Владо Ристески
Владо Миланов Ристески ( 1922 во Кичево — 1945 во Врпоље, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Владо Ристески | ||
Роден | 1922 година Кичево, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | април, 1945 година Врпоље, Хрватска | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиПо завршувањето на основното училиште учел за шивач во занатската школа. Како младинец и симпатизер на народно ослободителното движење, во 1942 година се приклучил на СКОЈ. Со Исеин Акиоски биле во една ќелија. Во текот на 1943 година стапил во редовите на Групата баталјони, но додека Бригадата била во Егејска Македонија, тој останал во Кичево. Во пролетта 1944 година, со враќањето на Бригадата, повторно се приклучил во единиците, а во завршните борби за ослободувањето на Југославија, бил во единиците на Петнаесеттиот корпус и учествувал во пробојот на Сремскиот фронт. Во борбите кај Врпоље бил тешко ранет и пренесен во болница каде починал во април 1945 година.[1]