Википедија:Викисело 2022
Викисело 2022 ― второто издание на проектот Викисело на здружението на граѓани Споделено знаење. Проектот бил применет во Ново Село, Штип.
Опис
уредиШтипската населба Ново Село е заведена културно наследство под називот „Ново Село градителска целина“. На територијата на Ново Село се наоѓаат 18 места/градби со статус на споменик на културата. Од тие 18, за 16 беше испланиран информатор со оглед дека за две градби односно куќи се срушени.
На 6 август теренски го завршивме овогодишениот проект Викисело. Тој ден беа поставени и пуштени во употреба 17 информатори кои беа поставувани до градбите кои се прогласени за културно наследство на Македонија. 9 лица беа дел од активноста на тој ден, кои придонесоа со давање и прибирање информации за градбите и/или присуствување. Медиумски бевме покриени од месната телевизија Телевизија M»Net HD која ја најави активноста за на 6 август, но и од Reporter.mk кои го објавија крајниот исход на проектот. Дополнително, 14 фотографии од енциклопедиска употреба беа направени на тој ден и беа поставени на Ризницата. Исто така, беа подобрени две статии и една беше создадена.
Опфатени статии
уредиГалерија
уредиЕнциклопедиска галерија
уредиТехничка галерија
уредиНадворешни врски
уреди„Викисело 2022“ на Ризницата ? |