Вислански Провлак
Вислански Провлак (полски: Mierzeja Wiślana; руски: Балтийская коса; германски: Frische Nehrung) — песочен провлак,[1] или полуостров, кој ги дели Висланскиот и Гдањскиот Залив во Балтичкото Море. Долж него се протега границата меѓу Полска и Русија (поточно, ексклавата Калининградска Oбласт), делејќи го на две земји. На провлакот се наоѓа најзападната точка на Русија. На полската е сместено одморалишното место Крињица Морска.
Историја
уредиСè до XIII век, провлакот на средината имал пловен проток, преку кој градот Елблонг излегувал право на Валтичкото Море. Кон крајот на векот, протокот се затворил и градот изгубил значење како важно трговско пристаниште. Наместо Елблонг, најважниот трговскиот примат му припаднал на Гдањск, воедни и поради освојувањата на градот и Полското Поморје од страна на Тевтонскиот ред во 1308 г.
За време на Втората светска војна, Висланскиит Провлак бил последното упориште на преостанатите германски војници во Источна Прусија, иако советската војска го одминала провлакот по решителниот исход од Источнопруската операција, задржувајќи се на заземањето на Берлин. Последните германски војници на ова подрачје се разоружале дури по капитулацијата на Германија.
Курсениеки
уредиКурсениеките (или Куршиникаи) се речиси изумрен балтички народ кој денес живее долж Курскиот Провлак. Во 1649 г. го населувале целото подрачје од Мемел (Клајпеда) до Данциг (Гдањск). Со време, овој народ се асимиларал во германското население, со исклучок на оние на Курскиот Провлак, каде живеат и денес. Сè до осамостојувањето на Латвија во меѓувоениот период, Курсениеките се сметале за Латвијци, поради јазичните сличности, но подоцна латвиската држава се откажала културните и територијални претензии на Курскиот Провлак, Мемел и други територии во Источна Прусија.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Kramarska, R Uścinowicz, S Zachowicz J and Kawińska M, Origin and evolution of the Puck Lagoon in Journal of Coastal Research Issue 22, 2005, P187
Надворешни врски
уреди„Вислански Провлак“ на Ризницата ? |
- Портал за Висланскиот Провлак Архивирано на 15 мај 2007 г. (полски) (германски)
- „Балтички Провлак — најзападната точка на Русија“. Сергеј Волков (руски)