Википедија:Барања за администраторски статус/Виктор Јованоски
- Следната дискусија е зачувана како архива на успешна кандидатура за администраторски статус. Не ја менувајте неговата содржина.
Содржина
Завршено (разговор) (15/0/0); Завршило во 18:21, 10 септември 2007 (UTC)
Виктор Јованоски (разговор • придонеси) – Виктор е моментално еден од најактивните уредници на Википедија на македонски јазик. Првото уредување го направи пред околу 6 месеци. До сега не влегол во некој конфликт со друг уредувач, има напишано голем број на статии од кои добар дел завршија и на главната страница како „Одбрани“. Со администраторските привилегии би требало да му се олесни уредувањето и уште повеќе да се вклучи во борбата против вандализмот. Милош 18:21, 3 септември 2007 (UTC)
- Кандидату, ве молиме прифатете ја номинацијата тука:
- Џимбо Велс во често повторуваниот коментар за улогата на администраторите вели дека да се стане сисоп „не е голема работа“. Со сета почит кон неговиот лик и дело, нема да се согласам со ова негово тврдење: можеби најголемата чест со која може да се здобие еден уредувач на Википедија е токму таа. Истовремено е и голема обврска - далеку од тоа дека да се биде администратор значи да се земе удел во една тривијална работа. Уште помалку ако се земе во предвид фактот дека се работи за енциклопедија, слободна и достапна за секого, ранлива и подложна на повреди од секаде: несомнено е дека кипот на Википедија го вајаат рацете на илјадниците корисници што ги споделуваат своите интереси и знаења со оние на кои тие им се потребни, но тој не би бил ништо повеќе од една авангардна апстрактна статуа - неразбирлива и несфатлива за сите - доколку не постои некој што би го контролирал процесот на создавањето и постојано би интервенирал во случај на немарна или намерна грешка. Тој некој е администраторот. Бесмислено е да се тврди дека секој би можел да биде администратор.
- Затоа, со задоволство го прифаќам предлогот и се надевам дека ќе помогнам на секој можен начин во обидот Википедија да ја направиме водечка енциклопедија на македонски јазик. А не сме многу далеку - преведената Британика содржи 17,000 заглавни зборови, Википедија 5,000 помалку. Нема да мине многу време, а ќе се израмниме по квантитет. Квалитативно, мислам дека можеме доста подобро.
Прашања за кандидатот
уредиДраг кандидату, благодариме за вашата понуда да ѝ служите на Википедија со овој капацитет. Ве молиме оддвојте малку време, со цел да одговорите неколку општи прашања со цел да го олесните раководењето на гласачите:
- 1. Со кои администраторски задачи планирате да помагате? Ве молиме видете Категорија:Википедија дневник и Категорија:Административен дневник, и прочитајте ја страницата за администратори.
- О: На мојата корисничка страница веќе ги имам набројано своите интереси и познавања - најголем дел од статиите кои ги пишувам тука се во наведените области и не би сакал да се повторувам. Без разлика на администраторската функција (кога би ја добил, секако), моето главно дејство на Википедија ќе биде истото: збогатување на енциклопедијата со квалитетни и бројни статии. Во секој случај, администраторската функција нуди неколку привилегии. Пред се - многу полесен начин да се води борба против вандализмот.
- 2. Од вашите статии или придонеси кон Википедија, дали има некои со кои сте особено задоволни, и зошто?
- О: Досега неколку мои статии биле избрани и прикажани на главна страница - Едгар Алан По, Одри Хепберн и Вилијам Блејк - но не би можел да речам дека само тие се оние од кои сум особено задоволен. Дури и напротив, мене особено ми се допаѓаат серијата статии кои ги напишав за унгарските поети - Шандор Петефи, Ендре Ади и низа други - како и оние посветени на француските симболисти кои моментално и ги пишувам - Шарл Бодлер, Артур Рембо. Всушност, така некако за мене изгледа една совршена статија: не е премногу долга (значи не може да стане здодевна), а истовремено содржи достатен број на информации и барем една слика; покрај тоа, особено важни ми се и надворешните врски и најчесто се трудам (покрај оние преземени од англиското издание) и сам да пребарам со цел да најдам неколку нови, и тоа кон страници на различни јазици, со предимство на оние кои се на македонски.
- 3. Дали сте биле во некакви конфликти во однос на уредувањето во минатото или дали сметате дека другите корисници ви предизвикале стрес? Како сте се справиле со тоа и како ќе се справувате со тоа во иднината?
- О: Досега не сум бил во никаков конфликт и ниту еден корисник не ми предизвикал стрес. Искрено, не ни сметам дека ова некогаш ќе се случи. Иако сите луѓе кои пишуваат на Википедија се обидуваат да напишат нешто за што тие се сигурни (или барем мислат) дека е точно, искрено верувам во постоење на една единствена неутрална гледна точка, сместена некаде на средината на туѓите, спротиставени мислења. А сè додека верувам во тоа, мислам дека ќе биде лесно да се надмине секој проблем.
Општи коментари
уредиДискусија
уредиЗа
уреди --MadBuldog 14:03, 5 септември 2007 (UTC) Тазе регистриран корисник, не може да гласа. --Милош 12:10, 5 септември 2007 (UTC)
- --FlavrSavr 22:35, 3 септември 2007 (UTC)
- --Милош 00:11, 4 септември 2007 (UTC)
- --Фичо 02:25, 4 септември 2007 (UTC)
- --brest 06:05, 4 септември 2007 (UTC), корисникот Виктор Јованоски посвети значајно внимание на уредувањето на википедија, покажа чувство за соработка со другите корисници, активно учествуваше во википроекти (На денешен ден и Археомак 2.0), даде значаен придонес во уредувањето на порталите, не влезе во отворен конфликт со други корисници, помагаше на новите корисници. Тоа го прави и сега, се надевам со поголем интензитет ќе го прави и во иднина.
- --Поречанец 11:45, 4 септември 2007 (UTC), работи неуморно и квалитетно, има огромен придонес (и тоа и со нови обемни и содржајни статии и со дополнување и средување на недовршени или неуредни статии) и, најважно за администраторската позиција, ги има потребните квалитети за администратор - смиреност, неутралност, желба (и способност) за помагање во сите области, секогаш аргументирани и оправдани постапки и познавање на википедија и нејзините принципи. Неговата администраторска позиција не може во никој случај да наштети, а напротив би била од (многу!) голема корист за овој проект.
- --Arwena 14:03, 4 септември 2007 (UTC) - Thumbs up за Виктор Јованоски
- --Антон 18:45, 5 септември 2007 (UTC) Ипресиониран сум од интересите и ерудициjата на Виктор Јованоски. Ако имам право да гласам, сум "за".
- --Ajax 07:58, 6 септември 2007 (UTC)
- --Muad'Dib 11:44, 6 септември 2007 (UTC)
- --LBakraceski 00:24, 7 септември 2007 (UTC)
- --Б. Јанкулоскиразговор 01:17, 7 септември 2007 (UTC)
- --strich 17:09, 7 септември 2007 (UTC)
- --Frightner 20:11, 8 септември 2007 (UTC)
- --Македонец 20:12, 8 септември 2007 (UTC)
- --Guitardemon666 19:29, 9 септември 2007 (UTC)
Против
уредиВоздржани
уреди- Следната дискусија е зачувана како архива на успешна кандидатура за администраторски статус. Не ја менувајте неговата содржина. Дополнителни коментари внесувајте на соодветната страна за дискусија (како разговорна страница на оваа номинација или номинираниот корисник). Понатамошни промени не треба да се прават на оваа страница.