Мажественоста претставува низа од својства, очекувања и објаснувања поврзани со поведението и однесувањето на машкиот пол. Мажественоста како содржина на родот поврзан со машкиот пол е општествено изградено однесување како спротивност на женственоста како општествено изградена содржина поврзана со женскиот пол. Карактеристичните мажествени својства се поврзани со низа стереотипи, кои го ситуираат машкиот статус и положба: агресивноста, рационалноста, амбициозноста, независноста се некои од описите, но и очекувањата како треба да изгледа или да се однесува машкиот пол.[1]

Во римската митологија, Марс бил бог на војната и мажественоста.

Преглед

уреди

Стандардите на мажественост или машкост варираат во различни култури, поткултури, етнички групи и историски периоди.[2] Особините кои традиционално се сметани за машки во западното општество се сила, храброст, независност, водство и самоувереност.[3][4][5][6] Кога учеството на жените во трудот се зголемило, имало мажи кои се чувствувале помалку удобно во својата машкост бидејќи им било сè потешко да го потврдат својот статус на хранител.[7]

Академските студии за машкоста привлекле зголемено внимание во доцните 1980-ти и раните 1990-ти, при што бројот на курсеви на оваа тема во Соединетите Држави се зголемил од 30 на над 300.[8] Ова предизвикало истражување на пресекот на машкоста со концепти од други области, како што е општестваната конструкција на родовата разлика]][9] (застапена во голем број филозофски и социолошки теории).

Луѓето без разлика на биолошкиот пол може да покажат машки особини и однесување. Оние кои покажуваат и машки и женски особини се сметаат за андрогени, а феминистичките филозофи тврдат дека родовата двосмисленост може да ја замагли родовата класификација.[10][11]

Историја

уреди

Концептот на мажественост варира историски и културолошки.[12]:1–3 Бидејќи она што ја сочинува мажественоста варира според времето и местото, според Равин Конел, посоодветно е да се дискутира за „мажественоста“ отколку за единствен сеопфатен концепт.[13]:185

Античко време

уреди

Античката книжевност датира од околу 3000 п.н.е., со посебни очекувања за мажите во облик на закони и имплицирани машки идеали во митовите за богови и јунаци.

Во својата книга „Германија“ (98 н.е.), Такит изјавил дека мажите од античките германски племиња се бореле агресивно во битка за да ги заштитат своите жени од заробеништво од непријателот.[14][15][16]

Среден век и викторијанска ера

уреди

Џефри Ричардс ја опишува европскатасредновековна машкост која во суштина била христијанска и витешка“.[17] Храброста, почитта кон жените од сите класи и великодушноста го карактеризираат претставувањето на мажите во книжевната историја. Според Дејвид Розен, традиционалниот став на изучувачите(како Џ. Р. Р. Толкин) дека Беовулф е приказна за средновековното јунаштво ги занемарува сличностите помеѓу Беовулф и чудовиштето Грендел. Машкоста на примерот на Беовулф ги „отсече мажите од жените, другите мажи, страста и домаќинството“.[18]

Боксот бил професионализиран во Соединетите Држави и Европа во 19 век; ги истакнал физичките и конфронтирачките аспекти на мажественоста.[19] Боксот со голи зглобови без ракавици ја претставувал „машката уметност“ во Америка од 19 век.[20]

Маженственоста кај жените

уреди

Иако често се игнорирани во дискусиите за мажественост, жените исто така можат да изразат машки особини и однесувања.[21][22] Во западната култура, женската машкост е кодифицирана во идентитети како што се „томбој“ (Tomboy) и буч (Butch). Иако женската машкост често се поврзува со лезбејство, изразувањето машкост не е поврзано со сексуалноста на жената. Во феминистичката филозофија, женската машкост често се одликува како вид на родова изведба што ја предизвикува традиционалната мажественост и машката доминација.[23]

Жените кои учествуваат во спортови, особено во спортови во кои надвладејуваат мажи, понекогаш се опишувани како машки. Иако традиционалните родови норми постепено се менуваат, спортистките, особено оние кои учествуваат во спортови во кои надвладејуваат мажи, како што се бокс, кревање тегови, американски фудбал, рагби, хокеј на мраз и мотоспорт, сè уште често се сметаат за отстапување од границите на женственоста и може да претрпат негативни коментари.[24][25]

Здравјето кај мажите

уреди

Доказите укажуваат на негативното влијание на машкоста врз однесувањето на мажите поврзани со здравјето, при што мажите од Соединетите Држави прават 134,5 милиони помалку посети на лекар годишно од жените. Дваесет и пет проценти од мажите на возраст од 45 до 60 години немаат личен лекар, што го зголемува ризикот од смрт од срцеви заболувања. Мажите меѓу 25 и 65 години имаат четири пати поголема веројатност да умрат од срцеви болести отколку жените, а поголема е веројатноста да им биде дијагностицирана смртоносна болест поради нивната неподготвеност да одат на лекар. Наведените причини за непосетување лекар вклучуваат страв, негирање, срам, несакање на ситуации надвор од нивна контрола и верување дека посетата на лекар не вреди време или цена.[26]

Студиите на мажи во Северна Америка и Европа покажуваат дека мажите кои консумираат алкохолни пијалоци често го прават тоа за да исполнат одредени општествени очекувања за мажественост. Додека причините за пиење и алкохолизам се сложени и различни, родовите улоги и општествените очекувања имаат силно влијание охрабрувајќи ги мажите да пијат.[27][28]

Мажите, момчињата и луѓето од машки пол при раѓање се соочуваат со родова полиција од луѓе кои мислат дека не се доволно мажествени. Родовата полиција може да го зголеми ризикот од алкохолизам, анксиозност и депресија.[29]

Наводи

уреди
  1. „Водич во феминистичката и родовата терминологија“. Здружение на граѓани Акција Здруженска, Скопје. 2007-05-30. Архивирано од изворникот на 2007-10-08. Посетено на 2007-06-22.
  2. Kimmel, Michael S.; Aronson, Amy, уред. (2004). Men and Masculinities: A Social, Cultural, and Historical Encyclopedia, Volume 1. Santa Barbara, Calif.: ABC-CLIO. стр. xxiii. ISBN 978-1-57-607774-0.
  3. Kimmel, Michael S. (1994). „Masculinity as Homophobia: Fear, Shame, and Silence in the Construction of Gender Identity“. Theorizing Masculinities. Thousand Oaks: SAGE Publications, Inc. стр. 119–141. doi:10.4135/9781452243627. ISBN 9780803949041.
  4. Vetterling-Braggin, Mary (1982). „Introduction“. "Femininity", "masculinity", and "androgyny": a modern philosophical discussion. Totowa, N.J: Littlefield, Adams. стр. 6. ISBN 9780822603993. the [personality] theorist might classify a person as "masculine" if the person thought that person to have any or all of the following P-traits [personality traits] - GROUP Y TRAITS: strength of will, ambition, courage, independence, assertiveness, aggressiveness, ...
  5. Carli, Linda L. (2001). „Assertiveness“. Во Worell, Judith (уред.). Encyclopedia of women and gender: sex similarities and differences and the impact of society on gender, Volume 1. San Diego, California: Academic Press. стр. 157–168. ISBN 9780122272462.
  6. Thomas, R. Murray (2001), "Feminist perspectives", in Thomas, R. Murray, уред. (2001). Recent theories of human development. Thousand Oaks, California: SAGE. стр. 248. ISBN 9780761922476. Gender feminists also consider traditional feminine traits (gentleness, modesty, humility, sacrifice, supportiveness, empathy, compassion, tenderness, nurturance, intuitiveness, sensitivity, unselfishness) morally superior to the traditional masculine traits (courage, strong will, ambition, independence, assertiveness, initiative, rationality and emotional control).
  7. Pearson, Ruth (December 2000). „All Change? Men, Women and Reproductive Work in the Global Economy“. The European Journal of Development Research. 12 (2): 219–237. doi:10.1080/09578810008426773. ISSN 0957-8811. S2CID 153869428.
  8. Bradley, Rolla M. (2008). Masculinity and self perception of men identified as informal leaders (PhD thesis). University of the Incarnate Word. OCLC 1004500685. View online preview.
  9. Flood, Michael (2007). International encyclopedia of men and masculinities. London New York: Routledge. стр. viii. ISBN 9780415333436.
  10. Butler, Judith (2006) [1990]. Gender trouble: feminism and the subversion of identity. New York London: Routledge. ISBN 9780415389556.
  11. Laurie, Timothy (2014). „The ethics of nobody I know: gender and the politics of description“ (PDF). Qualitative Research Journal. 14 (1): 64–78. doi:10.1108/QRJ-03-2014-0011. hdl:10453/44221. Pdf.
  12. Reeser, Todd W. (2010). Masculinities in theory: an introduction. Malden, Massachusetts: Wiley-Blackwell. ISBN 978-1-4051-6859-5.
  13. Connell, R.W. (2005). Masculinities (2nd. изд.). Cambridge: Polity. ISBN 9780745634265.
  14. „Tacitus - Germania | UNRV.com“. www.unrv.com. Посетено на 4 November 2019.
  15. „Internet History Sourcebooks Project“. sourcebooks.fordham.edu. Посетено на 30 јуни 2023.
  16. Такит. The Origin and Situation of the Germans.
  17. Richards, Jeffrey (1999). „From Christianity to Paganism: The New Middle Ages and the Values of 'Medieval' Masculinity“. Cultural Values. 3 (2): 213–234. doi:10.1080/14797589909367162.
  18. Rosen, David (1993), "The armor of the man-monster in Beowulf", in Rosen, David, уред. (1993). The changing fictions of masculinity. Urbana: University of Illinois Press. стр. 11. ISBN 9780252063091.
  19. Christopher David Thrasher, Fight Sports and American Masculinity: Salvation in Violence from 1607 to the Present (2015).
  20. Elliott J. Gorn, The Manly Art: Bare-Knuckle Prize Fighting in America (1986).
  21. Keith, Thomas (2017). Masculinities in contemporary American culture: an intersectional approach to the complexities and challenges of male identity. New York: Routledge. стр. 4–5. ISBN 9781317595342.
  22. Halberstam, Judith (1998). „Preface“. Во Halberstam, Judith (уред.). Female Masculinity. Durham, North Carolina: Duke University Press. стр. xi. ISBN 9780822322436.
  23. Gardiner, Judith Kegan (декември 2009). „Female masculinities: a review essay“. Men and Masculinities. 11 (5): 622–633. doi:10.1177/1097184X08328448. S2CID 147357074.
    Review of: Pascoe, C.J. (2011). Dude, you're a fag: masculinity and sexuality in high school. Калифорнија: University of California Press. ISBN 9781283291927.
    and: Harris, Adrienne (2004). Gender as Soft Assembly. Hoboken: Taylor & Francis. ISBN 9780203837849.
  24. Paloian, Andrea. „The Female/Athlete Paradox: Managing Traditional Views of Masculinity and Femininity“. Applied Psychology Opus. New York University. Архивирано од изворникот на 16 февруари 2019. Посетено на 30 јуни 2023.
  25. Staurowsky, Ellen J. (2016). Women and Sport: Continuing a Journey of Liberation and Celebration. Champaign, IL: Human Kinetics. стр. 41–49. ISBN 978-1450417594.
  26. Galdas, Paul M.; Cheater, Francine M.; Marshall, Paul (март 2005). „Men and health help-seeking behaviour: Literature review“. Journal of Advanced Nursing. 49 (6): 616–623. doi:10.1111/j.1365-2648.2004.03331.x. PMID 15737222.
  27. Lemle, Russell; Mishkind, Marc E. (1989). „Alcohol and masculinity“. Journal of Substance Abuse Treatment. 6 (4): 213–22. doi:10.1016/0740-5472(89)90045-7. PMID 2687480.
  28. Berkowitz, Alan D. (2004). „Alcohol“. Во Kimmel, Michael S.; Aronson, Amy (уред.). Men and Masculinities: A Social, Cultural, and Historical Encyclopedia: Volume 1. Santa Barbara: ABC-CLIO. стр. 17–18. ISBN 9781576077740.
  29. Bauermeister, José A.; Connochie, Daniel; Jadwin-Cakmak, Laura; Meanley, Steven (May 2017). „Gender Policing During Childhood and the Psychological Well-Being of Young Adult Sexual Minority Men in the United States“. American Journal of Men's Health. 11 (3): 693–701. doi:10.1177/1557988316680938. ISSN 1557-9883. PMC 5393921. PMID 27903954.

Дополнителна книженост

уреди

Современи

уреди

Историски

уреди

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со:

Библиографски

  • The Men's Bibliography, сеопфатна библиографија за пишување за мажи, маскулинитис, пол и сексуалност, набројувајќи над 16.700 дела. (главно од конструкциска перспектива)
  • Boyhood Studies, прикажува повеќе од 2200 библиографии на млади мажи.

Други