Влахина Река

река во Пиринска Македонија

Влахина Река или Влахинска Река (бугарски: Влахина Река, Влахина река); до 14 јули 1988 г. Кркиица (Къркийца)[1]река во Кресненско, Пиринска Македонија, лева притока на Струма. Долга е 27 км и одводнува делови од западните падини на Пирин.

Влахина Река
Кркиица
Долината на Влахина Река кај нејзиниот истек од Влахинските Езера, гледана од Кабата
Карта
Местоположба
МестоПиринска Македонија, Бугарија
Физички особености
Извор 
 • местоВлахини Езера, Пирин
 • надм. вис.2.302 м
Устие 
 • место
Струма кај Кресна
 • координати
41°43′49″N 23°09′19″E / 41.7303°N 23.1553°E / 41.7303; 23.1553
 • надм. вис.
180 м
Должина27 км
Големина на сливот108 км2
Проток 
 • просечен1,69 м3
Особености на сливот
ТечениеСтрумаЕгејско Море

Реката извира од северозападниот агол на највисокото (2.302 м.н.в.) и најголемото од Влахините Езера на Пирин, сместени во истиоиениот цирк, југозападно од Вихрен (Елтепе). Најпрвин тече низ длабока ледничка долина, заобиколувајќи го од исток, север и запад пиринскиот срт Гредаро, па продолжува на југозапад во мошне пошумено подрачје. Откако ќе сврти на запад близу маалото Дракулово на с. Влахи, долината станува пуста и силно еродирана. Се влева во Струма како нејзина лева притока, на 180 м.н.в., некои 300 м североисточно од градот Кресна.

Сливот на Влахина Река зафаќа 108 км2, што сочинува 0,62 % од сливното подрачје на Струма.

Главни притоки: → лева, ← десна

  • → Гредарска Река
  • → Ѓорѓиица
  • → Синаница
  • ← Пештерско Дере
  • → Раскола
  • → Шаралиска Река
  • ← Косовска Река (најголема)
  • ← Рабишево Дере

Се напојува главно дожд и стопен снег. Полноводност достигнува во мај, а најслабоводна е во август. Средниот годишен истек во устието изнесува 1,69 м3, а во периодот на топење на снегот количеството на вода знае да биде десетратно поголем (највисок забележан истек е 14,6 м3. Средниот наклон на реката изнесува 81 ‰.

По течението на реката в Општина Кресна е сместено само селото Влахи, по кое е наречена самата река.

Дел од водите на Влахина Река во горното течение се користат за водоснабдување на Кресна и неколку села во околината.

Извори

уреди
  • Мичев, Н и Ц. Михайлов, И. Вапцаров и Св. Кираджиев, Географски речник на България, София 1980 г., стр. 114 – 115.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Научноинформационен център „Българска енциклопедия“ (2015). Промени в наименованията на физикогеографските обекти в България 1878 – 2014 г. София: Книгоиздателска къща „Труд“. стр. 44. ISBN 978-954-398-401-5.

Надворешни врски

уреди