Фломастер[1][2] — вид писалка што има сопствен извор на мастило направен од впивачки материјал како што е филц.[3] Врвот што се користи за цртање или пишување е исто така направен од филц. Функцијата на капачето од филц е да спречи сушење на мастилото.

Фломастери во боја

Сè до почетокот на деведесеттите години на 20 век, како растворувачи на мастилото се користеле толуен и ксилен, две супстанции кои се штетни и имаат непријатен мирис. Денес, мастилото во фломастерите се прави на база на алкохол.

Фломастерот го добил името по американската фабрика од втората половина на 20 век.

Видови фломастери уреди

Фломастерите се произведуваат во различни бои и различни дебелини. Исто така, фломастерите можат да имаат различни намени:

  • Фломастери за цртање
  • Постојан маркер
  • Непостојан маркер
  • Безбедносен маркер

Наводи уреди

  1. „фломастер“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „фломастер“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. www.sbctc.edu (adapted). „Module 6: Media for 2-D Art“ (PDF). Saylor.org. Посетено на 1. 9. 2013.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)