Григор Бишев (Скопје, 5 април 1958) — македонски банкар, економист и универзитетски професор. Тој е еден од творците на македонската парична единица − денар.[1]

Животопис уреди

Бишев е роден во Скопје на 5 април 1958 година. Во 1980 година завршил економски факултет во Скопје, каде што во 1982 на истиот ги завршува и постдипломските студии во насоката монетарно - кредитна теорија и политика. Во 1985 го одбранил магистерскиот труд: Понудата на пари во современата монетарна теорија. Во 1991 докторирал на темата „Понудата и побарувачката на пари - случајот на Југославија“[2]. Своето образование го доусовршува во Лондонската школа за економија и политички науки во 1995, додека специјализацијата ја имал во 1997 година на Виенскиот институт за споредбени економски студии. Бишев е еден од творците на новата македонска валута и иницијатор и поддржувач на некои од клучните реформи во Македонија. Паралелно со банкарската работа, тој работел и како вонреден професор на Економскиот факултет во Прилеп и професор на постдипломските студии на Економскиот факултет во Скопје. Во периодот од 1997 до 2000 година бил заменик-гувернер на Народната банка на Република Македонија. Потоа, работел како генерален директор на Стопанска банка - Скопје, а потоа и на Шпаркасе банка. Во 2020 година се пензионирал, а потоа бил именуван за член на надзорниот одбор на Шпаркасе банка. Во април 2022 година бил назначен за советник на премиерот Ковачевски, надлежен за „рационализација и оптимизација на процеси“,[3] а во октомври 2023 година бил назначен за претседател на Фискалниот совет.[4]

Научна работа уреди

Бишев има објавено две книги, 207 статии, дискусии и истражувачки студии во професионални и научни магазини во Македонија, Австрија, Бугарија и Словенија. Исто така, учествувал на симпозиуми во земјата и во странство.

Наводи уреди

  1. Богоев, Ксенте (1994). Економска транзициjа: Состоjби, проблеми, преспективи. Македонска академиjа на науките и уметностите.
  2. Tatjana Petkovska Mirčevska (2002). Ekonomski institut-Skopje: 50 godini. Ekonomski in-t.
  3. „Познати се 15-те советници на премиерот Ковачевски“ (пристапено на 20.11.2023)
  4. „„Формиран е Фискален совет, проф. д-р Глигор Бишев е назначен за претседател" (пристапено на 20.11.2023)“. Архивирано од изворникот на 2023-11-20. Посетено на 2023-11-20.

Надворешни врски уреди