Викентиј (српски патријарх)

(Пренасочено од Витомир Проданов)

Викентиј Српски или Витомир Проданов (23 август 1890 во Бачко Петрово Село - 5 јули 1958 во Белград) бил српски патријарх во периодот од 1950 до 1958 година.

Викентиј

Патријарх на Србија
Српски патријарх
На должноста
1950 – 1958
Претходник Гаврило
Наследник Герман
Лични податоци
Роден(а) 23 август 1890
Бачко Петрово Село
Починал(а) 5 јули 1958
Белград
Националност Србин
Професија Митрополит на Српска православна црква
Вероисповед Православен христијанин

Роден како Витомир Проданов, во 1917 година се замонашил а во 1921 заминал во манастир во Карловачката митрополија. Во 1929 година се запишал на филозофскиот факултетот во Белград. Во 1932 година бил избран за марчански епископ, во 1939 година за Злетовско-струмички а во 1940 година станал и администратор на Охридско-битолската епархија.

Со започнувањето на Втората светска војна во 1941 година бугарските фашисти го протерале од Штип. По крајот на војната тој не се вратил во Македонија бидејќи била формирана Македонската православна црква. Во периодот од 1947 до 1951 година бил администратор на Сремската епархија.

Во 1950 година бил избран за патријарх на Српската православна црква и на оваа функција се задржал до неговата смрт до 1958 година.