Википедија:Селска чешма/Архива 2

Архива Оваа страница е архива. Не ја менувајте содржината на оваа страница. Упатете ги вашите коментари на сегашната разговорна страница.
Архива 2


Што направивме и што треба да правиме за однапред

уреди

Македонската Википедија постои од некаде кон крајот на 2004 година, но речиси неактивна е се до март 2005 година (со вкупно околу 50 статии, од кои голем дел напишани на бугарски јазик). Во основа, енциклопедијата почнува активно почнува да функционира во март 2005 со доаѓањето на двајца храбри млади луѓе (тоа би биле Ivica83 и јас, FlavrSavr) кои речиси самостојно ќе ја догураат Википедија до околу 300 статии. Подоцна ќе им се придружи уште еден храбар млад човек (Misos), но и со компјутерско познавање, и заедничката интеракција на овие вредни ликови ќе доведе до превод на интерфејсот на Википедија на македонски јазик, дизајнот на главната страница, некаква администраторска организација и привлекување на уште неколку уредници во Википедија. Тука секако мора да се споменат 5ко, кој ги создаде статиите за години и дати и Воуan, кој го сметам за речиси целосно заслужен за развојот на Википедија кон крајот на 2005. Други што исто така многу помогнаа се: Guitardemon666, Qurqa, Комита, SkiSki, Zdravko, и многу други. Како резултат на сето тоа, Википедија на македонски јазик за неполна година ќе достигне од никакви 50тина статии до солидни 147.846 статии.

Сепак, нема причини за самозадоволство. Википедија на македонски јазик е меѓу последните Википедии на некој европски јазик, исклучок прави само Википедија на латвиски јазик. Исто така, дел од статиите се кратки, или пак празни предлошки за години и дати. Се на се, мал е бројот на корисници кои придонесуваат за македонската Википедија, и во споредба со другите Википедии, растот во последниве неколку месеци е навистина бавен.

Корисен генерален линк за тоа како стои Македонската Википедија во однос на другите може да се види на целосната листа на јазици каде се наоѓаме на 58. место. Минатиот месец бевме престигнати од Википедиите на бретонски и албански јазик. Поспецифични корисни линкови се следниве: [1] и [2] каде може да се добијат компаративни статистики за сите битни параметри на Википедија.

Индикативни се следниве бројки на статии (дадени приближно, бројот навистина брзо се менува): албанска Википедија – 6000 статии, босанска Википедија - 6500, бугарска Википедија – 22000, српска Википедија – 29000 статии (интересен е податокот дека Википедија на луксембуршки јазик има околу 8000 статии). Имено, се работи за Википедии кои можеме да ги земеме во споредба бидејќи се работи за народи со или сличен број на жители или пак слични економски услови - мислам дека најпогодна за споредување е босанската Википедија - како може да се објасни фактот што тие имаат речиси двојно повеќе статии од нас? Ако ги земеме Бугарите на пр., кои ги има околу 8 милиони, и нас, кои не има околу 2 милиони, излегува дека македонската Википедија би требало да има околу 5500 статии во моментов. Понатаму, навистина е поразително што бевме претекнати од бретонската Википедија - со сета почит кон овој келтски јазик, но вкупниот број луѓе што зборуваат бретонски е околу 500.000, и тоа тоа не е официјален јазик (во Бретања, француската влада не организира настава на бретонски јазик). Уште поалармантно е што сите гореспоменати Википедии имаат побрз раст од нашата, така што разликата се зголемува уште повеќе.

Очигледно е дека нешто недостасува за македонската Википедија да ги има истите развојни параметри како другите Википедии, но прашањето е што точно е тоа и навистина, што направивме и што треба да правиме за однапред ? Мислам дека горните податоци доволно укажуваат на фактот дека всушност не се работи за лимитираност во поглед на економскиот момент, или пак малиот број на луѓе што зборуваат македонски јазик.

Во нареднава секција, навистина ве молам да ги оставите вашите коментари, предлози и критики во поглед на тоа што е направено, и уште поважно, што треба да се направи во иднина за Википедија. Овој фидбек ни е навистина потребен да ја подобриме македонската Википедија.

Коментари, предлози и критики

уреди
  • Oчигледно е дека треба да се направи нешто околу маркетингот на македонската Википедија. Горниот текст е (модифициран) дел од мојот текст наменет за Приматко (списание на Природно-математичкиот факултет), кој мислам дека ќе ја погоди вистинската целна група. Исто така, постои и банер на Багра, кој за жал, очигледно не е многу ефективен. Предлози околу промоција? --FlavrSavr 22:43, 17 Јануари 2006 (UTC)
  • А бре, пусто турско и се друго останато под што сме биле! (за стагнацијата) ;-) Инаку, мислам дека од голема корист би било доколку би се направил некој рекламен спот на ТВ (како што ја рекламираат и енциклопедија Македоника, па ајде, и како што ја рекламираа и Британика на македонски), или пак реклама во некој печатен медиум, макар да мислам дека треба да помине уште некое време за стандардизација на Википедија. Според мене, има еден минимален бран на позачестено користење на оваа енциклопедија.

И уште нешто - мислам дека босанската Википедија има повеќе статии од нашата бидејќи таму пишуваат и босанци и срби и хрвати. Многу ми е чудно со албанската Википедија (иако и таму повеќе од пола се од Косово, меѓу кои и еден администратор, кој случајно го забележав). Чудно викам, затоа што, или мене ми се чини, или така е - таа како преку ноќ да се збогати од 2000 и нешто на 6000 и нешто статии. А за енциклопедијата на тој бретонски јазик, немам зборови - или имаат долга традиција :-) или пак навистина луѓето се сите до еден писмени и "интернетизирани". Тоа е засега, многу поздрави. Boyan 20:23, 18 Јануари 2006 (UTC)

Аха, значи ти си прател цело време! :-) Супер... Инаку, телевизиски спот навистина не е реална опција за рекламирање во моментов - дури ни англиската Википедија нема средства за тоа, а камоли ние :D! Се сложувам со констатацијата дека треба да се стандардизираме пред да се настапи со презентација на поголема публика, и оригинално, таков ми беше промотивниот план, но, по се изгледа ги преценив посетителите на некои сајтови, како на пример Багра - по се изгледа тие не се заинтересирани многу многу. Тоа што во моментов недостасува, мислам, е поголема ангажираност на програмерскиот клан, особено оние што се нафурани на слични по дух проекти поврзани со Слободен Софтвер. За жал, поддршката од нив, во моментов е нула, и покрај тоа што во соседните земји, практично целиот FLOSS филм ротира околу еден центар, кој обично е всушност локалната Викимедија. Карактеристичен пример е српската Википедија. Да видиме каков ефект ќе има текстот во Приматко, иако не очекувам премногу. --FlavrSavr 21:30, 18 Јануари 2006 (UTC)
На што можеме реално да се надеваме? Очигледно само на бесплатна промоција. На пр. објавување на Он.нет може да има некакви ефекти, иако мислам дека ни треба поголем медиумски притисок, особено во т.н. интелектуален сегмент - тоа би значело текстови во дневни весници, можеби на некое радио или телевизија, ама за тоа ни требаат врски. --FlavrSavr 21:30, 18 Јануари 2006 (UTC)
Поголема реклама можеме да најдеме само на нашиве портали - барање до оннет, идивиди, кајгана и кој ли уште не, за оставање на банер на главната страна. Незнам колку би излегле во пресрет за вакво нешто, мада не би требало да им биде проблем. За ФЛОСС заедниците, Цобе е делумно во право. Конкретно во Белград, заедниците се некако „споени“ и во одредена мера заеднички функционираат. Тука спаѓаат викимедија организацијата (5-та во свет!), LUG и уште една, мислам за слободен софтвер. Имаат и неделни состаноци на кои присуствуваат по 30-на луѓе, што за нас е огромна бројка. Деновиве бувално секој ден се појавуваат во некој медиум - телевизии, весници..
Е сега, како почетна соработка со нашата оссм заедница, можете да се зачлените на маилинг листата, па и да направиме некаков муабет. Новица кажа дека би ни помогнале во некаква организација, кога ќе дојде време. Во вакви услови, повеќе и неможеме да бараме. --Misos 19:03, 23 Јануари 2006 (UTC)

Со големо задоцнување, бидејќи до сега не сум ја посетувал оваа страница: Јас во насока на пополаризација на Википедија, пред еден месец напишав статија во еден битолски неделник, „Его“. Кој сака може да ја прочита статијата овде: [3] (Zdravko 09:02, 6 Март 2006 (UTC))

Новости

уреди

Веројатно приметивте, додадов доста македонски народни песни. Нив ги добив од Goodbytes, и најверојатно ќе додаваме по неколку нови песни неделно.
Пред некој ден зборев со Милош со српската википедија, и имаме план автоматски да генерираме статии за општините и населените места во Македонија. Бројката е доста голема - околу 5000 статии. Откако ќе се направат ќе треба постепено да се прошират, за почеток ќе имаат само основни информации како локација, координати, население, соодветни категории и слично. Се надевам дека Македонец ќе помогне во овој период. Постоечките статии нема да се избришат, најверојатно ќе треба рачно да ги промениме.
Ова внесување ќе оди преку ботот на Милош - Milibot, па би требало да му дадеме соодветен статус (бот).
Ве молам што поскоро изјаснете се за оваа идеја, како и статусот на Milibot. --Misos 19:36, 12 Февруари 2006 (UTC)

  • Без многу зборување ќе кажам дека се сложувам за екстра големиот прилив на статии и за статусот бот на Milibot (штом Бугарите, Албанците итн. можеа вака да направат, можеме и ние  ). Исто така, би помогнал во менувањето на веќе постоечките статии, само да дојдеме што поблиску до 10.000 статии за да не пишува со поголеми букви и да бидеме позабележливи. Boyan 21:39, 12 Февруари 2006 (UTC)

Се разбира дека ќе помогнам! Затоа и се зачленив тука! Македонец

  • Апсолутно се согласувам со вашата идеја и ја имате мојата полна поддршка.

--Б. Јанкулоски 23:48, 12 Февруари 2006 (UTC)

  • Зошто некој би бил против? :) --FlavrSavr 23:53, 12 Февруари 2006 (UTC)

Акцентирани самогласки!

уреди

Драги енциклопедисти, би сакал да предложам задолжително користење на акценти врз самогласките е, и и о кај ним соодветните зборови. Доколку сакаме квалитетна енциклопедија на исто ниво со другите светски Википедии неможеме да си дозволиме да работиме со грешен правопис. Како што знаете, Микрософт Македонија беа остро критикувани за нивните катастрофални лексички и правописни грешки во македонската верзија на Windows XP. Колку и тие да не мисат така, тоа е огромен срам за една таква компанија. Да не ја правиме нивната грешка! Да покажеме дека сме подобри од нив и да се издигнеме на повисоко рамниште! Нажалост тука има еден проблем - македонската поддршка за тастатура не поддржува акцентирани самогласки. Во Microsoft Word имам фонтови кои ги даваат како симболи. Пробав и со генератор на тастатура, но нешто не ми поаѓа од рака. Симболите во Microsoft Word совршено функционираат таму. Но доколку сакате да ги ископирате во текст во Википедија се појавуваат како други знаци, што не ме зачудува. Засега го имам само акцентираното è и ô (кое се користи само во ôд што означува дејствие, како би се различил од прилогот за место од). Доколку некој знае како да се добие акценираното и илиу воопшто има подобро решение за овој проблем, би му бил неизмерно благодарен доколку го сподели со нас. Наскоро ќе ја почнам и статијата за македонскиот правопис која ќе содржи и поднаслов на тема акценти и би бил пресреќен дотогаш да ги имам.

Чисто онака... Истиот лексикон и речници ги има на страната на Он.нет, притоа страната е многу поедноставна, почиста, а со тоа и побрзо ф-ионира.--Sikavica 00:12, 13 Февруари 2006 (UTC)
  • Да, оној на Он.нет е многу подобар. Вчера пробав да го отворам, но не ми се отвораше, па мислев дека не работи.
Решението не е едноставно. Бара промена на системските фонтови со нови кои ги содржат овие знаци. На багра се оставени сите „преправени“ фонтови и упатство како да ги инсталирате. --Misos 00:01, 13 Февруари 2006 (UTC)
  • Благодарам на советот и деновиве ќе постапам по него откога ќе преинсталирам друг Windows.
  • Би сакал да учествувам во гореспоменатиот проект откога ќе добијам инструкции од некој од вас. Јас, како што некои од вас знаат, во статиите обично се концентрирам на квалитет, а не квантитет, но не би било лошо да придонесам и за зголемувањето на фондот на статии како и за поголемата афирмација на нашава Википедија барем кај балканските народи.--Б. Јанкулоски 00:29, 13 Февруари 2006 (UTC)
Има еден мал проблем со речникот на Он.нет, поради некоја причина, го тргнале француско-македонскиот речник. На ИДИВИДИ го има сè уште. --FlavrSavr 00:53, 13 Февруари 2006 (UTC)
  • Дали, на пример, може некако да се впишат акцентираните самогласки кога ќе се отвори одредена страница за уредување и со клик на нив да се вметнат во текстот, како на англиската Википедија, каде има знаци за хрватските ч, ш, потоа турското ш, германските е, а (со умлаут) итн.? Boyan 22:23, 13 Февруари 2006 (UTC)
  • Таа опција нажалост сѐ уште не постои на македонската Википедија, а незнам ни дали било кој знае да ја воведе. Доколку некој знае, би го молел да го стори тоа во најкусиот рок згоден за него.--Б. Јанкулоски 22:34, 13 Февруари 2006 (UTC)
    • Ја додадов скриптата, сега се прикажува и тој дел. Моментално во Кириличните карактери стои само акцентиранот è, и-то се надевам дека ќе го вметнам наскоро. Мала напомена: доколку не ви се покаже поле за избор под Внеси:, направете Refresh на страната (F5). --Misos 23:36, 13 Февруари 2006 (UTC)
  • Благодарам на помошта.--Б. Јанкулоски 03:40, 14 Февруари 2006 (UTC)
  • Начин да се дојде до акцентираните самогласки е:
    • Ѝ = Ѝ
    • ѝ = ѝ
    • È = È
    • è = è
    • Ô = Ô
    • ô = ô
    • Ò = Ò
    • ò = ò

Вметнувајте ги заедно со точка-запирката на крајот. Ако некој од вас не ги гледа сите букви (И, и, Е, е, о и О), опишете ја софтверската околина (оперативен систем, има/нема инсталирана кирилична поддршка, тип и верзија на браусер и слично), па да се види каде може да биде проблемот. Кај мене се гледаат и со Firefox, и со Opera, и со MSIE, имам Windows XP со кирилична поддршка. -- GoodBytes 23:15, 07 март 2006 (UTC)

Македонски народни песни

уреди

Го поткрепувам додавањето на песни, али мислам дека не им е тука местото. Мислам дека тоа е знак дека треба да се почне со македонските верзии на Wikisource, Commons, Books и слично. Комита 18:16, 24 Февруари 2006 (UTC)

Постои mkwikibooks, ама е целосно напуштен, никој не придонесува. Барем сега за сега не гледам причина да не стојат овде, не би било проблем сите тие песни да се префрлат на друго вики. --Misos 18:29, 24 Февруари 2006 (UTC)
Хм, интересна дискусија. Што мислат другите, треба ли да се префрлат овие статии на mkwikibooks, и кога сме кај тоа, постои ли заинтересиран некој да го работи тој проект? Јас тешко би можел да се нафатам се до лето, едвај наоѓам време и за Википедија. Патем, Комита, добредојде назад! :-)--FlavrSavr 22:12, 24 Февруари 2006 (UTC)
  • Незнаејќи за постоењето на такво нешто јас додадов една песна, но апсолутно се согласувам со колегите дека песни и други дела треба да стојат во литературниот оддел на енциклопедијава. Доколку некој од нашите ценети администратори би можел да не просветли со едно упатство за употреба, јас би додавал и белетристика. На пример, би сакал да преведувам некои раскази од англиски на македонски, кои потоа би ги лектурирал кај професионалец и со тоа би ја збогатувал нашата ,,Вики-ризница". Поздрав,--Б. Јанкулоски 00:07, 25 Февруари 2006 (UTC)
    • Уредувањето во тие сајтови е исто како и на Википедија. Значи, си отвораш нова статија за некоја книга и почнуваш да пишуваш :) Проблем е изворот - мора да се има дозвола за дистрибуција на текстовите. Корисник:Sikavica уште пред долго време побара да се отвори mkwikiquote, па може во пакет да побараме отворање на повеќе вакви проекти. Администраторите се разликуваат за проектите - може кој било да се пријави. Јас како и FlavrSavr, немам многу време да посветам на уште еден проект, ама ако треба помош знаете каде да ме најдете :) Инаку веќе одамна има отворено маилинг листа за македонската википедија, ама до сега зачленети сме само 3-ца. Всушност неа би требало да ја користиме за договарања и слично.

Уште малку новости: Милош од српската википедија почна проект на мета за масовно внесување на статии. Како подпроект се и општините во Македонија и информации за сите населени места. Секакви информации во електронска форма се добредојдени - можете да ги пратите овде на википедија или кај мене на маил. --Misos 01:56, 25 Февруари 2006 (UTC)

Курс по латински јазик

уреди

Прва викикнига за учење јазик на македонските wikibooks----->овде! Штотуку го започнав проектот за преведување на анлгиската викикнига за учење на латински јазик на македонски. Главната страна со содржината, воведот и неколку глави се веќе готови. Проверив за изворот - таа викикнига е пишувана икслучиво од википедијанци како нас, така што не постои проблем за авторско право. Јас лично можам да се пофалам со положен испит по латински (со А+) на факултет, и затоа сметам дека сум доволно компетентен за оваа задача. Секој што е заинтересиран за овој прекрасен јазик е добредојден да придонесе. Salvete! --Б. Јанкулоски 14:15, 25 Февруари 2006 (UTC)

Јанкулоски, водичите се одлични. Жал ми е што посветив повеќе внимание на латински во средно :) --Misos 17:42, 27 Февруари 2006 (UTC)
Ave! И јас тешко би бил од помош, иако мислам дека ќе ја искористам книгава, зошто планирам да учам латински за некое време, кога ќе бидам поослободен. --FlavrSavr 00:08, 28 Февруари 2006 (UTC)

Мала промена на главната страница

уреди

Можеби веќе приметивте, додадов два нови дела на главната страница - Дали сте знаеле и Актуелности. Ме интересира вашето мислење, како и предлози околу изгледот на таа страница. Исто така, не би било лошо да се разработи делот за Тековни настани, па можеби и повремени вести!? --Misos 17:42, 27 Февруари 2006 (UTC)

  • Одлична работа! Ако можеа бугарите да имаат вакво нешто, можеме и ние. Исто така ми се допаѓа и демократизацијата на некои елементи на оваа енциклопедија. Петка!
    • Не сфаќам што сакаш да кажеш, Википедија отсекогаш била максимално демократски организирана. Гледаме да заштитиме само неопходни страници, 99,9% може да се менува. --Misos 01:33, 1 Март 2006 (UTC)
  • Одлично!

Ихааа... 4000! =

уреди

Па, идеме полека полека напред! Нека ни се честити 4000 (се надевам вредни) статии на Википедија. Boyan 16:32, 28 Февруари 2006 (UTC)

  • Така е! Нека ни се честити јубилејните 4000 статии. И 10000 да дочекаме, како по план! By the way до каде е таа работа? --Б. Јанкулоски 22:28, 28 Февруари 2006 (UTC)
    • Ова е мало јубилејче, се надевам дека брзо ќе стигнеме до 5000, па и 10000. Проектот за масовно внесување е почнат, чекаме некои статистички податоци за населените места како и нивни координати. Ако некој може да помогне на било кој начин, нека се приклучи. Инаку во следните денови се чека англиската википедија да стигне до 1.000.000 статии!. --Misos 01:33, 1 Март 2006 (UTC)
  • Нов сум и не сум баш во тек, па да прашам дали тоа масовно внесување ќе опфаќа само населени места од Македонија? Ако е тоа случај предлагам да се прошири и на градови од цел свет. Барем главните градови, милионски градови, културни центри, поважни историски места и сл. --Aleksandar SK 03:36, 1 Март 2006 (UTC)
  • Види го проектот на Викимедија, таму е убаво опишано. Можат да се внесат и податоци за сите поголеми градови, само треба да се најдат во погодна (читај електронска) форма. Соопштението за милионитата статија на англиската википедија сега го има и на македонски јазик.

--Misos 10:13, 1 Март 2006 (UTC)

Месецов беше неверојатен. Википедијата се зголеми за над 500 статии, од кои добар дел беа и големи статии. Честито на сите, и само така да продолжиме! Се надевам дека во скоро време со Милош ќе ги добиеме потребните податоци од Завод за статистика, со кои би се генерирале основни податоци за населените места во РМ. Инаку пред некој ден не имаше како Сајт на денот на Време! Поздрав до сите! --FlavrSavr 13:11, 1 Март 2006 (UTC)

Не забележав до сега дека има идеја населените места и општини автоматски да се пополнат. Затоа почнав да ги полнам со структура (поднаслови). Мислам дека е добро да се има структура, не само затоа што ќе ни се зголеми бројот на статиите, туку и тој што знае нешто да напише за одредено место, село/град, ќе има идеја како да си го организира текстот. Не знам дали тоа ќе пречи за автоматското полнење на статиите? --Filip M 17:19, 7 Март 2006 (UTC)

Можна статија на месецот

уреди

Јас веќе се изјаснив, но ваше е да одлучите дали сакате статија на месецот да биде чембало или мојата нова статија, Јохан Себастијан Бах. Статијава има околу 10 страни текст (мерено во Microsoft Word, Фонт: 12), 9 илустрации (со преведен дијаграм) и 10 музички фајлови! Добро време потрошив на неа, ама верувајте, се исплаќа. Со сета почит кон Ivica83 кој ја започна, јас ја преработив од нула и сега сметам дека е силен конкурент на чембало за статија на месецот (или не, доколку ве палат преведените илустрации :)

Статијата е исто супер. Што се однесува до одбраните статии, може да ги менуваме на помало време - пр. 2 недели. Статијата ќе си најде свое место на главната страна (додај некој интересен факт во соодветната секција). --Misos 11:50, 1 Март 2006 (UTC)

Акцентирани самогласки

уреди

Ги додадов акцентираните самогласки во скриптата за страната за уредување. Ве молам пробајте ја и видете дали секаде се прикажуваат буквите (ЀѐЍѝÓó) --Misos 16:04, 1 Март 2006 (UTC)

Празни статии

уреди

Во последно време се појавија огромен број на празни статии. Навистина незнам дали тие што ги поставија статиите ќе ги текстуализираат, па затоа онолку колку што ќе можам ќе ги претворам во никулци.

И, испраќам апел до сите: Ве молам, правете ги барем никулци статиите кои ги создавате на Википедијава. Во нив мора да постои барем малку текст, бидејќи сепак ова е енциклопедија. Boyan 18:31, 2 Март 2006 (UTC)

Но, се наметнува прашањето - Дали да ги трнсформираме во никулци статиите, ако се додадат преку Милибот или слично? Доколку е така - џабе текстуализирањето :-) Boyan 18:50, 2 Март 2006 (UTC)

Статиите за општините нека стојат, ќе ги напуниме во блиска иднина. Ни фалат уште знамињата на секоја општина. За другите.... Мислам дека треба да се избришат. Јован даде многу добро објаснување зошто нема потреба од празни статии. --Misos 17:34, 3 Март 2006 (UTC)
Зошто да не стојат и празните статии со своите линкови? На некој начин и даваат структура на енциклопедијата, претставуваат дел од нејзиниот скелет. Кога-тогаш најголем дел од нив ќе се пополнат. Празни статии има и во англиската и во другите википедии...
Празна статија нема функција - самиот линк до неа означува дека е празна и нема потреба да се креира како таква. По некоја реченица + категоризација, никулец и сл. тагови се веќе друга работа. --Misos 10:53, 4 Март 2006 (UTC)

Проблем со најавување на македонските Wikibooks

уреди

Не ми е јасно зошто неможам никако да се најавам на македонските Wikibooks, па дури и после чистење на меморија и temopraries и рестрартирање. Затоа работам на еден огромен проект (Курс по латински јазик) практично инкогнито : ( Се појавува прозорец што вели дека имам забрането колачиња, што не е вистина. Ако можам да се најавам тука (како што може да се види по потписот подолу), тогаш проблемот не може да е во тоа. Дали некој знае како да се реши овој проблем?--Б. Јанкулоски 22:20, 3 Март 2006 (UTC)

Незнам што е проблемот, сега се регистрирав и се е во ред. За кој прелистувач станува збор? --Misos 10:53, 4 Март 2006 (UTC)
  • Internet Explorer 6.0, но увидов дека проблемот беше во firewall-от. Благодарам на помошта во секој случај.--Б. Јанкулоски 11:00, 5 Март 2006 (UTC)

За Викикниги

уреди

Имам некои дела кои планирам да ги преведувам, но гледам дека врската Викикниги ме префрлува на англиската страна, што значи дека македонска страна нема. Јас незнам каде би можеле да ја префрлиме сета поезија и проза што се стави на енциклопедијава освен таму. Со почит кон драгоценото време и приликите на администраторите, би ги замолил да направат нешто на таа тема кога ќе најдат за сходно. Официјално им благодарам за наградата на сите што го делат мислењето со FlavrSavr и ветувам дека и понатаму ќе го држам стандардот на работа на ова или уште подобро ниво. Поздрав, --Б. Јанкулоски 11:28, 5 Март 2006 (UTC)


Политика за историските статии

уреди

Се плашам дека положбата со историските статии во Енциклопедијата станува се потешка. Се додаваат нови статии без врска со каков било систем на додавање - повеќе личат на обични колумни во весник. Тоа нема врска со квалитетот на статиите - некои се многу квалитетни.

Види тоа:

Ве молам да се помисли за некакви правила за додавање и пишење на историски статии. Воопшто не мислам на цензура!Комита 11:29, 7 Март 2006 (UTC)

  • Верувале или не, статијата Историја на македонската цивилизација првобитно беше именувана Античка Македонија! На нејзино место стои моја статија соодветна и достојна на овој важен дел од нашата историја. Статијава што моментално ја гледате под ,,Историја на македонската цивилизација" е најчудниот напис (а за статија не станува збор) што го имам прочитано во животот.

Без ваша согласност не сакав да ја претворам во бланко страница, па затоа, како привремено решение ја преименував така и ставив два-три поднаслова колку да заличи на нешто. Не се сеќавам на нејзиниот автор, но од текстот очигледно е дека тоа е некој прилично побожен. Се разбира, статијата не е ни малку енциклопедиска и затоа, по мое мислење, треба да се избрише и да стои празна под тоа име до оној момент кога некој ќе најде соодветен (и обилен) извор на информации за да напише статија на тема од еден ваков калибар.

  • Јас лично имам на располагање солиден број на историски книги со тема Македонија и планирам да започнам систематска и правилна енциклопедизација на нивната содржина. Со тоа ќе се потрудам (држејќи се до моите стандарди на изработка) да најдам и соодветни илустрации и дијаграми како помошни средства за текстот кој, во сите книги што ги имам, е напишан од наши реномирани историчари. Дали сте согласни дека текстот на барем гореспоменатава статија ,,Историја на македонската цивилизација" треба да се избрише во корист на кредибилитетот на Википедија?

--Б. Јанкулоски 13:44, 7 Март 2006 (UTC)

Многу ми е мило што некој ја започна оваа тема. Навистина е страшно што прават некои уредници со статиите за историја - на пример првобитната верзија за статијата Словени - [4], е нарушување на сите можни стандарди. Многу често самите текстови се пишуваат со прикриена цел да се навредат некои соседни народи, демек да им вратиме за историските неправди. Јас како администратор во основа им додавав {{внимание}} тагови, ама знам дека тоа не е доволно. Од друга страна, ако ги избришам или ревертирам, тука веднаш доаѓаат обвинувања за цензура и полициска држава, предавство и слично. --FlavrSavr 22:43, 7 Март 2006 (UTC)
Јас мислев да се напише нешто како "Ако ќе пишеш статија со историска тематика, прочитај ги правилата"
А правилата да бидат - 1. Сите правила од Википедија и највеќе НГТ се задолжителни. 2. Види ги прво другите статии поврзани со твојата тема и најпрво Историја на македонскиот народ 3.Додади ја информацијата каде што мислиш тоа е потребно. 4. Напиши нова статија само ако нема друг начин да се додаде таа информација. --Комита 23:21, 7 Март 2006 (UTC)
Тоа би требало да важи за сите статии, не само за историските. Има збир на начела и насоки, можеби би требало нив да ги потенцираме? Како и да е, мислам дека повеќе треба да се посветиме на имплементација на правилата одошто на пишување на правила. На пример, од кутијата за уредување има огромно НЕ ПРАЌАЈТЕ ЗАШТИТЕНИ ТЕКСТОВИ БЕЗ ДОЗВОЛА!, кое за жал, е правило што редовно се игнорира. --FlavrSavr 23:40, 7 Март 2006 (UTC)

Еве јас колку толку ги уредувам статиите за Словените и словенските народи, нема ништо навредливо се е чиста обејктивност, нели! Македонец 23:02, 7 Март 2006 (UTC)

Да де, арни се тие статии и сега е ОК статијата за Словените :). Статиите за словенските народи се исто така, прилично како што треба, освен можеби статијата Бошњаци, која мислам дека повеќе тегне на тоа дека Бошњаците всушност не се народ, а со тоа не се сложувам. Навистина постојат нејаснотии околу бошњачката историја, и околу народноста, но мислам дека е неоспорно дека тие се засебен народ. Интересно е дека статијата во Српската Википедија е едногласна дека тоа е посебен народ - види овде. Мислам, за мене е доволен самиот факт што тие се сметаат за посебен народ, тоа е најважно при определување на националноста. ОК, како и да е продолжи со неутрални статии! --FlavrSavr 23:33, 7 Март 2006 (UTC)
  • Пишувањето на правилник по мене е од круцијално значење. Се согласувам дека неговата имплементација е уште поважна, НО под услов да постои потполн правилник. Зошто?
Во генеричкиот правилник НГТ стојат генерални правила на непристрасност итн. кои се одлични, но премногу генерални. Впрочем самите овие правила имплицитно се однесуваат во голем дел на историски теми. Сепак, по мене историските статии треба да имаат засебен правилник заради осетливата природа на темите кои се обработуваат во истите. Не може се очекува да се имплементираат „предпоставени“ или „непишани“ правила. Исто така бришењето на една статија нема да има цврста основа доколку не може точно да се посочи членот во правилникот каде стои предупредување против токму таа неправилност. Така, сите би биле солидно предупредени, а доколку продолжат да грешат, ќе може да уследи административна мерка без контраверзии. --Б. Јанкулоски 02:43, 8 Март 2006 (UTC)
A што станува со Википедија:Начела и насоки? Инаку, мислам дека е подобро да се држиме до политиките кои главно се развиени на англиската Википедија. Тоа е еден мини-правен систем на Википедија, а и не сум сигурен колку воопшто разните Википедии би требало/смеело да развиваат сопствени политики, бидејќи, во принцип, не би смеело да има поголема неконзистентност, во смисла, на една Википедија да важат едни правила, а на друга други. На пример, за Историја на македонската цивилизација можат да се применат политиката за бришење, или пак оваа поспецифична политика. --FlavrSavr 23:15, 8 Март 2006 (UTC)
Јас мислев на правила, кои ги толкуваат општите правила, во смисла на историските статии и тоа да биде се. Како се имплементира тоа правило, кога ќе се пише историска статија. Како да напишам најдобра историска статија? Инаку и јас мислам дека најдобри се политиките од англиската верзија.--Комита 00:05, 9 Март 2006 (UTC)
Аха, во ред, ама тоа е нешто повеќе како водич, одошто како правило. Мислам дека може да се напише нешто такво, иако јас мислам дека е малце одвишно - правилата за тоа што треба и како треба да се пишува, се воглавно јасни. Што мислат другите? --FlavrSavr 23:34, 9 Март 2006 (UTC)