Куќа на ул. „Крсте Мисирков“ бр. 67 (Штип)
куќа во Ново Село
Куќа на ул. „Крсте Мисирков“ бр. 67 ― староградска куќа во Ново Село, Штип, Македонија. Куќата е заведена како Културно наследство на Македонија.[1]
Куќа на ул. „Крсте Мисирков“ бр. 67 | |
---|---|
Куќата во 2021 година | |
Општи податоци | |
Стил | Староградска архитектура |
Адреса | ул. „Крсте Мисирков“ бр. 67 |
Град | Ново Село, Штип |
Земја | Македонија |
Завршена | прва половина на 19 век |
Сопственик | Ласкови и Стојанови; Делипетрови (порано) |
Технички податоци | |
Катови | 3 |
Историја
уредиСе вели дека во оваа куќа престојувал Гоце Делчев кога учителствувал во Новоселското училиште.[2]
Куќата била сопственост на двајца браќа од семејството Делипетрови до 1971 година. Едниот брат, таа година го продал на семејството Ласкови вториот кат и левата половина од приземјето. Подоцна вториот брат, го продал десното приземје и првиот кат на семејството Стојанови.[2]
Надворешноста на куќата била реновирана во 2015 година во вредност од милион и двесте илјади денари, пари добиени од Министерството за култура (милион денари) и Општина Штип (двесте илјади денари).[2]
Галерија
уредиНаводи
уреди- ↑ „Национален регистар на објекти кои се заштитно културно наследство“. Министерство за култура. 2012. Архивирано од изворникот 2021-08-09. Посетено на 23 март 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Изјава на Зоран Ласков - сопственик, истражувал: Никола Милошевски, датум на извор: 6 август 2022, датум на пристап: 9 август 2022.