокот аплицирал/ла. За постдипломски уписи ,многу колеџи претпочитаат кандидати кои ќе работат на истражување во областа на интерес на еден од неговите колеги.На пример,Колеџот Свети Хју објавува дека прима постдипломци во повеќето предмети,претежно оние од областа на интерес на колегите на колеџот.Можеби како последица од ова,не е реткост за постдипломец да биде член на неговиот/нејзиниот ментор на труд ,сепак ова не е официјално барање на универзитетот.За постдипломците,уписот прво се спроведува од релевантната катедра а потоа од колеџ. Музеј на природознание на Универзитетот во Оксфорд
Пристап
уредиПокрај тврдењата на универзитетот дека неговите политики за уписи ја избегнуваат пристрасноста против кандидатите за сигурни социоекономски или образовни услови,правичноста на уписите на Оксфорд продолжи да привлекува значајна јавна расправа низ епизодите како Лаура Спенс во 2000 година.Влезот во Оксфорд останува централен фокус за многу приватни селектирани-јавни училишта и недостатокот на повеќе претставителни социјални мешавини на универзитетот останува точка на национална расправа.Во 2007 година,Универзитетот ја подобри постапката за уписи,за да го земе во обзир академското постигнување на кандидатот. Студентите кои аплицираат од државните училишта и колеџи имаат споредлив степен на прием од оние од приватните училишта(25% и 32% од кандидатите примени по наведениот редослед во 2006 година).Сепак повеќето кандидати кои се примени од државните училишта доаѓаат од „елитна граматика”и селективни училишта ,отколку средните училишта.Околу половина од апликациите доаѓаат од државниот сектор и Универзитетот во Оксфорд презема иницијативи за да привлече кандидати од овој сектор,вклучувајќи ги новите УНИК Летни Училишта,Младите Амбасадори на Оксфорд, Училишта Таргет и пристапна иницијатива ФЕ.Повеќето колеџи исто така спроведуваат нивни шеми и иницијативи за пристап.
Најстариот музеј во Британија — Ешмоловиот Во 2002 година,Универзитетот во Оксфорд наложи истражувачки проект под покровителство на професор Ентони Хит.Околу 2000 кандидати за упис учествуваа во проектот;околу една третина од нив беа примени.Од проектот произлезе дека,ако ништо друго,професорите кои ги спроведуваат уписите ,повеќе ги претпочитаат кандидатите од државните училишта отколку кандидатите од приватните училишта со исти достигнувања.Истражувањето исто така укажа на тоа дека одбивањата беа оправдани бидејќи на учениците од приватните училишта им требаат повисоки оценки при упис ,како нивните колеги од државните училишта,на конечните испити на универзитетот.На крај, истражувањето докажа дека кандидатите за хуманитарните науки имаат предност на уписите кога прикажуваат високи новоа на културен капитал. Возрасните и вонредните студенти се поддржани од Катедрата за продолжување на Образованието на Универзитетот Оксфорд.
Стипендија и финансиска поддршка
уредиПостојат многу можности за студентите на Оксфорд да добијат финансиска помош за време на нивното студирање.Оксфордските Можности за Стипендии,воведено во 2006 година,се универзитетски –далеку-значајни стипендии достапни за секој студент во Британија.Со целокупниот можен грант од £ 10,235 преку трите студиски години,е највеликодушната шема за стипендија,понудена од кој било Британски Универзитет.Сепак поединечните колеџи исто така нудат стипендии и средства за да им помогнат на нивните студенти.За постдипломски студии,постојат многу стипендии поврзани со Универзитетот ,достапни за студентите со секаков вид образование,од стипендијата Родос до новата стипендија Вајденфилд. Студентите кои успешно ги поминале првите испити се наградени од нивните колеџи со стипендија,обично резултатот од долготрајното субвенционирање,сепак кога школарината прво беше укината,достапната сума на пари стана сосема незначителна.Студентите кои добиваат стипендија во некои колеџи ,имаат право да носат пообемна додипломска наметка; „обичните луѓе”(оние кои треба да платат за нивната „заедничка ризница”,или храна и сместување)се ограничени на облека без ракави.Терминот „научник”во однос на Оксбриџ,понатаму има специфично значење како повеќе општи значења на некои на истакнати академски сособности.Во изминатиот период постоеја „благородни обични луѓе”и „џентлмени обични луѓе”;но овие редови беа укинати во 19 век. „Затворени”стипендии ,достапни само за кандидатите кои исполнуваат специфични услови како што се доаѓање од специфични училишта,постојат сега само по име. Од формирањето на Црквата на Англија сè до 1866 година,членството на црквата беше барање за добивање на диплома од Оксфорд и „дисидентите”можеа само да добијат МА во 1871 година.Познавањето на Старите Грци беше потребно се со 1920 година и Латините со до 1960 година.Жените беа примени во 1920 година.
Збирки
уредиБиблиотеки Централната истражувачка библиотека на Оксфорд е Бодлеиан,основана од Господин Томас Бодлеиан во 1598 година и отворена во 1602 година.Со над 8 милиони тома сместени на 117 милји (188 км)на рафтови,е втората по големина библиотека во Обединетото Кралство,по Британската Библиотека.Таа е задолжителен примерок библиотека,што значи дека е овластена да побара слободна копија од секоја книга објавена во Обединетото Кралство.Како таква ,нејзината збирка расте по стапка од над три милји (пет километри)на рафтови ,секоја година.Нејзината главна централна страна се состои од Редклиф Камера ,Стариот Школски Четириаголник ,Зградата Кларендон и новата Зграда на Бодлеиан.Тунел под „Широка Улица” ги поврзува зградите.Се прават планови да се изгради ново складиште за книги во Осни Мид,и да се реконструира новата зграда на Бодлеиан ,за подобро да се покажат разновидните богатства на библиотеката (кои ги вклучуваат ,Првото Фолио на Шекспир и Библијата на Гутенберг)како и привремени изложби.Повеќе други библиотеки ,како што се Бодлеиан Правна Библиотека ,Библиотеката Индиски Институт ,Научна Библиотека Редклиф и Библиотеката Ориентален Институт,исто паѓа во надлежност на Бодлеиан. Како Бодлеиан има многу други стручни библиотеки во ОКсфорд,како Библиотеката Саклер која поседува класични збирки.Сепак,повеќето академски катедри одржуваат нивни сопствени библиотеки,како што прават сите колеџи.Целокупната збирка на Универзитетот е компилирана од Системите за Информации на Библиотеката во Оксфорд,водството на кој е Библиотекарот на Бодлеиан,е владино административно тело одговорно за библиотеките во Оксфорд.Моментално Бодлеиан е ангажирана во проект на масовна-дигитализација со Гугл.
Музеи
уредиОксфорд одржува голем број музеи и галерии во прилог на неговите библиотеки. Ешмоловиот музеј е основан во 1683 година ,е најстариот музеј во Обединетото Кралство и најстариот Универзитетски музеј во светот.Тој содржи значајни збирки на уметност и археологија,вклучувајќи ги дела на Микеланџело, Леонардо Да Винчи,Тарнер,Пикасо, како и богатства како што се Скорпион Мејсхед,Париан Марбл и Алфред Џувл.Исто така во него се наоѓа и„Месиа ”,недопрена виолина Страдивариус,која се смета како една од најдобрите примероци во постоењето. Музејот повторно е отворен во ноември 2009 година ,по £49м реконструкција,двојно зголемувајќи го просторот за изложба како и обезбедување нови средства. Музејот за Природознание ги содржи Универзитетските примероци од анатомија и природонаука. Тој е сместен во голема нео-Готска зграда на„Паркс Роад”,во Научниот Оддел на Универзитетот.Во неговата збирка се и скелетите од Тираносаурус Рекс и трицерапторс и нај комплетните останки од „Додо”пронајдени каде било во светот.Исто така е домаќин на Професорите Симони на Јавното Разбирање на Науката,во моментот водено од Маркус Ду Саутој. Музејот на природознание се граничи со Музејот Пит Риверс,основан во 1884 година,кој ги изложува археолошките и антрополошките збирки на Универзитетот,моментално содржи над 5оо,ооо предмети.Неодамна беше изграден нов истражувачки анекс ;неговиот персонал беше вклучен во предавањата по антропологија на Оксфорд од неговото основање ,кога како дел од неговиот прилог Генерал Августус Пит Риверс наложи Универзитетот да формира доцентура по антропологија. Музејот на Историја на Наука се наоѓа на„ Брод Стрит ”во најстарата светска –преостаната наменска зграда на музејот.Содржи 15,000 артефакти,од древност до 20 век,претставувајќи ги речиси сите аспекти на историјата на науката.Во Музичкиот факултет на улица Алдејтс е колекцијата Бејт на Музички инструменти ,колекција која што најмногу содржи инструменти од Западна класична музика,од средновековниот период па наваму.Ботаничката Градина е најстарата ботаничка градина во Обединетото Кралство и третата по ред најстара ботаничка градина во светот.Содржи претставници од над 90% од светските фамилии на виши растенија.Галеријата со слики од Христијанската Црква поседува збирка од над 200 дела на стари мајстори.
Углед
уредиВо предметните табели на Добар Универзитетски Водич 2008 година,Оксфорд се наоѓа на врвот во Обединетото Кралство со Кембриџ на второ место.Оксфорд е на прво место во Политички,Физиолошки Науки,Англиски,Ликовна Уметност ,Студии по Бизнис,Блискиот Исток и Африкански Студии,Музика,Филозофија и исто така Образовни и Лингвистички ,кои го дели првото место со Кембриџ.Оксфорд е на второ место ,по Кембриџ во дополнителни седумнаесет теми.Универзитетот освои трипати трето место и еднакво трето,како и четврто петто и еднакво-шесто место по секој предмет. Во предметната табела на Гвардиан за институции (универзитети од чии потенцијални студенти се очекува да освојат 400 или повеќе бодови)Оксфорд освои прво место по Анатомија и Физиологија,Антропологија,Био-Науки,Студии по Бизнис и Менаџмент,Земјата и Морски Науки,Економски,Англиски,Право,Материјален и Минерален Инженерство,Современи Јазици,Музика,Политика,Психологија и Социологија.Оксфорд е на второ место по Кембриџ во Географија,Археологија,Класични студии ,Историја,Историја на Уметност,Математика,Филозофија,Теологија и Религиозни Студии.Оксфорд е на второ место во Генерален Инженерство и на трето место во Ликовна Уметност,Генерален Инженерство и Физика;четврто место во Хемија и Медицина;второ место во Компјутерски Науки и ИТ.
Наводи
уреди- ↑ „Preface: Constitution and Statute-making Powers of the University“. University of Oxford. Архивирано од изворникот 4 January 2014. Посетено на 4 January 2014.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Introduction and History“. University of Oxford. Архивирано од изворникот 20 October 2014. Посетено на 21 October 2014.
- ↑ Catto, J. I., уред. (1984). „2 The University as a Corporate Body“. The History of the University of Oxford. Volume I: The Early Oxford Schools. Oxford University Press. стр. 49. ISBN 978-0-19-951011-5.
- ↑ Salter, H. E.; Lobel, Mary D., уред. (1954). „The University of Oxford“. A History of the County of Oxford: Volume 3: The University of Oxford. London: Victoria County History. стр. 1–38. Архивирано од изворникот 16 January 2014. Посетено на 15 January 2014.
- ↑ H. Rashdall, Universities of Europe, iii, 55–60.
- ↑ Christopher Brooke, Roger Highfield. Oxford and Cambridge.
- ↑ „Civil War: Surrender of Oxford“. Oxfordshire Blue Plaques Scheme. Oxfordshire Blue Plaques Board. 2013. Посетено на 30 December 2015.
- ↑ 8,0 8,1 Frances Lannon (30 October 2008). „Her Oxford“. Times Higher Education. Архивирано од изворникот 2 January 2014. Посетено на 27 March 2013.
- ↑ „St Anne's History“. St Anne's College, University of Oxford. Архивирано од изворникот на 28 April 2014.
- ↑ „St. Anne's College“. british-history.ac.uk. Архивирано од изворникот 2 October 2018. Посетено на 2 October 2018.
- ↑ „The Oxford University Calendar 1817“. 24 June 2017 – преку Google Books.
- ↑ „Declaration of approval of the appointment of a new Vice-Chancellor“. Oxford University Gazette. University of Oxford. 25 June 2015. стр. 659. Архивирано од изворникот 30 June 2015. Посетено на 28 June 2015.
- ↑ „New Vice-Chancellor pledges 'innovative, creative' future for Oxford“. News and Events. University of Oxford. 4 January 2016. Архивирано од изворникот 7 January 2016. Посетено на 6 January 2016.
Поврзано
уредиКанцелар: Лорд Патерн од Барнс • Вицеканцелар: Д-р Џон Худ
Колеџи: Бејлиалов • Брејзноуз • Водемов • Вулфсонов • Вустерски • Гринов • Екстер • Задушнички • Исусов • Кеблов • Келогов • Крајст Черч • Краличин • Корпус Кристи • Леди Маргаретова хала • Линејрков • Линколнски • Магдаленин • Менсфилдов • Мертонов • Нафилд • Нов колеџ • Ориел • Пембрушки • Св. Анин • Св. Антониев • Св. Катеринин • Св. Крстов • Св. Јованов • Св. Петров • Св. Едмунодва хала • Св. Хилдин • Св. Хјуов • Сомервилов • Темплтонов • Тројствен • Универзитетски • Харис Манчестер • Хертфордов
Постојани приватни хали: Блекфрајарс • Виклифова хала • Грејфрајарс • Регентов парк колеџ • Кемпионова хала • Св. Бенетова хала • Св. Стефанова куќа
Категории: Универзитет • Канцелари • Колеџи • Катедри • Професори • Алумни