Германско-руски односи
Германско-руски односи (руски: Германо-российские отношения, германски: Deutsch-russische Beziehungen) — билатерални односи меѓу Германија и Руската Федерација.
Германија |
Русија |
---|
Историја
уредиСо создавањето на Кралство Прусија во 1701 и прогласувањето на Руската Империја во 1721, двете моќни нови држави започнале со своите контакти.
Тие се бореле на спротивни страни во текот на Војната за австриското наследство (1740-1748). Русија и Прусија повторно војувале во Седумгодишната војна (1756-1763). Кога рускиот цар Петар III дошол на власт, тој склучил мир со Прусија од потпишувањето на Договорот од Санкт Петербург. Прусија и Русија тогаш соработувале во поделбата на Полско-литванската Државна Заедница во 1772, 1793 и 1795 година.
Русија и Прусија имале апсолутните монархии кои остро реагирале против Француската револуција и биле дел од коалицијата против новиот француски режим за време на Наполеоновите војни. Прусија била потресена од револуции од 1848.
По создавањето на Германското Царство, односите меѓу двете земји се влошиле. Претходно во 1872 година била формирена тројна коалиција меѓу Русија, Австрија и Германија. Лигата изјавила дека републиканизмот и социјализмот биле заеднички непријатели. Во 1877-1878, Русија водела победничка војна со Отоманското Царство и се обидела да се наметне во договорот од Сан Стефано. Ова ја вознемирило британската политика кое довело до потпишување на Берлинскиот конгрес (1878).
Во 1879 година, Бизмарк формирал двојна алијанса на Германија и Австроунгарија, со цел меѓусебна воена помош во случај на напад од Русија, која не била задоволна од договорот постигнат на Берлинскиот конгрес. Воспоставувањето на двојната алијанса довела да Русија зеде помирувачки став, а во 1887 година бил потпишан договор меѓу Германија и Русија со кој двете сили се согласиле за заедничка воена поддршка во случај француски напад на Германија, или австриски напад врз Русија.
Русија во следните години била мошне загрижена за големата индустријализација на Германија. Во 1907 година Русија влегла во коалиција со Велика Британија и Франција. Така по започнувањето на Првата светска војна, Русија и Германија биле на спротивните страни. По крајот на војната во Русија бил воведен комунизмот кој пак го потпишал Брест-литовскиот договор од 1917 година во корист на Германија. И покрај тоа, Германија на крајот од војната останала како поразена земја[1].
По крајот на војната Вајмарската Република и Советскиот Сојуз создале билатерални односи. Со доаѓањето на Адолф Хитлер на власт во Германија односите меѓу двете земји се заладиле поради антисловенската и антикомунистичката политика на Германија. Во текот на Втората светска војна, овие две земји потпишале договор за ненапаѓање, но договорот бил прекршен по почетокот на операција Барбароса од страна на Нацистичка Германија. Следувал конфликт кој во историјата на човештвото бил катастрофален и најкрвав.
Поразот на Германија од страна на Советите и западните сојузници на крајот довело до окупацијата и поделбата на Германија и протерување на многу етнички Германци. Германија била поделена на Западна Германија и Источна Германија. Источниот дел бил под управа на Советскиот Сојуз а додека западниот под управа на сојузниците.
По паѓањето на Берлинскиот ѕид и рапаѓањето на СССР биле создадени денешните држави Русија и Германија. Односите меѓу двете земји по падот на социјализмот се генерално добри, но не секогаш без тензија. Германскиот канцелар Герхард Шредер поставил висока вредност на односите со Русија и работите за завршување на гасоводот меѓу двете земји. Неговиот наследник, Ангела Меркел била повеќе критички настроена кон рускиот претседател Владимир Путин главно поради наводното непочитување на човековите права во Русија.
Наводи
уреди- ↑ Vejas Gabriel Liulevicius (2010). The German Myth of the East: 1800 to the Present. Oxford University Press. стр. 145–48.