Гаврил (охридски архиепископ)

Гаврил — православен свештеник и охридски архиепископ најверојатно во периодот од 1572 до 1588 година и повторно од 1592 до 1593 година.[1]

Гаврил
Ракоположеноколу 1580
Службата завршилаоколу 1587
ПретходникСофрониј
НаследникТеодул II
Лични податоци
Роден16 век
Починал16 век
Други папи наречени Гаврил

Гаврил е роден во Јанина, Епир. Во текот на 1582 година учествувал во црковен собор во Цариград, на кој го осудил грегоријанскиот календар.[2] Во 1585 година зел учество на друг собор, на кој бил отстранет цариградскиот патријарх Пахомиј II. Во текот на 1586-1587 година бил на патување во Русија и Западна Европа, за да собере дарови за црквата.

Писмото на Гаврил до Фердинанд и печатот на Охридската архиепископија од 1587 година.

Во Русија отпатувал во придружба на пелагониско-прилепскиот митрополит Еремиј, гребенскиот митрополит Софрониј, со повеќе архимандрити, архиѓаконии тринаесет слуги. Престојот се совпаднал со чинот кога Московската митрополија прераснала (1593) во патријаршија и се стекнала со автокефалност. За време на престојот во Русија (1582-1587). Московската патријаршија му дала материјална помош на архиепископот Гаврил како на поглавар на помесна автокефална црква. За опустошениот манастир „Св. Маченица Параскева“ во село Велгошти, Охридско, кој се наоѓал во „Македонија до албанските земји“, рускиот цар Теодор Иванович му дал 60.000 аспри парична помош. Од Русија заминал за Полска. Бил примен од полскиот крал Стефан Батори. Оттука заминал за Австрија (1587). Во Прага се задржал летото 1588 година, кога заминал за Германија, а подоцна и за Рим, каде бил примен од папата Сикст V,[3][4] со цел да ја зачува под своја управа Италијанската епархија и да издејствува парична помош.[2] На овие патувања архиепископот добил парична но не и политичка помош.[3][4]

Во 1593 година повторно се споменува како архиепископ кога по повод, основањето на Московската патријаршија, му била пратена милостина од Русија. Во оваа година Гаврил по втор пат го зел охридскиот престол.[2]

Наводи

уреди
  1. Грозданов, Цветан (2007). Живописот на Охридската архиепископија: студии. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.
  2. 2,0 2,1 2,2 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 121. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  3. 3,0 3,1 М. Миновски, Врските на охридскиот архиепископ Гаврил со Австрија,„Гласник на ИНИ“,XVII, 3 Скопје, 1973
  4. 4,0 4,1 Ј. Белчовски, Хронолошки список на поглаварите на Охридската архиепископија (патријаршија), „Годишен зборник на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“, книга 8 Скопје, 2002