Црква „Вознесение Христово“ - Ново Село (Штип)

црква во штипската населба Ново Село, Македонија

Вознесение Христово (или Св. Спас) — средновековна православна црква во штипската приградска населба Ново Село. Му припаѓа на Штипското архијерејско намесништво во Брегалничката епархија на МПЦ - ОА. Прогласена е за културно наследство на Македонија.[1][2]

Вознесение Христово
македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Архијерејско намесништво Штипско
Парохија Новоселска
Местоположба

Карта

Координати 41°44′5″N 22°11′5″E / 41.73472° СГШ; 22.18472° ИГД / 41.73472; 22.18472
Место Ново Село
Општина Штип
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Исус Христос
Завршено 1369
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабен

Црквата се наоѓа на левата страна на реката Отиња, во источниот дел на Ново Село, на 1 км од средиштето на Штип кој се наоѓа на исток.

Особености уреди

Претставува еднокорабен храм за кој се смета дека е подигнат од војводата Димитрија во 1369 година. Првобитниот живопис на црквата не е зачуван. Според грчкиот натпис, таа одново е насликана во 1601 г. од зографот Јован[3] во стил на Линотопската школа.[4] Ова второ живописување траело од 13 мај до 6 јули 1601 г., а во ктиторскиот натпис се споменати епископот Руфим, свештеникот Дојко и ктиторот Павле Мутавџија.[5][6]

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
  2. „Црква - Св. Спас“. zkn.mk. Архивирано од изворникот 2022-01-27. Посетено на 31 март 2022.
  3. Штип - Туристички информатор, Со мапа на градот. Штип: Општина Штип. 2011. стр. 31.
  4. Σιώκης, Νικόλαος (5 април 2012). „Το Λινοτόπι και οι ζωγράφοι του“. Βλάχοι.net. Архивирано од изворникот на 2016-04-08. Посетено на 10 јули 2015.
  5. Сава, Епископ Шумадијски (1996). Српски јерарси од деветог до двадесетог века. Евро Београд, Унирекс Подгорица, Каленић Крагујевац. стр. 418. Архивирано од изворникот на 2013-02-11. Посетено на 9 февруари 2014.
  6. „Брегалничка епархија“. Брегалничка епархија. Архивирано од изворникот на 2013-10-29. Посетено на 10 април 2014.
Книги

Надворешни врски уреди