Владо Лемиќ
Владица „Владо“ Лемиќ (роден 1966 година) бил поранешен српски фудбалер и сегашен фудбалски агент (фудбалски работник задолжен за посредување со трансфери или пак за откривање на нови таленти).
Следејќи ја скромната кариера како професионален фудбалер, Лемиќ станал агент за врвни играчи. Ангажирањето на новата позиција му донела огромен успех бидејќи успеал да реализира голем број на трансфери на звучни играчи. Понатаму, поради неговите лични и работни контакти со многу моќни фигури во европскиот клупски фудбал, Владо Лемиќ се наметнал како важна личност зад сцената во спортот.
Клупска кариера
уредиЛемиќ најголемиот дел од својата играчка кариера го поминал во екипата на Борац од Бања Лука, натпреварувајќи се во Втората југословенска лига. Инаку, неговите игри не биле доволно забележани и не биле според врвните фудбалски стандарди. Врвот во неговата кариера бил освојувањето на Купот на Југославија 1987–88 на составот на Борац. Познатото финале се одиграло на 11 мај 1988 година на стадионот на Црвена ѕвезда Маракана. Во тоа финале се сретнале големиот аутсајдер Бања Лука и моќниот тим на Црвена ѕвезда од Белград. Сензационално, неверојатно но вистинито, екипата на Борац на крајот победила со резултат од 0:1. Тоа бил прв и еднствен случај еден тим во поранешна Југославија да го освои националниот куп, а да не биде член на Првата сојузна лига. Владица Лемиќ се појавил само во последните 2 минути од натпреварот и плус во судиското надополнување кога главниот тренер на клубот Хуснија Фазлиќ го внел во игра на местото на стрелецот на голот Сенад Лупиќ.
Како резултат на победата во Купот, Владица Лемиќ обезбедил трансфер во белгискиот нисколигашки клуб КФЦ Херенталс.
Подоцна, тој се приклучил на белгискиот прволигаш Лирс СК за времетраење од една сезона. Во тој момент тренер на екипата бил легендарниот белгиски фудбалер Ерик Геретс.
Фудбалски агент
уредиВрска со екипата на ПСВ 1999-2008 година
уредиВо 1999 година, неколку години по завршувањето на неговите професионални играчки денови, триесет и тригодишниот фудбалски агент Лемиќ се вклучил во работните тимови на екипата на ПСВ Ајндховен потпомогнат од неговиот поранешен тренер во Лирс, Ерик Геретс. Во тој период Геретс бил главен тренер во екипата од Ајндховен.[1] Ранко Стојиќ, нешто поискусниот српски фудбалски агент и уште еден поранешен фудбалер кој претходно го тренирал Геретс, исто така биле активно вклучени во тој период, во работата поврзана со трансферите на составот на ПСВ.[1] Откако Лемиќ започнал да носи нови играчи во екипата на ПСВ, на почетокот од нископрофилиран карактер како што бил Саша Стојановиќ, младиот агент станал близок и со спортскиот директор на екипата на ПСВ Франк Арнесен.
Првиот значаен трансфер на Владица Лемиќ бил преселбата на дваесет и едногодишниот Матеја Кежман од екипата на ФК Партизан во составот на Ајндховен во текот на летото 2000 година. Младиот напаѓач, кој зад себе имал одлични резултати додека се натпреварувал во Првата лига на СР Југославија достигнал за тој период висока вредност. Се говорело дека екипата на ПСВ исплатила дури 27 милиони германски марки за неговите услуги. Матеја Кежман веднаш станал хит во тимот и по игрите и по постигнатите голови, водејќи го до титулата во Ередивизијата (првата холандска лига). Веднаш тој станал најдобар стрелец во лигата, во неговата прва сезона со клубот, а агентот кој успеал да го пронајде и донесе во тимот, во ситуацијата Лемиќ, бил ставен во позиција со големо влијание во погонот на ПСВ.
Откако спортскиот директор Арнесен си заминал во 2004 година од клубот, Лемиќ изградил одлични односи и со неговиот наследник на местото спортски директор, Стен Валккс. Новиот директор му овозможил на агентот да остане и понатаму влијателна фигура во клубот. Преку мрежата на врски кои ги имал Лемиќ, како што бил неговиот брат Зоран, кој работел со таленти во Јужна Америка, клубот успеал да дојде до многу аквизиции од тој дел на светот. Најпознатите од тој дел на светот биле: бразилскиот голман Хеурељо Гомес, перуанскиот крилен напаѓач Џеферсон Фарфан и талентираниот млад напаѓач Џонатан Реис. Дополнително, Владица Лемиќ подготвил и реализирал договор помеѓу екипата на Челзи и составот на ПСВ за потписите на евентуални и потенцијални играчи на клубот Челзи да бидат испратени во екипата на ПСВ како дел од договори или заеми. Тоа го правел со играчи кои биле во ситуација на исчекување на британска работна дозвола.[2] На овој начин во холандскиот клуб пристигнале дефанзивците Алекс, Алсидес и Слободан Рајковиќ. Стилот на работа на Лемиќ во екипата на ПСВ, бил доста практичен, бидејќи редовно можел да биде во контакт со играчите во клупскиот тренинг комплекс Де Хердганг. Тој одржувал блиски контакти со главните тренери на клубот во тој период: најпрво со Гус Хидинк, а потоа и со Роналд Куман. Во истиот период тој дополнително негувал одлични контакти со луѓето на екипата на Челзи, особено со Пиет де Висер и Франк Арнесен. Овие добри релации на Владица Лемиќ му овозможиле полесно да се зближи со сопственикот на англискиот клуб Роман Абрамович.[3]
И покрај тоа што екипата на ПСВ имала големи успеси на теренот, како и одржувањето на добар финансиски рејтинг во тој период, големото влијание на Лемиќ во Ајндховен било доведено до знак прашалник и ставено под лупа од страна на новиот генерален директор Јан Рекер. Тој ја презел функцијата во месец јули 2007 година, откако екипата на ПСВ претходно одлучила во месец март 2007 година да ја укине функцијата претседател и да ја замени со новата функција на генерален директор.[4] Иако Лемиќ и Рекер, од првиот ден никогаш немале коректни односи, првичната поголема нивна расправија се чини дека бил проблемот со еквадорскиот играч за врска на екипата на ПСВ и воедно и клиент на Лемиќ, Едисон Мендез. Имено, тој во месец декември 2007 година побарал трансфер без знаење на клубот, за да може да се врати и да настапува во Еквадор за да биде поблиску до неговата болна мајка. Клубот неволно се обврзал дека ќе го ослободи, поставувајќи релативно ниска сума за трансфер од само 1 милион американски долари. За Мендез интерес изјавил составот на Спортинг клуб Барселона од Сантјаго де Гвајакил. Сепак, сумата која требало еквадорскиот клуб да ја плати била превисока и целата зделка пропаднала. Еден месец подоцна, во месец јануари 2008 година, пристигнала понуда од мексикански клуб подготвен да плати еден милион долари за Мендез, но директорот на ПСВ Рекер ја одбил таа понуда велејќи дека еден милион долари важеле само за екипи од Еквадор и дека тоа била „пријателски понуда“ за еквадорските клубови, додека клубовите од Мексико ќе мораат исплатат повисока сума. Спортскиот агент на Мендез, Владица Лемиќ, протестирал поради таквиот однос на челниците на клубот и ситуацијата експлодирала токму на 30 јануари 2008 година кога се играло големото дерби во лигата помеѓу екипите на ПСВ и составот на Ајакс.[5]
Иако се чинело дека работите на површината брзо ќе бидат средени во позадината ситуацијата се затегнувала дополнително во наредните месеци бидејќи екипата на ПСВ била во трка за титулата во лигата, а влијанието на Владица Лемиќ во клубот истовремено бил јавно доведен во прашање поради информациите што таборот на директорот Рекер ги објавил во печатените медиуми. Ниту Лемиќ не се воздржал од коментари, бидејќи жестокиот напад на неговиот клиент Хеурељо Гомес врз директорот Рекер во едно интервју во Фудбал Интернационал - спроведено на 20 април 2008 година, само неколку дена по освојувањето на титулата - многумина го сметале за одмазда на агентот Лемиќ спроведан преку полномошникот. Управата и надзорниот одбор на клубот под контрола на Рекер реагирале преку жестоко соопштение објавено на официјалниот сајт на клубот, осудувајќи ја постапката на Гомес.[6] Згрозен од ситуацијата и иритиран од постапките на директорот Рекер, седумдесет и тригодишниот агент Пиет де Висер поднел оставка на функцијата и го напуштил клубот во наредната седмица.[7]
До летото 2008 година надвор од сезоната, агентот Лемиќ и генералниот директор на екипата на ПСВ биле вклучени во голема јавна расправија. Тогаш се откриле многу информации кои во нормални ситуации би останале зад затворени врати. Директорот Рекер си земал за обврска дека ќе го ослободи клубот од влијанието на Лемиќ. Под влијание на Рекер, клубот тврдел дека Владица Лемиќ и техничкиот директор Валккс влегле во голем профит од нивните зделки кои ги склучувале за потребите на составот на ПСВ. Кога ќе се направел одреден трансфер во клубот, Лемиќ наводно испраќал голема сметка до канцеларијата на екипата на ПСВ, дури и кога никој не знаел за неговата вмешаност. Тој, наводно тврдел дека услугите направени како на пример „изладеност на интересот на клубот Х за играчот Y“ и со тоа вештачки да се спуштат трансферите на пониско финансиско ниво или да избледне наводната понуда од странскиот клуб за некој играч на екипата на ПСВ. Во меѓувреме, по истрагата на новинарите на весникот НРЦ Ханделсблад, се појавил договорот на техничкиот директор Валккс со екипата на ПСВ, и покрај условите за неговата плата, тој договор содржел и одредба со која тој заработувал пет проценти од секој заминувачки трансфер во клубот - одредба очигледно потпишана од страна на поранешниот претседател на клубот Хари ван Раај без знаење на надзорниот одбор на клубот.[8] Иако никогаш не било докажано никакво погрешно постапување, Владица Лемиќ добил забрана да може да присуствува во тренинг кампот на клубот, додека техничкиот директор Валккс добил отказ.
Така, Рекер решително ја добил војната за контрола врз екипата на ПСВ, меѓутоа, елиминирајќи го Лемиќ и неговите сојузници во ПСВ, генералниот директор ја елиминирал и огромната мрежа на контакти која ја имал агентот.[2] Дополнително, како директен одговор на забраната која ја добил Лемиќ, неговите клиенти Гомес, Фарфан, Алсидес и Рајковиќ набргу го напуштиле клубот.
Периодот на војна во екипата на ПСВ започнал од 2008 година. Таа се чувствувала и на теренот и надвор од него. Клубот на почетокот на 2000 години доминирал во холандското првенство, кога освоил седум титули во лигата и едно полуфинале во Лигата на шампионите. Но на клубот му требал дополнителни седум години да ја освои својата наредна титула во Ередивизија (првата холандска лига). Откако клубот настапил во Лигата на шампионите 2008-09 и бил елиминиран до празникот Божиќ (25 декември) со само една победа во шест натпревари во групната фаза, тој повторно заиграл во групната фаза од највисокото европско клупско натпреварување дури во сезоната 2015/16.
Останати посредувања
уредиСо текот на годините, Владица Лемиќ развил професионален работен однос со фудбалскиот директор на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ и бил клучен во трансферот на играчот Ројстон Дренте од екипата на Фејенорд во составот на Реал во месец август 2007 година. Трансферот бил вреден 14 милиони евра. Тој бил активно вклучен и во тансферот на Клас-Јан Хунтелар кој заминал во месец јануари 2009 година од екипата на Ајакс во Мадрид за сума од 27 милиони евра.
Во месец мај 2008 година, услугите на Лемиќ биле ангажирани од страна на Роман Абрамович од екипата на Челзи кој бил во потрага по нов тренер по отпуштањето на Аврам Грант. Се говорело дека Лемиќ одиграл важна улога во воспоставувањето на контактите со тренерот Карло Анчелоти од екипата на Милан и Лучано Спалети од составот на Рома.[9] Но, сепак на крајот работата му припаднала на тренерот Луис Фелипе Сколари.
По исклучувањето од ПСВ, Лемиќ ги интензивирал односите со спортскиот директор на екипата на Челзи Арнесен, одејќи на извидувачки (скаут) патувања со него,[10] како и со Предраг Мијатовиќ кој се вратил на работа како фудбалски агент, откако добил отказ од екипата на Реал по промената на претседателот на клубот. Откако Арнесен ја напуштил функцијата во екипата на Челзи за да замине во клубот на Хамбургер, Мијатовиќ влегол во потесниот избор за работата на Арнесен на стадионот Стемфорд Бриџ. Околу посредувањето на Мијатовиќ му помогнал Владица Лемиќ, но на крајот сепак работата ја добил Мајкл Еменало. Во месец август 2011 година, Лемиќ и Мијатовиќ учествувале во преговорите кои на крајот резултирале со трансфер на Самјуел Ето од екипата на Интер во составот на Анжи од Махачкала.[11]
Наредното лето, 2012 година, Лемиќ имал уште еден напорен и успешен преоден рок. Тој наводно бил еден од најважните посредници зад сцената во повеќемесечната трансфер сага на Лука Модриќ од екипата на Тотенхем во составот на Реал од Мадрид.[12] Откако најпрво склучил бизнис договор со главниот агент на бараниот играч Давор Ќурковиќ, Лемиќ можел да обезбеди пристап до поединци од персоналот на екипата на Реал од Мадрид (вклучувајќи го и главниот тренер Жозе Мурињо преку моќниот агент на тренерот Жорге Мендеш) преку претходното пријателство и работни односи со поранешниот ас на Реал од Мадрид, Предраг Мијатовиќ. Сето тоа на крајот довело до промена и за вкупно 33 милиони фунти Лука Модриќ на 26 август 2012 година заминал во редовите на Реал од Мадрид.[12][13]
Во текот на истото лето, преку неговите други блиски работни контакти, како што биле Франк Арнесен од екипата на Хамбургер, Лемиќ бил вклучен во договор со кој хрватскиот играч за врска Милан Бадељ го испратил од екипата на Динамо од Загреб во составот на Хамбургер. Трансферот изнесувал околу 3 милиони фунти. Договорот предизвикал контроверзии кога главниот агент на Бадељ, Дејан Јоксимовиќ, го обвинил фудбалскиот директор на екипата на Хамбургер Арнесен, дека ја зголемил сумата за трансфер со цел да го задоволи ангажирањето на Лемиќ како дополнителен агент вклучен во целиот договор. Како резултат на тврдењата на Јоксимовиќ, ФИФА објавила можна истрага за трансферот на Бадељ за да се утврдело дали се случило некакво прекршување на правилата,[14] но од таа ситуација никогаш не се појавил никаков јавен извештај.
Директни договори
уредиВладица Лемиќ со текот на годините бил вклучен во многу врвни фудбалски трансфери и тоа во најразлични функции:
Дата | Фудбалер, играч | Претходен клуб | Нов клуб | Трансфер сума |
---|---|---|---|---|
Летото 2000 година | Матеја Кежман | ФК Партизан | ПСВ од Ајндховен | 27 милиони германски марки |
Летото 2004 година | Џеферсон Фарфан | Алијанза Лима | ПСВ од Ајндховен | 2 милиони евра |
Летото 2004 година | Хеурељо Гомес | Крузеиро ЕК | ПСВ од Ајндховен | непозната сума |
Летото 2004 година | Алекс Родриго Диас да Коста | Сантос ФК | ПСВ од Ајндховен | договор за косопственост со ФК Челзи со откупна клаузула од 1 милион евра |
Летото 2004 година | Арјен Робен | ПСВ од Ајндховен | ФК Челзи | 12,1 милиони фунти |
Летото 2004 година | Матеја Кежман | ПСВ од Ајндховен | ФК Челзи | 5,4 милиони фунти |
Летото 2007 година | Џонатан Реис | Атлетико од Минеиро | ПСВ од Ајндховен | непозната сума |
Летото 2007 година | Ројстон Дренте | Феејнорд | Реал од Мадрид | 14 милиони евра |
јануари 2008 година | Бранислав Ивановиќ | Локомотив од Москва | ФК Челзи | 9,7 милиони фунти |
Летото 2008 година | Хеурељо Гомес | ПСВ од Ајндховен | Тотенхем Хотспур | 7,8 милиони фунти |
Летото 2008 година | Миралем Сулејмани | СЦ Херенфен | Ајакс | 16,25 милиони евра |
јануари 2009 година | Клас-Јан Хунтелар | Ајакс | Реал од Мадрид | 27 милиони евра |
Летото 2011 година | Самјуел Ето | Интернационале (Интер) од Милано | Анжи од Махачкала | 28 милиони евра |
Летото 2012 година | Милан Бадељ | Динамо од Загреб | Хамбургер СВ | 3,5 милиони евра |
Летото 2012 година | Лука Модриќ | Тотенхем Хотспур | Реал од Мадрид | 33 милиони фунти |
Лето 2018 година | Шиме Врсаљко | Атлетико од Мадрид | Интер од Милано | 1-годишен кредит со опција за купување |
Лето 2018 година | Матео Ковачиќ | Реал од Мадрид | ФК Челзи | 1-годишен заем |
Приватност
уредиЛемиќ првенствено претстојувал во Херентаут, град во белгискиот дел од регионот Кампине.[1]
Тој, исто така, поседувал голем имот за одмор надвор од градот Бања Лука, на кој има фарма за крави и свињи, како и замок, наводно опремен со голем број на големи LCD екрани што Лемиќ ги користел за да ги набљудува млади фудбалери како евентуални потенцијални клиенти.[15]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Dohmen, Joep (31 May 2008). „Hoe een Servische 'makelaar' PSV in zijn greep kreeg“. NRC Handelsblad (холандски). Посетено на 14 June 2015.
- ↑ 2,0 2,1 Bouwes, Ernst (13 January 2009). „PSV suffering after Reker arrival“. ESPN Soccernet. Архивирано од изворникот на 2012-11-02. Посетено на 15 June 2015.
- ↑ PSV's financial fight reaches crisis point[мртва врска];ESPN Soccernet, 11 June 2011
- ↑ „Jan Reker appointed General Manager of PSV“. PSV.nl. 29 March 2007. Архивирано од изворникот на 12 August 2013. Посетено на 12 August 2013.
- ↑ Players’ manager puts pressure on PSV! Архивирано на 30 септември 2011 г.;25 April 2008
- ↑ „PSV vindt uitspraken Gomes een smet op de titel“ (холандски). Voetbal International. 23 April 2008. Посетено на 14 June 2015.
- ↑ „Scout De Visser weg bij PSV om Reker“. NRC Handelsblad (холандски). 29 April 2008. Посетено на 14 June 2015.
- ↑ Dohmen, Joep (30 May 2008). „PSV-manager Stan Valckx inde bij transfers“. NRC Handelsblad (холандски). Посетено на 15 June 2015.
- ↑ Peter Kenyon is sidelined in search for new Chelsea manager[мртва врска];The Times, 10 June 2008
- ↑ Sportski direktor engleskog Čelsija posjetio BiH;Nezavisne, 14 October 2009
- ↑ Eto'o: "Agreement with Anzhi", Moratti: "We are considering the offer" Архивирано на 4 октомври 2011 г.;Gazzetta dello Sport, 10 August 2011
- ↑ 12,0 12,1 Ljudi iza kulisa: Luku Modrića prodao kum Peđe Mijatovića;24 sata, 29 August 2012
- ↑ Zgaga, Blaž (13 November 2018). „Massive Tax Fraud in Question for Agents of Luka Modrić“. The Black Sea. Посетено на 7 December 2021.
- ↑ Hamburg's Badelj deal faces probe[мртва врска];ESPN Soccernet, 20 September 2012
- ↑ „KO JE ČOVEK U LOŽI?! Naravno, ne mislimo na predsednika, Mijata, gospodina Specijalnog...“ (српски). Mozzart Sport. 11 October 2013. Архивирано од изворникот на 19 November 2017. Посетено на 10 December 2021.