Бранислав Шикиќ
хрватски шумарски инженер и југословенски политичар
Бранислав Шикиќ ( 1905 во Пула — 7 февруари 1976 во Белград) — хрватски шумарски инженер и југословенски комунистички деец.[1]
Бранислав Шикиќ | ||
Роден | 1905 Пула, Австроунгарија | |
---|---|---|
Починал | 7 февруари 1976 Белград, СФР Југославија | (возр. 70–71)|
Националност | Хрват | |
Занимање | шумарски инженер |
Животопис
уредиБил истакнат деец на студентското движење во Македонија и член на Комунистичката партија на Југославија од 1941 година. По окупацијата бил член на Покраинската воена комисија во 1941 година, кога бил уапсен од бугарската полиција. Подоцна, бил политички комесар на Поречкиот НОПО.
По Ослободувањето бил вработен во државната управа во областа на шумарството.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Шијачки“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1652. Text "series " ignored (help)