Гијом Анри Дiфур (Констанц, 15 септември 1787Женева, 14 јули 1875) — генерал на швајцарската армија, градежен инженер, картограф, политичар и еден од основачите на Црвениот крст.

Гијом Анри Дифур
Guillaume Henri Dufour

Портрет на Дифур од неговата ќерка Ан Октави Л'Арди Дифур (1818-1891), после 1840
Починал14 јули 1875(1875-07-14) (возр. 87)
Женева, Швајцарија
Држава Франција (1810–1815)
 Швајцарија (1817–1875)
РодФранцуска војска
Швајцарска војска
Служба1810–1875
ЧинКапетан (Франција)
Генерал (Швајцарија)
Заповедал соШвајцарска војска
Сојузен уред за топографија
Битки/војниНаполеонови војни
Сондербундска војна
ОдликувањаЛегија на честа
Друга дејностПрофесор по математика, картограф, основачки одбор на Црвениот крст
Потпис

Животопис

уреди

Дуфур е роден во 1787 година во Констанц каде неговите родители Бенедикт и Пернет побегнале по револуционерните немири во Женева во 1782 година. Во 1789 година семејството се враќа во Женева. Од 1807 до 1809 година студирал на Политехничката школа во Париз, а потоа и на техничкото училиште во Мец. Од 1811 година служел во француската царска војска и учествувал во Наполеоновите војни.[1]

Откако Женева и се приклучила на Швајцарската Конфедерација како кантон, Дифур се вратил во Женева каде што работел како градежен инженер проектирајќи неколку висечки мостови, работејќи на уредувае на градскиот брег и раководејќи со создавањето на кантоналниот катастар.[1]

Воена кариера во Швајцарија

уреди

Во 1817 година и се приклучува на Швајцарската федерална армија каде во 1820 година станал потполковник, а во 1829 година полковник. Учествувал во основањето, а подоцна и наставата во Средишното федерално воено училиште во Тун, каде што негов ученик бил и Луј Наполеон Бонапарта, подоцна цар Наполеон III. Во 1832 година бил назначен за врховен командант на Швајцарската армија, најважниот офицер во мирнодопски услови. Во ова својство, тој учествува на седниците на Сојузното собрание. Меѓу другото, му биле доверени задачите да ја подготви војската во случај на нов европски судир, да ја подготви одбраната на Женева во случај на француска инвазија и со воена интервенција да ги смирува судирите меѓу женевските конзервативци и либерали.[1]

На 21 октомври 1847 година Сојузното собрание го назначува за генерал со задача да заповеда со сојузната војска на либералните кантони за време на Швајцарската граѓанска војна. Благодарение на успешните стратешки потези, со минимални жртви, тој успеал за три недели да ги принуди конзервативните кантони на Сондербунд да капитулираат. На своите војници им наредил да почитуваат строги хуманитарни правила.[1] Се обидел да ги избегне обидите на поединци да ја претворат граѓанската војна во верска војна со тоа што забранувал напади од сојузничките војници врз католичките установи. Барал ранетите од непријателската страна да бидат соодветно згрижени, воените заробеници да не бидат изложени на злоставување, туку откако ќе го предадат оружјето и ќе се заколнат дека нема да ја продолжат војната, да им се дозволи да се вратат во своите домови. .

 
Коњанички споменик на генералот Дифур во Женева

За време на револуционерните немири во Големото Војводство Баден бил назначен за врховен заповедник на војската во случај немирите да се прошират на швајцарска територија.

Откако монархистите се обиделе да ја вратат власта во кантонот Нешател во 1856 година прускиот крал Фридрих Вилим IV, поради неуспешните преговори и желбата за враќање на кантонот под пруската круна, ги прекинува дипломатските односи со Швајцарија и наредува мобилизација на пруската војска. На 27 декември 1856 година Гијом Анри Дифур бил избран за генерал по втор пат и ја организирал одбраната на Северна Швајцарија во близина на реката Рајна. На крајот, прускиот крал на барање на Наполеон III. , францускиот цар и пријател на генералот Дифур, се откажува од упад на швајцарска територија.[2]

Граѓански заслуги

уреди
 
Листот XVI од картата на Дифур

Дифур на 17 февруари 1863 година бил поканет на состанок на петмина соработници кои ќе го основаат Меѓународниот одбор за помош на ранетите, кој ќе стане организацијата Црвен крст. За само неколку месеци била организирана првата меѓународна конференција, која ќе постигне голем успех кога во 1864 година 12 земји се согласиле да ги потпишат Женевските конвенции. Дифур бил назначен за претседател на конференцијата. Неговиот однос кон цивилите, затворениците и ранетите за време на војната во Сондербанд станал пример за новите хуманитарни правила на војување.[3]

Почнувајќи од 1832 година, Дифур предводел голем проект за топографски мерења и изработка на првата прецизна карта на Швајцарија во размер 1 : 100 000. Картата ќе биде завршена во 1864 година.[1] Една година претходно, Сојузниот совет ќе одлучи да го именува највисокиот планински врв во Швајцарија по Дифур, Дифуршпице (4634 м).

Смрт

уреди

Гијом Анри Дифур починал во женевската четврт О-Вив на 14 јули 1875 година. Бил погребан два дена подоцна на Гробиштата на кралевите (француски: Cimetière des Rois) во средиштето на Женева.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Jean-Jacques Langendorf. „Guillaume Henri Dufour“. hls-dhs-dss.ch (француски). Dictionnaire historique de la Suisse. Посетено на 4 декември 2023.
  2. Rita Stöckli (15 јуни 2020). „Affaire de Neuchâtel“. histoire.redcross.ch (француски). Dictionnaire historique de la Suisse. Посетено на 4 декември 2023.
  3. Andrej Abplanalp (9 ноември 2017). „Dufour – le général humaniste“. blog.nationalmuseum.ch (француски). Musée national suisse. Посетено на 5 декември 2023.