Важно: Внимателно прочитајте ја статијата, доколку забележите дека има нешто што би можеле да го промените, променете го! Ако имате предлог за тоа каде треба да се подобри статијата, слободно искажете го! Гласот „За“ дадете го само ако утврдите дека статијата навистина ги исполнува критериумите за избрана статија.
Како да гласам за овој предлог?
Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас {{за}} ( ), {{против}} ( ) или {{воздржан}} ( ), како и свое мислење преку {{коментар}} ( ), користејќи ги за сето ова соодветните предлошки. Само гласовите од утврдените корисници ќе бидат земени предвид при сумирањето на резултатите. Гласањето завршува една недела по предлогот.
Понекогаш, некоја статија и со доволно гласови {{За}} може да не биде избрана доколку така одлучи заедницата (Видете: Википедија:Занемарете ги сите правила). Бидејќи предложените статии претставуваат нечиј труд, се замолува секој оној којшто сака да гласа {{Против}}, да го поткрепи својот глас со соодветни аргументи, кои ќе помогнат статијата да биде подобрена.
Човечкиот папиломен вирус (HPV - Human Papillomavirus), е папиломен вирус, кој ја инфицира кожата и мукозните мембрани кај луѓето. Многу е поопасен за жени, отколку за мажи. Идентификувани се околу 130 типови HPV. Некои типови на HPV предизвикуваат појава на брадавици (verrucae), некои предизвикуваат рак, а некои немаат никакви симптоми. Повеќето луѓе, кои се заразени од HPV, не знаат дека го имаат вирусот.
Околу 30-40 типови на HPV, вообичаено се пренесуваат преку сексуален контакт и го заразуваат аногениталниот дел. Некои полово преносливи типови на HPV можат да предизвикаат генитални брадавици. Долготрајна инфекција со „високоризични“ типови на HPV, кои се поинакви од оние што предизвикуваат брадавици, можат да напредуваат до предканцерозни лезии и инвазивен карцином. Заразеноста со HPV е причина за речиси сите случаи на рак на грлото на матката. Меѓутоа, повеќето од овие типови, не предизвикуваат болест.
За да се откријат измени на ткивото се зема цервикален Папаниколау тест. Ова овозможува прецизно хируршко отстранување на кондиломатозните и/или потенцијално предканцерогенозните ранички, пред да дојде до развивање на агресивниот рак на грлото на матката. Иако проширеноста на Пап-тестирањето ја намали зачестеноста и фаталноста на ракот на грлото на матката во развиените држави, оваа болест сепак убива неколку стотици илјади жени годишно, низ целиот свет. HPV- вакцините, Gardasil и Cervarix, кои спречуваат заразување со некои од полово преносливите типови на HPV што се воедно и најзастапени, може да водат кон намалување на бројот на канцери предизвикани од HPV. Повеќе...
На статијата и е потребна рецензија, бидејќи очигледни се грешките. Во некои секции ги поставив предлошките {{внимание}} и {{превод}}, бидејќи содржеа непреведени зборови, непостоечки предлошки, а во истите се појавуваат и имиња на вакцини, кои се оставени во оригинал, а за кои немаме стандарди. Мислам дека е очигледно дека статијата е преведена од Википедија на англиски, а притоа на многу работи не се внимавало и истата е оставена како што е. Сепак, се надевам дека во оваа една недела, до крајот на гласањето ќе ги поправиме грешките. Во статијата има и некои стручни поими, а како што споменав некои не се ни преведени, па затоа ако има некој стручен од оваа област, го замолувамд а помогне околу рецензијата на статијата.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:10, 23 август 2009 (UTC)
Статијава не е лоша, ми се допаѓа, но не гледам што е толку добро за толку многу пофалби! Инаку, јас ќе и направам кратка рецензија, сите грешки и нелогичности ќе ги поправам, ќе ја проширам ако е потребно, ќе ја довикифицирам (ако е потребно), ќе средам целосно одредени секции. Но, ако може некој да ја среди инфокутијата. Нека ја допреведе, и нека ја приспособи на англискиот шаблонски изглед. Само тоа, јас би фатил да ја средам, но секогаш ќе се зфатам со такво нешто и цел ден ќе го изгубам а денес сакам повеќе работи да сработам. Исто така ако има некој постурчен кога ќе ја рецензирам целата статија нека преведе одредени зборови ако се во оригинал а треба на македонски и обратно.--Макс(разговор) 12:24, 23 август 2009 (UTC)
Статијата не е лоша, туку совршена.--НиколаСтоіаноски 12:32, 23 август 2009 (UTC)
Имаме време уште 6 дена да ја прилагодиме, инаку постручен е корисникот Boyan, па мислам дека тој би можел да ни помогне во оваа област.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:33, 23 август 2009 (UTC)
Не го делам истото мислење дека статијата е „совршена“. Можеби формата и опфатноста остава таков впечаток, но статијата е преполна со непреведени изрази, а веќе напоменав дека се појавуваат и имиња на вакцини и професионални медицински здруженија за кои немаме стандарди при транскрипцијата во македнски јазик. Ќе ве замолам сите, малку повеќе да се ангажирате во средувањето на статијата.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:51, 23 август 2009 (UTC)
Поправив неколку грешки во статијата, додадов уште една слика и ги отстранив неправилно запишаните предлошки „се барра извор“, заменувајќи ги со правилните. Остана да се преведат уште неколку поими запишани во оригинал и уште описот на една слика, кој исто така содржи стручни поими. Исто така проблем е и како што напоменав, тоа дали да ги оставиме имињата на вакцините во оригинал и како да ги транскрибираме имињата на странските здравствени организации. Мислам дека е добро некој стручен од оваа област да го даде своето мислење. Инаку, добро би било кога предлошките „се бара извор“ ќе бидат заменети со соодветни извори.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:12, 27 август 2009 (UTC)