Брезница (Кресненско)

село во Кресненско, Пиринска Македонија
(Пренасочено од Горна Брезница)

Брезница (бугарски: Брезница, од 1971 г. офиц. Горна Брезница,[2]) — село во Горноџумајско, Пиринска Македонија, во состав на денешната Општина Кресна на Благоевградската област, југозападна Бугарија.[3]

Брезница
Брезница is located in Бугарија
Брезница
Брезница
Местоположба во областа
Брезница во рамките на Пиринска Македонија
Брезница
Местоположба на Брезница во Општина Струмјани и Благоевградската област
Координати: 41°45′N 23°7′E / 41.750° СГШ; 23.117° ИГД / 41.750; 23.117
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаКресна
Површина
 • Вкупна68,023 км2 (26,264 ми2)
Надм. вис.&10000000000000498000000498 м
Население (2024)
 • Вкупно527 [1].
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2842

Историја

уреди

Отоманско Царство

уреди

Во текот на XIX век, селото било во составот на Петричката каза на Серскиот Санџак на Отоманското Царство.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 300 Македонци и 460 муслимани.[4][5]

За време на Балканските војни, во 1913 година селото било окупирано и запалено од страна на грчката армија.

Бугарија

уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Во 1923 година била осветена црквата „Свети Атанасиј“.[6]

Александар Климов, роден во село Ложани, Струшко, живеел и бил погребан во селото.Тој учествувал како војвода во Илинденското востание и бил осуден на 101 години затвор од османлиската држава по неговото задушување. Се населил во селото Горна Брезница во 1918 година, каде што бил поставен за учител. Во 2003 година во негова чест во селото бил подигнат споменик, по повод 100 години од избувнувањето на востанието.

Географија и местоположба

уреди

Брезница се наоѓа на околу 5 километри северозападно од центарот на градот Кресна низ кој минува главниот пат Е-79 и приближно 30 километри јужно од центарот на градот Благоевград, во подножјето на Малешевските Планини.

Население[4][7]

уреди
Население на Брезница по попис[7]
Година
Год 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011
Жители 1027 1195 1244 1327 1259 964 941 791 564
Население по возраст
од 2011 година
[8]:

Според пописот на населението од 2011 година, етничкиот состав на селото е следниот:[9]

Број на население
Вкупно 564
Бугари 453
Турци -
Роми -
Останати -
Не се определиле -
Без одговор 108

Личности

уреди
Починати

Наводи

уреди
  1. www.grao.bg
  2. Николай Мичев, Петър Коледаров. „Речник на селищата и селищните имена в България 1878–1987“, София, 1989.
  3. Guide Bulgaria, Accessed May 5, 2010
  4. 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 188.
  6. Сандански, Борис (2003). Кратка енциклопедия „Кресненски край“. Сандански: Рея 99. стр. 258–259. ISBN 954-90006-1-3.
  7. 7,0 7,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul. Архивирано од за населението на с. Горна Брезница, общ. Струмяни, обл. Благоевград изворникот Проверете ја вредноста |url= (help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно |title= (help)
  8. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  9. Попис на населението од 2011 година

Надворешни врски

уреди