Википедија:Уредувачки натпревари/Википедиин азиски месец 2020

Уредувачки натпревар
„Википедиин азиски месец 2020“

 

од 1 до 30 ноември 2020 година

 

Уредувачки натпревар „Википедиин азиски месец 2020“ или само Википедиин азиски месец 2020 — проект на здружението на граѓани „Споделено знаење“ и Википедија на македонски јазик, кој има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии поврзани со Азија.

Натпреварот започнува на 1 ноември 2020 г. во 00:00 ч. и завршува на 30 ноември 2020 г. во 23:59 ч. по македонско време.

Доколку сте заинтересирани за учество, пријавете се подолу (со напатствија).

Учесниците во рамките на натпреварот се поттикнуваат да уредуваат постојни статии, но и да создаваат нови статии на теми поврзани со Азија.

Сите статии треба да бидат напишани во склад со начелата и правилата на Википедија, па така сите статии треба да бидат напишани на енциклопедиски стил и да имаат извори. При уредување на натпреварот или по завршувањето на истиот, сите учесници треба да се запишат со кои статии учествувале.

Статиите ќе ги прегледува жири, кое ќе биде составено од тројца википедијанци кои не можат да учествуваат на натпреварот. Жирито ќе ја донесе конечната одлука за победникот.

Членовите на жирито ќе ги прегледаат сите статии и секоја ќе ја бодуваат поединечно со бодови од 1 до 10.

Член на жирито може да даде и оцена 0 доколку смета дека статијата воопшто не ги задоволува условите на натпреварот (на пример, да биде создадена нова страница, или правење ситни подобрувања на некоја статија). На натпреварот не се признаваат статии напишани автоматски, односно со помош на бот.

Победник на натпреварот ќе биде учесникот кој ќе собере најмногу бодови, како и ќе напише статии подобни за другите награди, кои ќе се бодуваат засебно.

Во натпреварот имаат можност да учествуваат сите регистрирани корисници на Википедија на македонски јазик освен членовите на жири-комисијата, а за најдобрите учесници се обезбедени награди.

Список на натпреварувачи уреди

Евиденција

Додајте го своето корисничко име доколку сакате да учествувате, користејќи тараба и четири тилди (~). Воедно, пријавете и на страницата „Евиденција“ наведена погоре, каде што ќе создадете и своја лична страница за следење на Вашите придонеси.

  1. --Тиверополник (разговор) 15:41, 31 октомври 2020 (CET)[одговори]
  2. --Vikipedijanka (разговор) 19:15, 31 октомври 2020 (CET)[одговори]
  3. --КатеринаКајевска (разговор) 00:37, 1 ноември 2020 (CET)[одговори]
  4. --Dragecot (разговор) 14:37, 2 ноември 2020 (CET)[одговори]
  5. --ZlatkoPyotr (разговор) 20:20, 2 ноември 2020 (CET)[одговори]
  6. --Velichovskas (разговор) 14:36, 3 ноември 2020 (СЕТ)
  7. --Simonka34 (разговор) 01:01, 5 ноември 2020 (СЕТ)
  8. --Bojan9Spasovski (разговор) 14:38, 6 ноември 2020 (CET)[одговори]
  9. Petar Barsa (разговор) 19:04, 8 ноември 2020 (CET)[одговори]
  10. --ИлинаАрсовска
  11. --Carshalton (разговор) 01:04, 15 ноември 2020 (CET)[одговори]
  12. --Ina pet (разговор) 19:54, 25 ноември 2020 (CET)[одговори]
  13. --Krstevska123 (разговор) 21:13, 25 ноември 2020 (CET)[одговори]
  14. --Професор 18+ (разговор) 00:38, 26 ноември 2020 (CET)[одговори]
  15. --Stefani Ch. (разговор)10:24, 26 ноември (СЕТ)
  16. --Kids full episodes (разговор)6:49, 29 ноември (СЕТ)

Членови на жирито уреди

  1. Kiril Simeonovski (Ж1)
  2. Ehrlich91 (Ж2)
  3. Инокентиј (Ж3)
  • Станете член на жирито за следните уредувачки натпревари, преку испраќање порака на корисникот Ehrlich91.

Награди уреди

Наградите за овој натпревар се предвидени да бидат вредносни купони за техничка опрема, книги или спортска опрема од продавница со седиште во Македонија и ќе бидат доделени по завршувањето на уредувачкиот натпревар. Доколку сакате вредносен купон од специфична продавница, наведете по завршувањето или за време на траењето на натпреварот. Одбраните корисници треба да ги подигнат наградите во просториите на Споделено знаење во зградата на Сивус Бизнис Инкубатор во Скопје (доколку е возможно согласно последните состојби со пандемијата).

На натпреварот ќе се доделат три награди за најдобрите тројца уредници, кои ќе бидат прогласени по оценувањето на статиите од страна на жири-комисијата.

Награда ќе биде доделена и за најдобрата статија, која исто така ќе биде прогласена од страна на жири-комисијата.

Награда ќе биде доделена и за најдобриот нов учесник, односно корисник кој претходно не учествувал на уредувачките натпревари.

Посебна награда ќе биде доделена за корисникот кој ќе подобри „најмногу постоечки статии“ (предвид се земаат сите статии што ќе бидат оценети со просечна оценка од најмалку 3,0 од страна на членовите на жири-комисијата).

Секој учесник има право на најмногу две награди во сите категории.

Важно: За да се освои било која награда, потребно е да се создадат или подобрат најмалку 30 статии оценети со просечна оценка од најмалку 2,0 од страна на членовите на жири-комисијата.

I награда уреди

Вредносен купон во вредност од 12.000 денари.

II награда уреди

Вредносен купон во вредност од 6.000 денари.

III награда уреди

Вредносен купон во вредност од 3.000 денари.

Награда за најдобра статија уреди

Вредносен купон во вредност од 5.000 денари.

Награда за најдобар нов учесник уреди

Вредносен купон во вредност од 2.000 денари.

Посебна награда уреди

Вредносен купон во вредност од 3.000 денари.

Резултати уреди

Списокот на оценети статии е достапен на страницата со евиденција. Во табелата во продолжение се рангирани учесниците врз основа на збирниот резултат на оценките доделени од страна на членовите на жири-комисијата.

Број Корисник Збирен резултат
1 Тиверополник 1.158
2 КатеринаКајевска 558
3 ZlatkoPyotr 432
4 Bojan9Spasovski 391
5 Vikipedijanka 128
6 Ina pet 33
7 Професор 18+ 32
8 Krstevska123 24
9 Carshalton 9
10 Dragecot 3
Награда за најдобра статија
Награда за најдобар нов учесник
Посебна награда