Википедија:Википредавања

Лого на проектот „Википредавања“
Лого на проектот „Википредавања“

Википредавања - проект на здружението на граѓани Споделено знаење. Проектот е започнат во октомври 2022 година со цел снимање на предавања од природните науки и уредување на статии поврзани со снимените предавања. Во овој проект досега бил вклучен професор од Институтот за географија при Природно-математички факултет во Скопје. Овој проект е дел од програмата „Образование и наука“, потпрограма „Наука“ на Споделено знаење.


Октомври - географија уреди

На 6 октомври беше започнат со активности проектот. Снимањето беше за решавање на демографски равенки, предавани од професорката Марија Љакоска, во Институтот за географија при ПМФ. Снимени беа пет видеа во периодот од 10:00 до 12:00 часот.

Снимени предавања
Бр. Видео Назив на предавањето
1. Стапка на наталитет во Македонија во 2021 година
2. Стапка на смртност во Македонија во 2021 година
3. Смртност на доенчиња во Македонија во 2021 година
4. Природен прираст и стапка на природен прираст на населението во Македонија во 2021 година
5. Меѓупописни промени на населението во Македонија за 2002 и 2021 година

Ноември - географија уреди

На 2 ноември, во согласност со снимените видеа во октомври, беа создадени пет статии и беа подобрени три статии.

Ноември 2022

Бр. Корисник Статија
1. Dandarmkd

Јуни - Географија уреди

Предавање за општа и вкупна стапка на плодност.

На 9 јуни повторно имавме сесија со снимање на Институтот за географија, Природно-математички факултет. Проф. д-р Марија Љакоска, која беше главен соработник, и уште четворица студенти од претходно споменатиот Институт, предаваа со решавање на демографски равенки. 13 видеа беа снимени.

Забелешка: По превреднувањето кон крајот на август, професорката Љакоска не одобри неколку видеа поради грешки во предавањата на студентите. Потоа, со одлука на Споделено знаење, сите видеа на студентите беа неодобрени. Само едно видео, предавано од проф. Марија, преживеа.

На 26 јуни, во согласност со снимените видеа, беше создадена една статија. Следниот ден беа создадени две статии.

Поединечни уредувачки потфати (26-27 јуни 2023)

Бр. Корисник Статија
1. Dandarmkd
 
Присутните на работилницата.

На 30 јуни беше одржана семрежна работилница со истите четири студенти кои предаваа на видеата. Во периодот од 14 до 17 часот, беа создадени две статии и беа подобрени три статии.

Работилница (30 јуни 2023)

Бр. Корисник Статија
1. Dandarmkd
2. Евгенија К.
3. Sandra Trajkova
4. Lari Trajkovski

Јули - Географија уреди

Дополнително, на 1 јули беше создадена една статија и беше подобрена една статија. На 3 јули беше создадена една статија и една статија беше подобрена. На 26 јули беше создадена една статија.

Поединечни уредувачки потфати (1, 3 и 26 јули 2023)

Бр. Корисник Статија
1. Евгенија К.
2. Lari Trajkovski
3. Dandarmkd