Музеј на дејците на ВМРО од Штип и Штипско
Музејот на дејците на ВМРО од Штип и Штипско, познато и како Андонова куќа, — историски музеј во Ново Село, Штип. Градбата, која е дел од староградската архитектура, е заведена како Културно наследство на Македонија под називот Куќа на ул. „Крсте Мисирков“ бр. 34.[1] Музејот е посветен на дејци на ВМРО и нејзината револуционерна дејност во и околу реонот на градот Штип.
Музејот во 2018 година | |
Основан | 20 декември 2014 |
---|---|
Место | ул. „Крсте Мисирков“ бр. 34 Ново Село, Штип, Македонија |
Тип | Историски музеј |
Андонова Куќа | |
---|---|
Куќата во 2010 година | |
Општи податоци | |
Стил | Староградска архитектура |
Сопственик | Семејство Андонови (порано) Завод и музеј - Штип |
Историја
уредиКако куќа
уредиПреродбенската куќа била во сопственост на семејството Андонови.
Како музеј
уредиГрадбата била реставрирана и откупена од Министерството за култура. Музејот службено бил отворен од тогашниот премиерот Никола Груевски, министерката за култура Елизабета Канческа Милевска и градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев во 2014 година.[2]
Во музејот се изложени документи, оружје и предмети, како и 11 восочни фигури на учителите во Штип и водачи на македонската револуционерната организација, Гоце Делчев, Даме Груев и Ѓорче Петров како и на многу штипски дејци меѓу кои Мише Развигоров, Тодор Александров и Ванчо Михајлов.
Во музејот е опфатен периодот од основањето на ВМРО во 1893 година до ликвидирањето на ВМРО во 1934 година и е под јурисдикција на Заводот и музеј - Штип.[3]
Галерија
уреди-
Портата на музејот
Наводи
уреди- ↑ „Национален регистар на објекти кои се заштитно културно наследство“. Министерство за култура. 2012. Архивирано од изворникот 2021-08-09. Посетено на 23 март 2022.
- ↑ Отворен Музејот на дејците на ВМРО од Штип и Штипско Архивирано на 2 октомври 2016 г. // Вечер, 2014-12-20.
- ↑ „За нас“. Завод и музеј - Штип. Архивирано од изворникот на 18 мај 2021. Посетено на 23 март 2022.
Надворешни врски
уреди„Музеј на дејците на ВМРО од Штип и Штипско“ на Ризницата ? |