Википедија:Селска чешма/Архива 3

Архива Оваа страница е архива. Не ја менувајте содржината на оваа страница. Упатете ги вашите коментари на сегашната разговорна страница.
Архива 3


Христијанство уреди

Ви ја претставувам темелно преработената статија Христијанство. Нема да образложувам, само погледајте. Сметав дека немаше смисла да немаме обемна статија на оваа тема. Поздрав, --Б. Јанкулоски 10:19, 9 Март 2006 (UTC)

Супер е, фала богу, некој да направи асална статија во врска со Христијанство, досега сите беа напишани со попобожни тонови одошто мислам дека треба за еден (секуларен) проект како Википедија. Поздрав! --FlavrSavr 23:22, 9 Март 2006 (UTC)

Здраво до сите. Прво да ви се извинам што додадов толку многу статии одеднаш. Не знаев дека има правило да се побара согласност за Бот. Значи јас сега ќе престанам да додавам статии додека не се договориме како ќе работиме понатаму.

Од друга страна ја симнав Бот алатката и мислам дека е одлична. Ќе ни овозможи не само брзо да формираме статии со унифицирана структура, туку и потоа лесно да ги одржуваме. Јас мислам дека е многу подобро да имаме структура во која после секој ќе може да пополнува (евентуално и да ја менува каде што е потребно), отколку да имаме празни статии, па секој да ги форматира како што ќе му текне. Слично како што е полесно да се пополни формулар, а потешко да се напише есеј на празен лист хартија. Поздрав, --Filip M Bot 22:20, 9 Март 2006 (UTC)

Јас сум за доделување бот статус. Сепак, сите внесувања треба да бидат координирани. Доколку имаш статистички податоци за Македонија, постави ги на проектот на мета, лесно ќе ги земаме од таму. Јас одамна се спремав да читнам нешто за wikipy, ама немав време. Се надевам дека ќе можеш да ми помогнеш :) --Misos 23:50, 9 Март 2006 (UTC)
Статистички податоци за Македонија по општини има на www.stat.gov.mk. Треба само да се земат и да се помасираат малку (конверзија во вики формат). Откога ќе имаме предлошки, релативно е лесно да се уфрлаат податоци во нив. Погледнете го шаблонот за селата во Струмичко. Ајде да се договориме дали е добар и како треба да изгледа. (Не заборавајте дека и предлошките можат динамички да се менуваат, така да сега и да утнеме нешто, подоцна може да го поправиме).

Јас сум програмер по професија и бот алатката (скриптите) ме интересираат и од професионален аспект. Се разбира дека е добро да имаме повеќе бот-ови и се што знам / ќе научам може да се стави во посебна статија, како упатство за други корисници.--Filip M Bot 15:21, 10 Март 2006 (UTC)

Јас се согласувам за да се даде бот статус на твојот бот - логиката е фина: подобро формулар одошто празен лист хартија. И другите википедии имаат вакви празни предлошки, а патем, и во нашата статиите за години и дати се решени по шаблонски систем. Инаку, ако добро разбрав, ти имаш статистички податоци за селата? Ние чекаме да ни дадат податоци во електронска форма, толку се одолговлече целата работа што не знам ни дали воопшто ќе биде... --FlavrSavr 23:57, 9 Март 2006 (UTC)
Проектот за општините и проектот за селата се два ралични проекти. Додавањето на структура во статиите за селата не му конкурира на проектот за полнење и одржување на општините.--Filip M Bot 15:24, 10 Март 2006 (UTC)

Покана до Албанците во Википедија уреди

Мислам да направам еден политички чекор кон Албанците во Википедија - да ги поканам да пишувааат во Македонската Википедија - да ги додадат нивните ставови и факти тука. Мислам и така треба да биде меѓу цивилизирани луѓе. Полошо од Бугарите нема да биде, даже мислам дека ќе биде подобро за неутралноста. Види го текстот. --Комита 01:12, 10 Март 2006 (UTC)


Hello, guys and girls, I would like to invite those of you who speak Macedonian to contribute to the [Macedonian language Wikipedia http://mk.wikipedia.org/] and please feel free to insert your point of view or the appropriate data wherever you find it necessary. I would very kindly ask you to obey the Rules of Wikipedia and avoid conflict, and the same we will try to do too, although I cannot promise it will be easy for any side. We would gladly contribute to the Albanian version too, but unfortunately noone of us speaks Albanian. My nick is Комита, I speek good English and I am willing to listen to your arguments. Please, feel invited.

Досега со Албанците сме немале позначајни проблеми. На англиската Википедија поддршката на некои албански корисници (во кој најзначаен е REX, Албанец од Грција), имаше огромно значење во разобличувањето на грчките "аргументи" зошто нашата нација да се вика "Македонски Словени" наместо Македонци. Најискрено го поддржувам повикот на Комита - фино би било да имаме и уредници од албанската националност, особено за да се запази НГТ. Нешто повеќе за ова напишав пред некој месец на мојата корисничка страница на албанската Википедија. --FlavrSavr 18:48, 10 Март 2006 (UTC)

Па незнам колку би можеле Албанците да бидат неутрални. Доколку се погоди просечен Албанец од Македонија да земе да учествува овде, најпрвин ќе пишува статии со содржина која одговара на нивната национал - шовинистичка и фашизоидна политика што ја спроведуваат по целиот Балкан. Потоа ќе лажира податоци, ќе мора да се менуваат делови што ги напишав јас (а што се чиста вистина) во статиите за велешките села Горно Јаболчиште, Долно Јаболчиште и Општина Бутел. Ќе мора да застапуваме концепт на мултиетничност, мултикултурност пропагирана од големоалбанскиот шовинизам на секој чекор во Македонија, и на крај ќе мораат да бидат изменети некои статии што сакам да ги напишам а што се од Најновата современа Историја на Македонија во која Албанците имаат големо учество. Но напоменувам ако се погоди просечен Албанец, невелам дека сите Албанци се такви. Инаку што се однесува до мене, доколу нема ширење национализам и шовинизам вратите се отворени за секого. Македонец 22:50, 12 Март 2006 (UTC)

Ордени уреди

Го повлекувам мојот предлог за Орденот на Блаже Конески како врховна награда. Секоја категорија или област треба да си има своја соодветна награда. Наградите, по мене, се многу важни за стимулирање на уредниците (квалитативно и квантитативно). Исто така имам и неколку предлози:

  1. Категоризација и стандардизација на ордените заснована на Орденот на Гоце Делчев со глобусот во позадина и ѕвездата врз него. Разликата би била во содржината на централниот круг и натписот под орденот. Предлагам отфрлање на текстот над и под орденот, а воведување на некаква лента или слично на која ќе стои следново латинското мото: AGE QUOD AGIS („Стреми се кон најдоброто“). Ви оставам вам да одлучите дали (доколку го прифатите) би го применувале на сите ордени или секој треба да има засебно мото.
  2. Неограничен број на ордени кои може еден корисник да ги добие. Доколку еден корисник покаже квалитети на повеќе полиња, мора да биде соодветно награден.
  3. Отфрлање на принципот „секој може да дава ордени секому“. Вака ордените нема да се сфаќаат така сериозно и со тоа се губи нивната смисла (стимулација на уредникот). Затоа предлагам формирање на наградно тело од неколку корисници кои меѓусебно би се консултирале за секоја награда. Не препорачувам општо гласање од причина што тоа ќе не доведе до непотребни дебати и расправии наместо да се концентрираме на пишување содржини или администрација. Можеме првично да го изгласаме членството во наградното тело и тоа би било се.

Се надевам дека ќе се согласите со овие начела. Секоја примедба е добредојдена. Поздрав! --Б. Јанкулоски 02:56, 13 Март 2006 (UTC)

Јас сум делумно за. Не смееме во никој случај да забраниме нешто, може само да даваме посебни награди кои за нас би имале поголемо значење. Бројот на ордени во никој случај не е ограничен. --Misos 07:56, 14 Март 2006 (UTC)
  • Кога реков отфрлање не мислев на забрана, туку едноставно доброволно да се согласиме да имаме наградно тело бидејќи, како што реков, ако секој дава орден секому, ордените нема да се сфаќаат така сериозно и со тоа се губи нивната смисла.--Б. Јанкулоски 09:37, 14 Март 2006 (UTC)
Ја поддржувам иницијативата. Особено начелото бр.3 бидејќи наградите треба да имаат некаква „тежина“ а не меѓусебно да си се тапкаме по рамо и да си разменуваме ордени. Тука прашањето повеќе е: дали да имаме поголем степен на демократија и јавно гласање на сите корисници или поедноставен и пофункционален концепт со наградно тело. Јас се залагам за втората варијанта. Што се однесува до првото начело, не се сложувам само во делот за стандардизација доколку тоа значи строга стандардизација, за да не ни се ордените монотони и едвај препознатливи. Стандардизација да, но не премногу :) Конкретно сметам дека на моменталната верзија на орденот Гоце делчев и треба уште доста работа од естетски аспект а и од технички (не е ни прецизно центриран) --Aleksandar SK 20:26, 14 Март 2006 (UTC)
  • Се сложувам со идејата. На ордените им е потребна поголема варијација, но со барем некаков елемент на стандардизација. До која мера - оставам на вас да кажете. Останувам на идејата за латинското мото.--Б. Јанкулоски 23:35, 14 Март 2006 (UTC)


Еве имам конкретни предлози како да го организираме сето тоа околу стандардизацијата:

  • Да се согласиме околу елементарна рамката, што точно ќе мора секој орден да содржи.
  • Почитувајќи ја рамката да направиме варијации на ордени за разни области.
  • За секоја област да направиме неколку подвидови, кои ќе се разликуваат по својата "тежина". На пример: Бронзен (охрабрувачки - кој би се добивал релативно полесно и би се доделувал на нови амбициозни корисници); Сребрен (би се доделувал на постари корисници кои имаат навистина голем обем на квалитетна работа зад себе); Златен (би се доделувал само во исклучителни случаи на корисници кои не само што дале огромен придонес, туку долго време континуирано работеле и биле пример за неутралност на своите ставови. Боите не мора да бидат на самиот орден туку на некој вид лента или друга декорација на орденот.
  • Да се воведе и специјална награда за специфични непредвидливи случаи, а за што точно се доделува да се нагласува при самото доделување.
  • Сепак да не губиме премногу време околу ова, да се изјасниме што побрзо и да го спроведеме :) Не чека голема работа не само тука туку и на англиската википедија.

--Aleksandar SK 00:06, 15 Март 2006 (UTC)

Ова е мојот претходен коментар во врска со темава:

Еј, дотолку ли е антимоментум добивањето на Златна тегла Ајвар? :-) Нема врска... Вака, во принцип, иако е пожелно да имаме некаква стандардизација на наградите, награди може да дава кој сака на кого сака, а веројатно и секој може да си направи сопствена награда. Освен тоа, имајте во предвид дека не мора да има само една награда, видете какви сѐ категории има во англиската Википедија - en:Wikipedia:Barnstar, a исто така тука, и тука. Во принцип, треба да избереме некаков модел за стандардизација, дали ќе биде тоа тегла ајвар (златна, сребрена итн.) или медал со различни личности за различни поводи за награди (за неутралност, за квалитетни статии итн.), или нешто трето. Би можеле да гласаме за тоа на порталот, на пример. --FlavrSavr 15:55, 12 Март 2006 (UTC)
Можеме да го задржиме и принципот: награди да прави и да дава кој сака на кого сака (морам да признаам дека тој концепт е по-"wiki"). Но можеме да направиме поделба на "Официјални" и неофицијални награди. Неофицијалните да не се "регулирани" и да ги прави и дава кој сака на кого сака. Официјалните да се доделуваат по одредена процедура и нормално би имале поголем "ефект". Претходните едноставно не мотивираат. Уште полошо - можат и да го деградираат самиот концепт. Одете видете на англиската википедија колку ордени си имаат разменето грците (особено за неутралност) :))) --Aleksandar SK 02:12, 15 Март 2006 (UTC)
Се сложувам со концептот на Александар. Значи, какви точно ќе бидат официјалните награди? Мислам дека концептот со ордените на Бојан и Комита е ОК, со тоа што сепак мислам дека е попаметно да се избегнуваат личности на самите медали. Исто така, треба да се поработи малце на естетскиот аспект на медалите. Да имав повеќе време ќе направев предлог да видите какви мислам јас да бидат медалите. Поздрав.--FlavrSavr 13:31, 15 Март 2006 (UTC)
  • Поделбата на наградите на „официјални“ и „неофицијални“ е прекрасно решение! Останува на колегата FlavrSavr да изработи модел за медалите, кога ќе има време. Не ми е јасно зошто треба да се избегнуваат личности. Личностите кои планираме да ги ставаме се веќе долго афирмирани и официјално признаени дејци во Македонија (по нив се крстени и училишта!)

Никој не може да ги оспори нив. Да, постоеле (и постојат) извесни контроверзни личности во државава за кои не може да се рече дека би запазувале НГТ, но нив воопшто не ги ставаме во игра. Предпоставувам дека Слободан не мисли на новопрогласените херои на двонационалната држава. За нив никој нема право да аргуменитра на ниеден начин, ма колку официлани и да биле во Македонија. Ако извесна група луѓе го изгубиле умот, тоа не значи дека и ние сме како нив. Тоа е еквивалент на некој да дава орден „Осама бин Ладен“ или слично на англиската Википедија. Добро знаеме дека ќе биде избришан истиот ден, а сигурно ќе уследат и опомени. Не гледам зошто кај нас да биде различно.--Б. Јанкулоски 10:58, 16 Март 2006 (UTC)

Вака, не чекајте на мене, навистина! :-) Мислам дека сегашниот модел може да помине со тоа што би го тргнал Википедија логото - едноставно делува лошо така од позади, или над центарот на медалот. А за личности, да, Бојан делумно ги откри причините, но повеќе ме плаши нешто друго - на пр. има такви што сметаат дека Блаже Конески го "србизирал" македонскиот јазик (да се разбереме, јас дефинитивно не сум меѓу нив!), за некои Гоце Делчев е спорен, т.е. сакам да кажам - секогаш ќе се најде некој што ќе замери нешто за личностите. Освен тоа, веројатно ќе се работи за личности кои се битни за македонскиот народ, а ова е Википедија на македонски јазик, повеќе од Македонска Википедија, ако ме разбирате што сакам да кажам... Сепак, можеби сум малку повеќе хипохондрик во овој случај, така што, искрено, мене нема ама воопшто да ми смета да има личности на ордените/медалите! Ако одлучите така, во ред е со мене. Можам да предложам и некои личности кои по мене би требало да ги има и за што би се давале такви награди (листата е само непотполн предлог):
  • Блаже Конески - за филологија, лингвистика, јазици и сл. статии),
  • Кочо Рацин - литература, исто така, за трудољубиви уредници (ова може да биде и како најголема награда)
  • Паскал Сотировски - природни науки
  • Гоце Делчев - за неутралност ("поле за културен натпревар меѓу народите")
  • Милчо Манчевски - филм, или уметност воопшто (може да биде проблем добивање негова не-copyright слика)
  • Ферид Мухиќ - филозофија, општествени науки (може да биде проблем добивање негова не-copyright слика)
  • Борис Трајанов - музика, уметност (може да биде проблем добивање негова не-copyright слика)
  • Ѓорѓија Пулевски - историја, народи и сл.
  • Марко Цепенков - народно творештво, етнологија
  • Теодосиј Гологанов - религија (ова може да биде спорно за неправославните)
  • Јане Сандански - борба против вандали :-)...
  • Горан Стефановски - театар, драма итн,(може да биде проблем добивање негова не-copyright слика)
  • медал само со македонското знаме наместо лик во центарот - главна награда
  • фалат уште категории... --FlavrSavr 02:03, 17 Март 2006 (UTC)
Најпрвин да се изјаснам за потенцијалните опасости од ставање само македонци. Како прво јас незнам ни еден албанец кој е исто толку знаменит како и гореспоменатите личности (освен можеби Луан Старова кој спаѓа во литература, ама не се смета за најголемиот деец, жалам). Второ, јас незнам дали имаме воопшто активни учесници-албанци на нашава Википедија. Ако ги имаме, нека се изјаснат. Никој не им го ускратува правото. Штом немаме, ќе ја цитирам српската фраза: оде воз!. Не гледам никакви неправилности тука. Го разбирам Слободан што е малку скептичен, но сметам дека ова може да пројде без никакви промени.
  • Коментар за медалите: Имам примедба на орденот Борис Трајанов. Кога веќе зборуваме за уметностите во целина мораме да наведеме некој од капитално и историско значење. Лично, мојот омилен македонски композитор е Трајко Прокопиев, чија слика имаме на статијава. Од ликовните уметници пак, би го одвоил Димитар Андонов Папрадишки кој е првиот профан (нерелигиозен) сликар во Македонија во 80-тите години на 19-тиот век. Може да се рече дека тој е основачот на сликарството во „западна“ смисла во Македонија. По мене од огромно значење. Подигнав тука негов фотопортрет со име dapapradiski.jpg. Ни преостанува уште да најдеме слики за неговата статија.
  • Со сета почит кон Горан Стефановски, сметам дека треба да се замени со Војдан Чернодрински. Како што реков пред малку, за медалите ни требаат легендарни, историски важни дејци (по можност основоположници).
  • Предлагам да се доделува медал за музика посебно од медал за уметност заради нивната различност и заради невозможноста да се најде заеднички содржател (личност) кој ќе ги претставува сите уметности. --Б. Јанкулоски 09:18, 17 Март 2006 (UTC)


Се согласувам со FlavrSavr да се избегнуваат личности на самите медали - Сакам да ве потсетам дека тоа не е Македонска Википедија, туку Википедија на Македонски. Чекаме тука странски корисници да придонесуваат - Албанци, Бугари, Срби, Грци и секакви. Сакаме тие да бидат активни, за да биде подобра нашата Енциклопедија. Затоа нашите награди треба да бидат неутрални, зашто секој Албанец, Грк или Македонец со поинаков став да си ја чува наградата со гордост, а да не ја одбие кога ќе му ја доделиме. Тоа е политички чекор, така е, и ние мораме да мислиме политички.
Готов сум да се откажам од Гоце (иако со тешко срце). НГТ е нашата најголема вредност, а не македонскиот национализам. Второ, мислам дека бројот на ордените е преголем за нашава премала заедница. Дали е паметно да имаме повеќе ордени од активни корисници? За почеток мислам официелниот орден да биде еден - "За придонеси" или "За културен натпревар" и тоа да биде се. Кога ќе се зголеми нашата заедница со уште дваесет активни членови, тогаш, еве ќе направиме уште еден официелен орден. Инфлација имаат не само парите, туку и ордените. --Комита 17:48, 17 Март 2006 (UTC)

Гласање за бот уреди

Благодарам за поддршката до сега. За да поднесам пријава за бот ќе ми треба поддршка од заедницата. Треба да биде двојазична, за да можат администраторите да проценат, значи.

Гласање за доделување статус на бот на Корисник:Filip M Bot:

(Voting for assigning a bot status to Корисник:Filip M Bot):

Ботот е одобрен (Bot approved)--Filip M Bot 17:38, 22 Март 2006 (UTC)

За (In favour): уреди

  • За. Сепак, прво треба да се завршат некои „формални“ работи - да се дефинира корисничката страна на ботот, да се каже кој го контролира, за што ќе служи и слично. Може да се пушти и некое тестирање (мада таа процедура веќе заврши со селата). --Misos 07:56, 14 Март 2006 (UTC)
  • Јас се согласувам за да се даде бот статус на твојот бот - логиката е фина: подобро формулар одошто празен лист хартија. И другите википедии имаат вакви празни предлошки, а патем, и во нашата статиите за години и дати се решени по шаблонски систем. Инаку, ако добро разбрав, ти имаш статистички податоци за селата? Ние чекаме да ни дадат податоци во електронска форма, толку се одолговлече целата работа што не знам ни дали воопшто ќе биде... --FlavrSavr 23:57, 9 Март 2006 (UTC)
  • За. Нема зошто сега да гласам "не" :-) Boyan 15:12, 14 Март 2006 (UTC)
  • За -- Македонец 22:51, 20 Март 2006 (UTC) (ме потплатија да полнам гласачки кути, ха ха ха ха ха, :)

Против (Opposed): уреди

Поздрав --Filip M 03:21, 14 Март 2006 (UTC)

Па во ред, мислам дека е изгласан ботот, пријави го на мета (јас не знам кај треба :-))--FlavrSavr 20:05, 20 Март 2006 (UTC)
Барањето треба да се стави на мета (m:Requests_for_bot_status). Филип, повторно те замолувам, среди ги твојата корисничка страна и страната на ботот, со мал опис што би работел, по можност на македонски и англиски. --Misos 20:36, 20 Март 2006 (UTC)
Барањето е пријавено. Страната на ботот е средена (до некаде), а користничката страна ќе пробам да ја средам во следните неколку дена. --Filip M Bot 22:42, 20 Март 2006 (UTC)

Ислам уреди

Почнувам со комплетна преработка на статијата Ислам. Ги молам сите муслимани (доколку ги имаме) да направат преглед кога ќе ја завршам заради проверка на преводот на изразите, терминологијата и сл. Јас ќе се трудам да преведам најдобро што можам, а ваше е да ме поправите кај што треба. Исто така ќе побарам помош за лектура и од босанската Википедија. Поздрав.--Б. Јанкулоски 01:46, 15 Март 2006 (UTC)


Бот за J и S уреди

Мислам дека странските корисници (овие што не ја познаваат добро македонската кирилица) можеби имаат напишано статии со латински J S, наместо со македонски. Мора да се пушти некој бот да провери, барем во имињата на статиите. --Комита 17:16, 17 Март 2006 (UTC)

Штом биде одобрен мојот бот, ова ќе биде една од првите работи што ќе ја направам.--Filip M Bot 22:18, 17 Март 2006 (UTC)

Ново на Викикниги уреди

Ново на викикниги! ----> Готвач. Покана кон сите гурмани да придонесат кон нашиот „Вики-готвач“.--Б. Јанкулоски 02:59, 22 Март 2006 (UTC)

- И „За Македонските Работи“ од Мисирков. Има ли некој идеја како убаво да се направат фуснотите? --Filip M 19:39, 24 Март 2006 (UTC)

Не се вика „За Македонцките работи“? Фусноти може да се додаваат, се користат ref и references таговите. Упатство има на англиската википедија. --Misos 21:01, 24 Март 2006 (UTC)
Фототипното издание се вика така (го имам и него и ќе го ставам и него), ама ова сега е адаптирано на современ правопис. Фала за реф таговите. Ке погледнам како се користат. --Filip M 22:48, 24 Март 2006 (UTC)

Знае ли некој зошто www.mk.wikibooks.org не се појавува на www.wikibooks.org? --Filip M 20:16, 28 Март 2006 (UTC)

Ова е изгледа средено. Сега се појавува. Уште не функционира како: www.mk.wikibooks.com. Инаку ги ставив За Македонските Работи во фототипно издание, според современ правопис и преведено на англиски, со доста фусноти. --Filip M 18:20, 5 Април 2006 (UTC)

Браво, браво и браво! Секоја чест што во Викикниги сте ја ставиле безценетата и безмртната книга на Крсте Петков Мисирков ЗА МАКЕДОНЦКИТЕ РАБОТИ. Секоја чест оваа книга е највредна за Македонскиот народ Македонец 13:49, 31 Март 2006 (UTC)

Врските кон "Дневник" уреди

Од како Дневник си го промени дизајнот, сите врски кон Дневник, веќе не работаат (види Петар Кајевски). Ја нема и архивата. Во Википедија постојат многу врски кон Дневник и тоа во битни статии. Што ќе чиниме? Некој кој што е запознаен со состојбата таму да каже. --Комита 15:33, 23 Март 2006 (UTC)

Идеи за бот обработки уреди

Денеска ја направив првата бот замена (бланко пред запирка). Сите замени ќе ги документирам на Filip M Bot страната. Сите идеи за замена пуштајте ги или тука, или на бот страната. --Filip M Bot 17:40, 24 Март 2006 (UTC)

Проект Општини уреди

Ги зедов податоците што ги собра Мисос:табела, и шаблонот инфо-кутија и ја уредив општина Берово. Ве молам погледнете и во следните неколку дена давајте предлози:

http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9E%D0%BF%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B0_%D0%91%D0%B5%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%BE

Потоа ќе ги уредам така сите 84 општини. --Filip M 13:48, 27 Март 2006 (UTC)

Почекај малце, има проблеми со инфокутијата ако фалат некои податоци. Утре ќе пробам да ја средам со малце посложена структура. Во меѓувреме, може да ги додадеме знамињата за општините (барем оние кои ги имаме). --Misos 18:36, 28 Март 2006 (UTC)

Јас направив еден едноставен шаблон за Селата во Македонија. Погледни го селото Будинарци во Беровска Општина. Ако имате идеи за уште податоци, давајте предлози. Откако ќе ги уредиме сите општини, ќе почнам да ги уредувам селата. --Filip M 19:35, 29 Март 2006 (UTC)

Општините се спастрени. Сега селата.--Filip M 18:24, 6 Април 2006 (UTC)