Википедија:Барања за администраторски статус/INkubusse
- Следната дискусија е зачувана како архива на успешна кандидатура за администраторски статус. Не ја менувајте неговата содржина.
Содржина
Завршено (разговор) (22/0/0); Завршило во 12:00, 26 мај 2008 (UTC)
INkubusse (разговор • придонеси) – Се номинирам за администратор бидејќи мислам дека доволно ги познавам и ги спроведувам правилата и процедурите во духот на Википедија, и добро го познавам системот и техничкиот дел на Википедија. До сега извршував секакви администраторски задачи колку што ми дозволуваат можностите на нормален корисник, но постојат работи кои бараат администраторски привилегии. Моментално работам на организацијата на Википедија на македонски јазик, односно се обидувам да ја средам администрацијата и сликите (како и именскиот простор „Википедија“), а за многу работи поврзани со тоа се потребни администраторски привилегии. Исто така, сакам уште повеќе да им излезам во пресрет на сите корисници на кои им е потребна било каква помош, без разлика дали се искусни или не. За сите што ме познавате, знаете дека слободно можете да ме прашате ако имате било какви грижи во однос на ова, а другите ги молам да ги погледнат моите придонеси и поведение, како и слободно да поставуваат прашања, ако имаат потреба. --iNkubusse A? 04:43, 19 мај 2008 (UTC)
- Кандидату, ве молиме прифатете ја номинацијата тука:
Се себе-номинирам; моето изнесување е дадено погоре, во описот на кандидатот.
Прашања за кандидатот
уредиДраг кандидату, благодариме за вашата понуда да ѝ служите на Википедија како администратор. Препорачливо е да ги одговорите овие општи прашања, со цел да го олесните одлучувањето на гласачите.
- 1. Со кои администраторски задачи планирате да помагате?
- А: Најмногу ме засега техничкиот дел на Википедија, односно организацијата на администрацијата, разни поправки во однос на системот, меѓу кои и преводи на бројни непреведени или лошо преведени системски пораки, други грешки во заштитени шаблони за известувања, специјални страници итн. Понатаму, многу сум загрижен за сликите и моменталниот проблем што го имаме со нив, и сакам да направиме ред, односно тие што се во ред, да се зачуваат и правилно да се категоризираат, а тие што само пречат, да се отстранат. Исто така, очајно се обидувам што повеќе да ја популаризирам македонската Википедија секаде каде што ќе стигнам, а особено токму тука. Давам сѐ од себе да им ја направам што поудобна работата на сите корисници, а особено да им излезам во пресрет на новите и неискусни корисници.
- 2. Кои се вашите најдобри придонеси кон Википедија, и зошто?
- A: Мислам дека е добро тоа што придонесувам во повеќе именски простори, а особено тоа што во последно време многу се ангажирам за именскиот простор Википедија. Особено многу работам на категоризација и спроведување на интервики врски на категориите, како и на шаблони што се користат на категории. Исто така, имам направено голем број на шаблони (за никулци, навигациони кутии, инфокутии, за известување, итн.) и секогаш се обидувам да ги поправам грешките кај веќе постоечките шаблони. На статиите најмногу работам на средување и расчистување, за статијата да ги достигне на стандардите на Википедија. Но најмногу од сѐ ги ценам моите обиди за помош на други корисници и сакам уште повеќе да бидам во можност да помагам, токму со администраторските алатки.
- 3. Дали сте биле во некакви конфликти во однос на уредувањето во минатото или дали други корисници ви предизвикале стрес? Како сте се справиле со тоа и како ќе се справувате со тоа во иднина?
- А: Во моето далечно уредувачко минато најмногу се фокусирав на статии поврзани со историја, или подобро кажано, се нервирав. Мислам дека е есенцијално тука да се биде искрен и чесен и посочувам една кратка кавга што ја имав со еден корисник, кога искористив и погрден збор и бев блокиран 2 часа (мислам), но потоа тоа заврши мирно и влегов во добри односи со тој корисник. Оттогаш не сум имал значајни кавги (ако воопшто постојат некои) и почнав да избегнувам да се вмешувам во дискусии за такви теми. Сега сосема е изменет мојот поглед во однос на тоа (благодарејќи на искуството на Википедија) и секогаш се обидувам да бидам максимално непристрасен, учтив и услужлив, како и да наметнам таков пристап и кај другите корисници. Стресот е составен дел од Википедија и би сакал да го искористам моето старо искуство за да им помогнам на другите корисници да ги надминат тие стресови, како што направив јас. Сега никако не се случува за нешто да се изнервирам или воопшто да се вознемирам, од што сум премногу задоволен. Би го користел администраторскиот статус за да помагам во такви случаи и секогаш сите да излезат задоволни од контроверзните дискусии.
Општи коментари
уредиВе молиме бидете конструктивни и цивилни во дискусиите. Ако не го познавате номинираниот доволно, ве молиме детално прегледајте ги неговите придонеси пред да коментирате.
Дискусија
уредиЗа
уреди- --Brainmachinewtf? 10:38, 19 мај 2008 (UTC) Сметам дека Александар заслужува администрација, навистина многу придонесува.
- -- заслужува, поздрав--MacedonianBoy 11:09, 19 мај 2008 (UTC)
- -- - Марио Шаревски - Македонец 15:32, 19 мај 2008 (UTC) - заслужува зашто: е чист Македонец, ја сака Македонија, придонесува најмногу од сите и со голема љубов и посветеност и се разбира јас гласам за него зашто е и мој многу добар другар, сонародник, соборец, истомисленик, пријател ... БРАТ МАКЕДОНЕЦ! Поздрав Аце, утре ќе опнеме еден чочек у Континентал :)
- --Филип 16:12, 19 мај 2008 (UTC) за затоа што е посветен, темелен, вреден и објективен. И покрај тоа што за некои работи не сме истомисленици (еј, па тоа е нешто нормално! Така? :D), знам дека со добивањето на администраторските права ќе допринесува уште повеќе за подобрување на квалитетот на Википедија на македонски и секако во нејзиното проширување и афирмација.
- --Астрион 17:46, 19 мај 2008 (UTC) Не знам само што чекал досега INkubusse, но тоа не е важно. 100% го поддржувам
- --Crnorizec 19:30, 19 мај 2008 (UTC) Вистински MVP на македонскава Википедија, барем откога ја следам. Се надевам дека неговиот избор ќе привлече и други од неговата генерација. Само да не му „кликне“ утре да нѐ блокира сите што гласаме за него :-) .
- --Стан 19:34, 19 мај 2008 (UTC) Мислам дека ќе биде добар (и неутрален) администратор. Тој е еден от потребителите кој што трпи развој во положетелна насока.
- --Ajax 19:53, 19 мај 2008 (UTC) Напред момче.
- --Виктор Јованоски 20:28, 19 мај 2008 (UTC) As far as I'm concerned, this is a mere formality: и онака Аце е администратор веќе подолг период.
- --Raso mk 20:35, 19 мај 2008 (UTC) Александар извини што не сум прв, ама ти најмногу заслужуваш поради сите тие придонеси и категоризации.
- --brest 22:31, 19 мај 2008 (UTC) Благодарение на ангажманот на INkubusse во последно време, квалитетот на википедија сигурно се подигна за некој степен погоре. Се надевам дека испадите кои ги правеше на почетокот на своето присуство на википедија нема да се повторат во иднина и ќе биде пример за цивилно однесување.
- --Милош 22:51, 19 мај 2008 (UTC) Заслужи уште одамна :)
- -- гитардемон 11:29, 20 мај 2008 (UTC)
- --Макс(разговор) 16:43, 20 мај 2008 (UTC) Фала богу се кандидираше БРАВО! Само сепак според мое мислење ти не треба да бидеш Администратор не ја заслужуваш таа титула туку нешто повеќе заслужуваш да бидеш сопственик на ВИКИПЕДИЈА да бидеш главен (само да беше можно). И сакам пред сите да ти се заблагодарам за се што ме научи и што допрва ќе ме учиш фала и Поздрав.
- --Revizionist 17:34, 20 мај 2008 (UTC) Инкубус е еден од најактивните и најпосветените членови на македонската Википедија. Како признание за неговата извонредна работа јас му доделив орден за исклучителни придонеси од полето на правописната ревизија. За мене е голема чест и задоволство мојот глас да го дадам за поткрепа на номинацијата на колегата Инкубус. Ова е и голема победа за македонската Википедија, затоа што на овој начин се става крај на авторитарната политика на корисникот Брест кој македонската Википедија сакаше да ја претвори во своја лична играчка. Голем поздрав Инкубус, и како што велат Американците - keep up the good work. --Revizionist 17:34, 20 мај 2008 (UTC)
- --Filip M 17:57, 20 мај 2008 (UTC)
- Без никакво сомнение. INkubusse е од витално значење за нашата Википедија и како таков мора да ги добие администраторските привилегии. --Б. Јанкулоскиразговор 21:47, 20 мај 2008 (UTC)
- -- И јас сум за - Gorjan 14:15, 21 мај 2008 (UTC)
- -- Јас сум за бидејќи е прецизен и темелен во својата работа. Поздрав. --Nesho 16:52, 21 мај 2008 (UTC)
- -- Едно за и од мене - Boyan
- -- Да не беше Ацо јас немаше да се заинтересирам толку за Википедијава. Тој беше мојот учител, ментор и тутор... Тој ме водеше низ тешките википедиски патишта полни со еден куп препреки. Под негова закрила препливував мориња, искачував планини и така натаму... Без неговото постоење дејствување немаше да го имам ни овој мал придонес што го имам сега... Во овој излев на емоции сакам да додадам дека според мене, (македонскава) Википедија без корисникот Инкубус е како риба без лимон, како дневна без телевизор, како плејлиста без Ристо Бомбата односно како маж без жена. Ко јас што сум, во моментов... Се надевам дека администраторскиот статус ќе му биде поттик на горенаведениот, за уште поактивно и уште повеќе да придонесува за развојот на енциклопедијава. Со ова мое гласање се надевам дека и другите корисници, а и администраторите ќе почуствуваат потреба многу поактивно да се вклучат во изградбата на оваа институција. Зашто навистина има уште многу, многу работа. Ја користам приликава да кажам дека од кога го напишав сето ова и јас чувствувам таква потреба, а и да ветам дека набргу ќе се приклучам многу поактивно. Да живее Википедија на македонски јазик! ( или на кратко ако сакате: „ И јас сум за...“) --Дамјан 18:18, 23 мај 2008 (UTC)
- -- Јас мислам дека дечкото е супер и го поддржувам во изборот за администратор. Kiril Simeonovski
-- Го поддржувам во изборот за администратор Димитар(нов корисник --iNkubusse A? 11:35, 25 мај 2008 (UTC))
Против
уредиВоздржани
уреди- Следната дискусија е зачувана како архива на успешна кандидатура за администраторски статус. Не ја менувајте неговата содржина. Дополнителни коментари внесувајте на соодветната страна за дискусија (како разговорна страница на оваа номинација или номинираниот корисник). Понатамошни промени не треба да се прават на оваа страница.