Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Крушево

црква во градот Крушево

„Св. Богородица“ се наоѓа во Крушево. Црквата била изградена во 1867 година. Таа била градена од обработен камен.[1].

Света Богородица
македонска православна црква
Епархија Крушевско-демирхисарска
Парохија Втора крушевска
Местоположба

Карта

Место Крушево
Општина Крушево
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Света Богородица
Изградба 1867
Живопис 1870
Архитектонски опис

Опис

уреди

Кровот е на две води, на средината се издига висок осмостран тамбур. Внатрешноста на црквата е поделена на три травеја со помош на колони, по три на северната и јужната страна. Во внатрешноста на црквата доминира голем монументален иконостас, работен во 19 век и на него се наоѓаат евидентирани икони од истиот период. Во внатрешноста на црквата има прекрасен фреско-живопис во калотата и во тамбурата на средишниот дел од црквата, како и во слепата калота на западната страна. Фреско-живописот над порталот датира од 1870 година, а се наоѓа на западниот фасаден ѕид на црквата.

Наводи

уреди
  1. „Цркви во Крушево“. Визит Крушево. Посетено на 2010-09-09.[мртва врска]