Горан
Горан — старо словенско машко име, настанато од именката гора. Во вистинска смисла означува оној кој е роден во шума, планина, но и оној кој е голем и силен. Се претпоставува дека во минатото е извадено од името Горислав, а по некои етимолози од името Георгије [1]. Исто така, постои мислење дека има и грчко потекло[2][3]. Името постои во Србија, Хрватска, Македонија и Словенија [4], но и во Шведска (се пишува Göran) и значи „фармер“[5]. Во оваа земја се слави и именден на 23 април [6].
Популарност
уредиВо изминатите векови ова име во Србија било многу ретко, но во втората половина на XX век стана популарно и распространето во сите краишта на земјата. Во периодот од 2003 до 2005 било 71-во по застапеност, а во Македонија во 2011. имало 12.392 луѓе под ова име и е на четвртото место. Во Словенија во 1993, 1995 и 1997 било меѓу првите сто. Во јужна Австралија во 2004 било на 501-вото место.
Изведени имиња
уредиОд ова име се изведени имињата Гора, Горана, Горе, Гого, Горица и Горјанка.[1] Горе како име се јавува во англискиот јазик и има необично значење „триаголна земја“, најверојатно се однесува на жител на такво место[7][8][9]. Интересен податок е дека две населени места во САД и едно во Етиопија го носат овој назив[10].
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Петар Стевановић - Ономастикон - име знати изабрати: Горан[мртва врска]
- ↑ -{baby names pedia:}- Горан
- ↑ -{Think Baby Names}-: Горан
- ↑ -{Behind The Name}-: Горан
- ↑ -{baby name facts}-: Горан Архивирано на 4 јануари 2010 г.
- ↑ -{Behind The Name}-: Горан - имендан
- ↑ -{baby name facts}-: Горе Архивирано на 26 декември 2010 г.
- ↑ -{Think Baby Names}-: Горе
- ↑ -{Behind The Name}-: Горе
- ↑ -{baby name facts}-: насељена места са називом Горе[мртва врска]
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |