Војислав Јакиќ
Воислав Јакиќ (Голем Радобил, 1 декември 1932 – Ќуприја, 8 март 2003) — визуелен уметник, светски класик на маргиналната уметност.
Војислав Јакиќ Војислав Јакић | |
---|---|
Војислав Јакиќ | |
Роден(а) | 1 декември 1932 Голем Радобил, Кралство Југославија |
Починал(а) | 8 март 2003 Деспотовац, Србија | (возр. 70)
Националност | српска |
Познат(а) по | цртеж, слика |
Правец | маргинална уметност |
Животопис
уредиРоден е во 1932 година во селото Голем Радобил кај Прилеп како син на свештеник од Црна Гора. Во раното детство се преселил во Деспотовац (Србија), а помеѓу 1952 и 1957 година живеел во Белград. Истата година се враќа во Деспотовац, каде твори до својата смрт.
Творештво
уредиЗапочнува да црта во 1952 година во Белград, а две години подоцна ќе ја изработи својата прва скулптура која ќе иницира цел циклус на т.н. полици, а потоа целосно се посветува на цртање необични свитоци. Направил преку десет илјади цртежи, кои некогаш достигнувале должина и до десет метри. Кон крајот на 1970 година ќе ја заврши својата втора автобиографија, која ќе ја нарече Неменикуќе, која ги прекршува вистински доживеаните моменти со фикцијата и иронијата на уметникот. За една од неговите најдолги ролни, рекол[1]
„ | Ова не е цртеж, не е ни слика, ова е наталожена тага! Сочинети од низа помали или поголеми парчиња хамер, најчесто се третирани во вид на непрекината композициона нитка како симбол на цврсто врзан, нераскинлив копец на свеста. | “ |
Бил препознатлив по постојано црната боја на неговата гардероба, со што го свртувал вниманието кон себе како персонификација на прогонетите, изневерените, а неговите антропоморфни и зооморфни облици, буеле како под зрачење на човечкото непријателство. Како средство за контемплација Јакиќ користел алегорија, симбол, метафора. Најчесто работел со туш, фломастер, поретко користел боја, пастел или гваш. Заедно со цртежот, неретко додавал и свој заклучок, како дополнителен медиум, за да ги засили своите опсервации и со пишан збор. Еден е од најзначајните српски сликари.[4] Излагал на индивидуални и групни изложби во земјата и странство, како и на значајни меѓународни изложби од кои најзначајни се: 1977, 2000 година; 2001 година. Јагодина, МНМУ; 2002 година, Белград, павилјон Цвијета Зузориќ; во 2004 година Братислава, 7. Триенале на Инситнехо Уменија; 2007 година; 2013. Париз, Centre Culturel de Serbie итн.[1] На 10. меѓународно биенале на наивна и маргинална уметност во 2001 година. во МНМУ, Јагодина (Србија) добива Гран при за изложени дела.
Галерија
уреди-
Повеќенасловна слика, 1975 МНМУ, Јагодина
-
Збрчкан цртеж, б. г. МНМУ, Јагодина
-
Црни денови, 1997 МНМУ, Јагодина
-
Без назив, 2002 МНМУ, Јагодина
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Art Brut“. Архивирано од изворникот на 7 април 2015. Посетено на 3 април 2015.
- ↑ ABCD-Art Brut
- ↑ Љ. Којић, 10. Бијенале наивне и маргиналне уметности, МНМУ, Јагодина, 2001
- ↑ Н. Крстић, Уметност аутсајдера у Србији, МНМУ, Јагодина, 2014; 88
Литература
уреди- Aleksa Čelebonović, Michel Thévoz, Vojislav Jakić, Vojislav Jakić, Collection de l'Art Brut, Lausanne, 1979
- Н. Крстић, Уметност аутсајдера у Србији, МНМУ, Јагодина, 2014