Википедија:Избрана статија/2008/24
Јустинијан I (латински: Flavius Petrus Sabbatius Iustinianus; 11 мај 483 – 13/14 ноември 565) — византиски владетел од Македонија како цар на Источното Римско Царство (од 527—565 год.), христијанин и православен теолог. Најстојувал да ја обнови моќта и големината на Римското Царство која била ослабена со упадите на варварските племиња. Познат е по проширувањето на царството, првенствено со воените походи на Велизариј, како и по неговиот брак со царицата Теодора, која била сметана за негов ко-регент. Историјата го памети и како најголем кодификатор на класичното римско право. Јустинијан бил една од најзначајните личности во доцната антика, и со него завршува периодот на благосостојба во Византија, сè до IX век кога таа повторно ќе се издигне.
Големината на овој цар е неразделно поврзана со неговата длабока православна вера. Верувал и живеел според верата. За време на пост не јадел леб и не пиел вино, а се хранел со зелје и пиел вода секој втор ден. Завојувал со дунавските варвари само затоа што ги кастрирале заробениците. Ова е еден од знаците на неговото човекољубие. Бил среќен и успешен во војните и во работата. Изградил голем број прекрасни храмови, од кои најубав е Света Софија во Цариград. Ги собрал и ги спроведувал римските закони. Самиот издавал многу строги закони против неморал и распусност. Ја составил црковната песна „Јединородни Сине и Слове Божји“, којашто од 536 година почнала да се пее на литургија. Го свикал Петтиот Вселенски Собор во 553 година.
Поради неговите заслуги за развојот на црквата и ширењето на верата, Светиот Цар Јустинијан се смета за светец во православното христијанство. Прочитајте повеќе...