Црква „Св. Јован Крстител“ - Штип

црква во Штип

Св. Јован Крстителсредновековна црква во преградието Ново Село кај градот Штип. Му припаѓа на Штипското архијерејско намесништво во Брегалничката епархија на МПЦ - ОА. Прогласена е за културно наследство на Македонија.[1][2]

Свети Јован Крстител

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Архијерејско намесништво Штипско
Парохија Новоселска
Местоположба

Карта

Координати 41°44′12.6″N 22°11′02.8″E / 41.736833° СГШ; 22.184111° ИГД / 41.736833; 22.184111
Место Ново Село
Општина Штип
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Јован Крстител
Завршено 1350
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабна базилика

Црквата се наоѓа високо на карпите десно од патот од Штип за предградието Ново Село, на десниот брег на река Отиња.

Историја

уреди

Црквата била изградена во 1350 година со поддршка на Јован ПробиштиповиЌ во време кога сопственик на земјиштето бил деспотот Јован Оливер.[3][4][5]

Особености

уреди

Претставува мала еднокорабна бескуполна градба. Јужната фасада е украсена со лизени, а над западниот влез се наоѓа профилирана ниша слична на онаа од јужната страна, во која има фреска на покровителот Јован Крстител. Од живописот зачувани се само незначителни фрагменти — претставата на светите Константин и Елена на јужниот ѕид.[6]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
  2. „Црква Св. Јован“. zkn.mk. Архивирано од изворникот 2022-01-27. Посетено на 31 март 2022.
  3. „Параклис „Свети Архангел Михаил" (Фитијата) – Штип“. Брегалничка епархија. Архивирано од изворникот на 2022-04-11. Посетено на 23 април 2014.
  4. Николовски, Антоние (1971). Споменици на културата во СР Македонија. Мисла. стр. 89. Занемарен непознатиот параметар |coauthors= (се препорачува |author=) (help)
  5. Велев, Илија (1990). Преглед на средновековни цркви и манастири во Македонија. Наша Книга. стр. 104.
  6. „Свети Јован Крстител“. Општина Штип. Архивирано од изворникот на 2014-02-12. Посетено на 1 ноември 2016.

Надворешни врски

уреди