Георги Андријанов
Георги Андријанов (14 декември 1897 - 1932) е македонски револуционер, роден во Белица. Бил припадник на ВМРО (Обединета).
Георги Андријанов | ||
Роден | 14 декември, 1897 Белица, Република Бугарија, Пиринска Македонија | |
---|---|---|
Починал | 1932 |
Животопис
уредиПотекнува од револуционерно семејство. Татко му е соработник на Гоце Делчев и Јане Сандански. Образованието го започнува во родниот град. Учи во гимназијата во Самоков. За време на Првата светска војна е мобилизиран и испратен на фронтот. По демобилизацијата (1918 година) е назначен за учител во неговото родно село, а на следната година за директор. Тој е еден од основачите на комунистичка група кон БКП во Белица (1919 година) и е избран да нејзин секретар (до 1921 година). Во 1922 година студира икономика на Слободниот универзитет во Софија. Учествува во Септемвриското востание во 1923 година во составот на беличката чета, којашто на 23 септември, вечерта, се приклучила кон разлошкиот партизански одред. Во 1926 година емигрира во Франција, каде што пак студира икономика во Гренoбл. Станува член на Француската комунистичка партија. Поради тоа е избркан од Франција. Од таму оди во Белгија, Лиеж, каде што дипломира. 1927 година се враќа во Бугарија и отвора трговска кантора „Коминтерн“ во Софија. Член е на обласниот комитет на ВМРО (Обединета). Киднапиран и убиен е од бандити на михајловистичката ВМРО[1][2]
Наводи
уреди- ↑ 23-то Народно събрание; I редовна сесия от 28.10.1931 г. - 30.06.1932 г., Архивирано од изворникот на 2004-11-19, Посетено на 2009-01-29
- ↑ Енциклопедия „Пирински край“, том I. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1995. стр. 20. ISBN 954-90006-1-3.
Надворешни врски
уреди- Расправа во бугарскиот парламент за киднапирањето на Симеон Кавракиров, во која се спомнува и киднапирањето на Георги Андријанов Архивирано на 29 септември 2007 г. - на бугарски јазик.