Арнолфо ди Камбио

италијански архитект и вајар

Арнолфо ди Камбио (италијански: Arnolfo di Cambio; ок. 1240 – 1300/1310) — италијански архитект и вајар. Ја проектирал Фирентинската катедрала, нејзините украси и шестиот градски ѕид на Фиренца (1284–1333),[1] а во вајарството се истакнал со споменици на кардинали и папи.[2]

Арнолфо ди Камбио
Arnolfo di Cambio
Биста на Арнолфо ди Камбио во родното Коле ди Вал д'Елса
Роден(а)1232/1240
Коле ди Вал д'Елса
Починал(а)8 март 1302(1302-03-08)/1310
Фиренца
НационалностИталијанец
Реконструкција на изворната фасада на Фирентинската катедрала осмислена од Арнолфо ди Камбио.

Животопис

уреди

Арнолфо е роден во Коле Вал д'Елса, Тоскана.

Работел како главен помошник на Никола Пизано во изработката на проповедница на Сиенската катедрала (1265–1268), но набргу почнал со самостојна работа на важни скулптури во гробници. Во 1266–1267 г. работел во Рим за кралот Карло I Анжујски, и го извајал во познатата статуа сместена во Кампидољо. Околу 1282 г. го завршил споменикот на кардиналот Гијом де Бре во црквата „Св. Доминик“ во Орвјето, вклучувајќи устоличена Богородица (Маеста) која ја работел по урнек на статуа на римската божица Абунданција; тијарата на Богородица и скапоцените камења на неа ја подражаваат онаа на божицата.[3] Во Рим Арнолфо имал прилика да ја проучи козматската уметност, и нејзиното влијание е забележливо во интарзијата и разнобојните стаклени украси во базиликата „Св. Павле надвор од ѕидините“ и црквата „Св. Кикилија во Трастевере“, каде работел во 1285 и 1293 г. Во овој период работел и на божиќните јасли на базиликата „Голема Богородица“ (Санта Марија Маџоре), на црквата „Пресв. Богородица на Небесниот жртвеник“ (Арачели), на споменикот на папата Бонифациј VIII (1300) и бронзената статуа на апостол Петар во базиликата „Св. Петар“ во Рим.

Во 1294–1295 г. работел во Фиренца, претежно како архитект. Според биографот Џорџо Вазари, тој бил главен мајстор на градската катедрала, за која изработил разни статуи кои некогаш го краселе долниот дел на фасадата, но бил уништен во 1589 г. Преостанатите статуи денес се изложени во Музејот на делата на Катедралата. Му се припишува и Базиликата на Светиот Крст (Санта Кроче), но ова тврдење е многу оспорено. Вазари му го припишува и урбанистичкиот план на новиот град Сан џовани Валдарно.

Монументалниот карактер на делата на Арнолфионо оставиле траен белег врз изгледот на Фиренца. Неговите погребални споменици станале пример за готрската погребална уметност.

Џорџо Вазари ја обработил неговата биографија во делото „Животите на најизвонредните сликари, вајари и архитекти“.

Данте Алигиери го почестил Арнолфо, споменувајќи ја Битката кај Коле Вал д'Елса (1269) двапати во книгата „Чистилиштето“. Данте се запознал со архитектот додека работел на Фирентинската катедрала, а подоцна и кога Данте служел како приор (црковен настојник) на градот во 1300 г.[4]

Избрани дела

уреди

Архитектура

уреди

Вајарство

уреди

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Firenze-Oltrarno.net: City Walls“.
  2. Oxford illustrated encyclopedia. Judge, Harry George., Toyne, Anthony. Oxford [England]: Oxford University Press. 1985–1993. стр. 22. ISBN 0-19-869129-7. OCLC 11814265.CS1-одржување: друго (link)
  3. Roberto Weiss, The Renaissance Discovery of Classical Antiquity (Oxford: Blackwell) 1973:14 note 2.
  4. Lombardi, Giancarlo (2022). L'Estetica Dantesca del Dualismo (италијански). Borgomanero, Novara, Italy: Giuliano Ladolfi Editore.
  5. Heck, Johann Georg (1856). The Art of Building in Ancient and Modern Times, Or, Architecture Illustrated. 1. D. Appleton. стр. 182.
  6. Norman, Diana (1995). Siena, Florence, and Padua: Case studies. Yale University Press. стр. 43. ISBN 9780300061260.
  7. Thomson de Grummond, Nancy (11 May 2015). Encyclopedia of the History of Classical Archaeology. Routledge. стр. 84. ISBN 9781134268542.
  8. Gardner, Julian (March 1972). „The Tomb of Cardinal Annibaldi by Arnolfo di Cambio“. The Burlington Magazine. Burlington Magazine Publications Ltd. 114 (828): 136–141. JSTOR 876902.
  9. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  10. Gilbert, Creighton (1972). History of Renaissance Art: Painting, Sculpture, Architecture Throughout Europe. H.N. Abrams. стр. 24. ISBN 9780810901698.
  11. Krén, Emil; Marx, Daniel. „Tomb of Cardinal de Braye“. Web Gallery of Art. Посетено на 26 September 2018.

Извори

уреди
  • Tomasi, Michele (февруари 2007). „Lo stil novo del Gotico italiano“. Medioevo (121): 32–46.

Надворешни врски

уреди