Глигор Пазавански

Глигор Петров Пазавански (прекар Гоче) ( 1920 во Кратово29 јули 1944 во Штип) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Глигор Пазавански
Gligor Pazavanski.jpg
Роден мај, 1920 година
Кратово, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 29 јули, 1944 година
Штип, Македонија под фашистичка окупација
Националност Македонец
Татко Петре
Мајка Софија
Роднини Брат на Вера Пазаванска

ЖивотописУреди

Израснал во сиромашно занаетчиско семејство. Основното и граѓанското училиште го завршил во Кратово ѝ во 1934 година бил примен на Воената пиротехничка школа во Крушевац. Годините што ги минал во военото училиште и крушевачката средина му дале можност освен пиротехничката вештина да научи уште многу од животот, се запознал со идеите на комунизмот, работничкиот пролетаријат и неговата борба против капитализмот. По завршување на военото училиште стапил на работа на воениот аеродром во Скопје. Преку извршени разни задачи, бил оценет дека е напреден младинец, па со тоа бил примен за член на КПЈ.[1]

Втора светска војнаУреди

По капитулацијата на Кралството Југославија, во 1941 година се вратил назад во Кратово. Бил примен на работа во општината, а подоцна бил назначен за службеник во околискиот суд. Уште веднаш, по враќањето во Кратово, се поврзал со другите другари од детството, како Владо Гаџев, Цветко Тонев, Јове Гичев и други. Со нив работел на формирање партиска организација и активно учествувале во извршувањето на сите поставени задачи. Во својата активност особено се истакнувал во печатењето и умножувањето на летоци, извадоци од весникот „Дедо Иван“, пишување писма и друг пропаганден материјал. Во почетокот, како службеник во судот тајно ја носел дома машината за пишување, а подоцна партиската организација од средствата собрани како црвена помош набавила машина за пишување и му ја доверила нему. Бугарските власти го следеле, сослушувале и честопати вршеле претрес на нивната куќа. Во февруари 1944 година, Бугарите уапсиле поголема група младинци и ги префрлиле во скопскиот затвор. Гоче и другите членови на КПЈ оцениле дека не можат повеќе да останат безбедни во Кратово, па затоа заедно со Јове Гичев и Страхил Досевски преминале на кумановскиот терен (на 16 февруари 1944 година), а на 26 февруари 1944 година се приклучил како борец на Треттатa македонска ударна бригада. Во сите борби се истакнал како добар борец и вешт пиротехничар. Во борбата што ја водела бригадата крај селото Костурино, бил ранет на повеќе места и префрлен во партизанската болница на планината Плачковица. Болницата била откриена, опколена ѝ Гоче со другите болни бил заробен и спроведен во штипскиот затвор.[1] На 29 јули 1944 година без судска пресуда Гоче е стрелан во Штип, на десниот брег на реката Брегалннца, на истото место каде неколку месеци порано, Бугарската полиција ја стрелала ѝ неговата сестра Вера Пазаванска.[1][2]

Во неговиот роден град, Кратово, именувана е улица по неговот име.[3]

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Нивната борба за слобода, наш патоказ за иднината. Кратово: Општински одбор на СЗБ НОВ Кратово. 1985. стр. 47–48.
  2. „Германска бомба го ранила, германски лекар го излекувал по авиобомбардирањето на Штип на 6 април 1941“. ММС. 2019-04-06.
  3. „Податотека:Стара куќа на улица Глигор Пазавански бр. 22, Кратово.jpg“. Википедија.