Генадиј Зјуганов (руски: Геннадий Андреевич Зюганов,роден на 26 јуни 1944) е руски политичар, доктор по филозофски науки, автор на бројни книги и публикации во медиумите.

Генадиј Зјуганов
Генна́дий Зюга́нов
Прв секретар на КПР
На должноста
14 февруари 1993 – денес
Претходник Валентин Купцов
Лични податоци
Роден(а) 26 јуни 1944(1944-06-26)
Мимроно, Орловска област, СССР
Националност СССР СССР (до 1991)
Русија Русин
Партија Комунистичка партија на Советскиот Сојуз (до 1991)
Комунистичка партија на Русија
Професија учител
Награди Jubilee medal "Twenty Years of Victory in the Great Patriotic War 1941-1945"
Потпис
Воена служба
Припадност СССР
Род советска армија
Траење 1963–1966
Битки/војни Студена војна

Зјуганов завршил на физичко-математичкиот факултет во градот Орел. Во 1966 година станал член на КПСС. Во рамките на партијата извршувал голем број на должности. Во 1993 година бил избран за пратеник во руската Дума.

Од 2001 година е претседател на Сојузот на комунистичките партии - Комунистичка партија на Советскиот Сојуз (СКП-КПСС). Тој бил на трипати кандидат за претседател на Русија во 1996, 2000 и 2008 година. На изборите во 1996 година се пласирал на второто место и учествувал во вториот круг со Борис Елцин.