Вукосија (Пезово)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Вукосија

Карта

Местоположба 42°02′07″N 21°55′21″E / 42.03528° СГШ; 21.92250° ИГД / 42.03528; 21.92250
Основни податоци
Место Пезово
Општина Куманово
Тип

 населба


Период бронзено време
железно време
хеленистичко време
доцноантичко време
Портал „Археологија“

Вукосијаархеолошко наоѓалиште во кумановското село Пезово. Претставува населба од бронзеното, раножелезното, хеленистичкото и доцноантичкото време.

Местоположба

уреди

Се наоѓа на 1 км јужно од селото, на периферијата на Кумановско Поле, близу до седлото што го дели од Овче Поле, а на околу 2 км североисточно од современиот пат Куманово-Свети Николе (Р1204). Претставува импозантен конусен рид, со коси страни и зарамнет врв од кој се простира извонреден поглед кон околниот терен. Северозападно од него има помал рид (понизок за 45-50 м) со кој е поврзан преку издолжено седло.[1]

Опис и наоди

уреди

На платото на Вукосија (наречено и Вуковија)[2], кое не се обработува, се забележуваат остатоци на темели од повеќе правоаголни простории, ѕидани од необработен камен, и фрагменти од градежна керамика. Најголем број површински наоди — фрагменти од праисториски керамички садови се забележуваат во подножјето на ридот и најверојатно биле свлечени со ерозијата. Според фактурата и орнаментиката, едни се од бронзеното, а други од раножелезното време. Интересно е тоа што се среќаваат и фрагменти од сива керамика работена на колце која е од типот на месната керамика од ранохеленистичкото време (V-IV век п.н.е.).[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 219. ISBN 9989-649-28-6.
  2. Вуковија — GeoNames