Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Ново Село
Успение на Пресвета Богородица ― главната црква во штипското Ново Село и седиште на Новоселската парохија. Црквата претставува Споменик на културата заштитен со закон.[1]
Успение на Пресвета Богородица
| |
македонска православна црква | |
Епархија | Брегалничка |
Архијерејско намесништво | Штипско |
Парохија | Новоселска |
Местоположба | |
---|---|
Место | Ново Село |
Општина | Штип |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Богородица |
Изградба | 1836 |
Завршено | 1850 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | Трокорабна базилика |
Историја
уредиЦрквата била отпочната со изградба во 1836 година и била завршена во 1850 година. Била изградена од градителот Андреја Дамјанов со неговата тајфа од браќа и претставува голема трикорабна базилика со пространи галерии на катот. Иконите на иконостасот се од истиот период, изработени од зограф Станислав Доспевски, Станилов, Вангелов, Крсте зограф, Теодосие, Папрадишки, Христо од Самоков, Захарија Самоковлија, а фрескоживописот на куполите се претпоставува дека е изработен во истиот период од Ѓорѓи Дамјанов. Длаборезот на иконостасот, балдахинот, царските двери и владичкиот престол се изработени во истиот период од Никола Дамјанов. Нема податоци кога и од кој архијереј е осветена.[2][3]
Во текот на 2015 година, биле реставрирани иконите со цел отворање на галерија на икони во самата црква. Зафатот бил со поддршка од Министерството за култура. Согласно до крајот на јануари 2015 година, биле реставрирани 35 икони.[4]
Галерија
уреди-
Црквата и училиштето во почетокот на XX век
-
Поглед кон црквата од Исарот
-
Апсидата
-
Северната страна
-
Портата за во дворот
-
Камбанаријата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Национален регистар на објекти кои се заштитно културно наследство“. Министерство за култура. 2012. Архивирано од изворникот 2021-08-09. Посетено на 25 март 2022.
- ↑ „Црква Света Богородица (Ново Село)“. Општина Штип. Посетено на 2010-08-19.
- ↑ „Артикли“. Брегалничка епархија. Архивирано од изворникот на 25 март 2022. Посетено на 25 март 2022.
- ↑ „Се реставрираат иконите во црквата „Успение на Пресвета Богородица" во Ново Село“. a1on.mk. 23 јануари 2015. Архивирано од изворникот на 25 март 2022. Посетено на 25 март 2022.