Воислав Санев
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Воислав Санев (26 јуни 1938, Кочани – 8 април 2007, Скопје, Македонија) — македонски археолог.[1]
Воислав Санев | ||
Роден | 26 јуни 1938 Кочани, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | 8 април 2007 Скопје, Македонија | |
Националност | Македонец | |
Занимање | археолог |
Животопис
уредиДипломирал археологија на Филозофскиот факултет во Белград (1963). Од 1963 до 1969 г. работел како кустос во Народниот музеј во Штип, а потоа во Музејот на Град Скопје (1969–1970). Повторно се вратил во Штип (1970– 1976), а од 1976 г. работел во Археолошкиот музеј на Македонија, каде што останал до 2000 г.
Бил директор на Народниот музеј во Штип, в.д. директор на Музејот на Македонија и раководител на Археолошкиот оддел, претседател и секретар на МАНД, уредник и технички уредник на „Macedoniae Acta Aheologica “, на Археолошка карта на РМ, Зборник на Народниот музеј од Штип, Зборник на Археолошкиот музеј и др.
Истражувачка работа
уредиГо истражувал и го проучувал неолитот во Македонија (Вршник, Анзабегово, Руг Баир, Велушка Тумба, Тумба Маџари, Страната, Канли Чаир, Амам, Tумба Мршевци и др.).
Библиографија
уредиПубликувал околу 40-тина отпечатени трудови со широк опус од македонската археологија
- Предисториски култури во Македонија, Штип, 1971;
- Праисторија во Централна Пелагонија, Битола, 1976;
- Анзанбенгово со Милутин Гарашанин, Белград, 2006, 171–191