Вислански Залив

залив на Балтикот во Русија и Полска

Вислански Провлак (полски: Zalew Wiślany; руски: Калининградский залив; германски: Frisches Haff; литвански: Aistmarės) — залив во Балтичкото Море со должина од 90 и ширина од 10-19 км. Длабок е 5 м и одделен е од Гдањски Залив со тесниот Вислански Провлак.

Висланскиот Залив од вселената.
Поглед на Висланскиот Залив и провлакот.

Заливот претставува лагуна во устието на неколку ракави на реката Висла како Ногат и Прегоља. Излегува на Гдањскиот Залив преку Балтискиот Проток. Низ заливот минува полско-руската граница.

На бреговите има повеќе населени места, како што се градовите Калининград, Балтијск и Приморск во Калининградската Oбласт од руската страна и Елблонг, Толкмицко, Фромборк и Крињица Морска од полската. Најважно пристаниште од полска страна е Елблонг, но најпрометни се Калининград и Балтијск поради фактот што пристапот (протокот) е на руска територија.

Предложен канал

уреди

Европската Унија планира прокопување на канал од морето до Елблонг во заливот со цел да се заобиколи Русија, која го контролира сообраќајот во заливот преку Балтискиот Проток. Предвидениот канал е долг 1,3 км, широк 80, а длабок 5 м. Трошокот на чинење е проектиран на 880 милиони злоти.[1] Сепак, значајни еколошки пречки во спроведувањето на проектот како преселбата на животните и прекумерно засолување на водата.

Историја

уреди
 
Германски бегалци од Источна Прусија кај Висланскиот Залив.

Од 1772 до 1918 г. заливот бил дел од Кралството Прусија, кое во 1871 г. влегло во состав на Германското Царство. Во периодот помеѓу 1920 и 1946 г. бил поделен помеѓу Германија и полуавтономнииот Слободен Град Данциг. По Втората светска војна источниот дел ѝ припаднал на Русија (СССР), а западниот на Полска. Денес полскиот дел е во состав на Варминско-мазурското Војводство, а рускиот е во Калиниградската Oбласт.

Курсениеки

уреди
 
Распространетост на Курсениеките во 1649 г.

Во минатото, подрачјето околу заливот било дом на балтичкиот народ Курсениеки, кој денес е речиси исчезнат. Според податоците од 1649 г. овој народ живеел на целиот предел од Мемел (Клајпеда) до Данциг (Гдањск), вклучувајќи го приморјето околу Висланскиот Залив. Со време Курсениеките се асимилирале во германското население и денес се присутни само на места долж Курскиот Провлак.

Евакуација на германското население

уреди

Од јануари до март 1945 г. е извршена голема евакуација на германското население од Источна Прусија преку замрзнатиот залив воочи напредокот на Црвената армија. Иако цивили, бегалците биле цел на советските напади од воздух во кои животот го изгубиле неколку илјади бегалци.[2] [3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Poland to Spend Quarter Billion Dollars on Canal 'to Break Off With Russia'. Sputnik News. 15 October 2016. Посетено на 15 October 2016.
  2. Max Egremont Forgotten Land: Journeys Among the Ghosts of East Prussia (2012), ISBN 978-0374533564
  3. Patricia Clough The Flight Across The Ice: The Escape of the East Prussian Horses (2009), ISBN 978-1906598341

Надворешни врски

уреди

54°27′N 19°45′E / 54.450° СГШ; 19.750° ИГД / 54.450; 19.750