Времето не проаѓа

Времето не проаѓа е збирка песни на францускиот поет Пол Елијар. Книгата е објавена на македонски јазик, во препев на Георги Сталев, во 1966 година од издавачката куќа „Кочо Рацин“.

Технички одлики

уреди

Книгата има 84 страници и отпечатена е во тврд повез, како дел од едицијата „Поетска плејада“. Изборот и препевот на песните го направил Георги Сталев. Техничкото уредување и нацртот на корицата го направил Коста Бојаџиевски, а коректор била Вера Арсовска. Книгата била отпечатена во графичкиот завод „Гоце Делчев“ од Скопје, во јуни 1966 година, во тираж од илјада примероци.[1]

Содржина

уреди

Збриката содржи избор од поезијата на Елијар (пишувана од 1917 до 1951 година), како и поговор, насловен како „Нерекината поезија“ од Георги Сталев. Во збирката се застапени следниве песни: Да си легнеме; За да живеам тука; Секој цвет на плодовите; Давеник; Модел; Попладнето истиот ден; Времето не проаѓа; Ах; Свита; Вљубената; Голота на вистината; Без гнев; Непознат; Прва на светот; Гертруда, Дороти; Отпрвин ми дојде една голема желба; Тоа што ти го реков; Јас ти го реков; Земјата е сина; Од „Вселената - самотник“; Штотуку нагрдена; Кон полноќ; Една за сите; Толку мечти во празно; Ти стануваш водата се разлева; Ние ја создадовме ноќта; Да бидеш, Со глава во ѕидиштата; Не може да ме познава никој; Каде се прават цртежите; Изгубена градинка; Ноември 1936; Јас не сум сам; На првиот отворен збор; Средби; Моите часови; Поклопче; Слобода; Седум песни за љубовта во војната; Без тебе; Во април 1944: Париз дише уште; Едно тело; Редот и безредието на љубовта; Во внатрешноста на погледот; Леда во својот прв сон; Добра правина; Недела; Феникс.

Наводи

уреди
  1. Пол Елијар, Времето не проаѓа. Скопје: Кочо Рацин, 1966.