Видосава Ковачевиќ

Видосава Ковачевиќ (Белград, 15 мај 1889 - Белград, 11 септември 1913), била српска сликарка, една од првите српски сликари која се школувала во Париз. Таа му припаѓала на кругот на творци од почетокот на 20-от век, собрани околу Уметничкото-занаетчиско училиште и професорите Риста и Бета Вукановиќ, како и Марко Мурат. Творела во краток период, од 1905 до 1913 година, за кој го преминала патот од реализмот до импресионизмот. Благодарение на интензивниот колорит и енергичен сликарски гест, во последните дела нејзиното сликарство се приближува кон експресионизмот.[1]

Видосава Ковачевиќ
Родена 15 мај 1889
Белград, Кралство Србија
Починала 11 септември 1913
Белград, Кралство Србија
Националност Србинка
Занимање сликарка

Биографија

уреди

Видосава Ковачевиќ е родена во 1889 година во угледно белградско семејство.[1] Нејзините родители биле српскиот историчар и политичар Љубомир Ковачевиќ и неговата сопруга Драгиња Драга.[2] Имале шест деца. Синот Владета, кој во 1912 година загинал во Кумановската битка и пет ќерки, од кои едната била Милица Ракиќ, сопруга на поетот Милан Ракиќ, тогашниот конзул во Приштина.[3] Сите нивни деца ги крстил Стојан Новаковиќ, тогашниот претседател на Српската академија на науките и еден од најпознатите српски интелектуалци.[4]

Школувањето го започнала во 1895 година во основното Ваташко училиште [5], а потоа го завршила Женското училиште (1899—1905), каде наставник по цртање и бил сликарот Риста Вукановиќ. На негова сугестија во 1903 година посетувала часови по цртање, а уметничкото образование го започнала во 1905 година на Уметничко-занаетчиското училиште во Белград.[2]

Студии по уметност

уреди

Во уметничко-занаетчиското училиште на Видосава и предавале водечките српски сликари од тоа време, Марко Мурат, Риста и Бета Вукановиќ, Драгутин Инкиостри и Ѓорѓе Јовановиќ. Завршила општ курс (1905-1906), специјален курс по сликарство (1906-1909), курс за учители по цртање и убаво пишување (1909-1910) и стекнала највисоко уметничко образование во тогашна Србија. Летните распусти (1909-1911) ги поминувала со сестра ѝ Милица во Приштина. Во Белград сликала во природа, понекогаш со група уметници собрани околу Коста Миличевиќ, а најчесто со Ана Маринковиќ со која студирала. Во февруари 1912 година заминала во Париз да го продолжи своето школување. Неколку месеци го посетувала приватното училиште Роси и Академијата Жилијен, а во септември 1912 година конкурирала на Шчилиштето за убави уметности. На приемниот испит била осма од 120 кандидати и единствена меѓу примените кандидати од јужнословенските простори.

Ненадејна смрт

уреди

Во ноември 1912 година се вратила во Белград поради смртта на нејзиниот брат Владета Ковачевиќ. По пат се разболела од грип, кој го добила во Гаторија на француско-шпанската граница, каде го поминала летото. Заминала во Ница да се опорави, но се врати во Белград и починала од галопирачка туберкулоза,[2] набргу откако истата болест ја однела и нејзината сестра Јела.[4]

Сликарска работа

уреди
 
Главата на девојка (масло на платно, 1912) е најпознатото дело од сликарскиот опус на Видосава Ковачевиќ. Познатиот српски историчар на уметноста и уметнички критичар Лазар Трифуновиќ оваа слика на Видосава Ковачевиќ ја смета за ремек дело на неговата епоха [6]

Видосава Ковачевиќ е една од првите српски сликари кои се школувале во Париз. Нејзиниот сликарски развој се движеше од училишни поуки во стилот на академизмот, преку сецесиска стилизација, работа во ленер, својствен за импресионистите, до фаза на експресивен колорит и силен потег.[2] Таа припаѓала на првата генерација српски ликовни уметници која успеала во целост да го надминат конзервативниот академизам на 19-от век и без пробелеми кореспондира со најсовремените тенденции на европската култура. Еминентниот српски историчар на уметноста и уметнички критичар Лазар Трифуновиќ за Видосава вели дека е „еден од најубавите таленти на српската модерна“.[4]

Прва фаза

уреди

Стручното образование Видосава го започнала во 1905 година во Уметничко-занаетчиското училиште во Белград. На оваа фаза од школувањето припаѓаат цртежи, акварели, масла на платно и везови создадени во период помеѓу 1905 и 1910 година. На делата создадени во текот на школувањето се препознава наставната програма на училиштето и големото влијание на професорите - минхенските ученици и првите српски модернисти,[2] Риста и Бете Вукановиќ и Марко Мурат. Овие дела сведочат за цртачкото созревање и постепениот премин од традиционалниот ликовен јазик кон помодерни и послободни решенија.[7] Делата од тој период се одликуваат со сигурни цртежи, студиозност, исклучителна смисла за композиција и добро совладана анатомија. Таа, исто така, покажала и исклучително чувство за вајарство, но портретното сликарство останало доминантен жанр до крајот на нејзиниот живот. Ликовите ги поставувала на темна позадина, занимавајќи се исклучиво со реалистична обработка на светлото лице. Со јасна и детална обработка на физиономијата, останала во рамките на поуката на академизмот.[2]

Втора фаза

уреди

Делата насликани во Белград, непосредно по завршувањето на школувањето и оние кои ги сликала во текот на престојот во Париз припаѓаат на втората фаза од нејзиното творештво . Во овој период, кој траел само две години (1911-1912), таа трагала по личен ликовен израз. Под влијание на Коста Миличевиќ го ослободувала потегот, внесувала побогат колорит и ја расветлувала палетата. Посебно внимание посветила на психологијата на личноста, карактерологијата на движењето, емоционалноста и душевната состојба.[2] На нив може да се види осамостојување на сликарскиот јазик на младата уметничка и издвојување на потезите како основен носител на сликарскиот израз. Во овој период Видосава Ковачевиќ го достигна врвот на својот ликовен јазик и стил, а делата од оваа фаза можат да се сметаат за највредни достигнувања на нејзиниот опус. Меѓу нив, најзначајни се: Студија за портрет, Банаќанин, Предел од мост, Плажа и Глава на девојче .[7]

Изложби

уреди

Видосава Ковачевиќ изложувала на годишните изложби Уметничко-занаетчиското училиште во Белград, организирани во периодот од 1908 до 1911 година. За време на живот немала самостојна изложба. Нејзините дела се прикажани во рамки на Првата изложба на дела на Здружението на воени сликари и вајари 1912-1918, во 1940 година во Белград.

Во изложбата посветена на српското сликарство од првата половина на 20-от век и жените во српското сликарство била вклучена дури во 70-тите години на 20-от век. Изложбите биле организирани во Белград, Москва и низ тогашната Социјалистичка Република Србија.

Во 2007 година нејзините дела биле изложени во рамките на изложбата „Импресионизмот во Србија“, во Галеријата за современи ликовни уметности во Ниш, заедно со делата на уште петнаесет други најистакнати сликари, претставници на овој правец во српското сликарство.[8]

Ретроспективни изложби:

  • Националниот музеј во Ваљево (1988)
  • Спомен збирка на Павле Бељански (2000) [2]
  • Народен музеј во Зрењанин (2011) [1]

Ревалоризација на делото на Видосава Ковачевиќ

уреди
 
Циганка, 1910 година

Видисава Ковачевиќ починала многу млада, на 24-годишна возраст, кога нејзината сликарска работа била во зародиш. Поради тоа не успеала да се позиционира меѓу српските сликари. Големиот број на дела биле изгубени во Првата светска војна, а некои од најдобрите ги однесела во Париз,[2] така штоскоро паднала во заборав. Клучна улога во ревалоризација на нејзиното творештво одиграл Павле Бељански, српски дипломат и познат колекционер. Знаејќи за неговата страст за колекционерство, Милица Ракиќ му ги покажала сликите од нејзината рано почината сестра, а тој со префинето чувство во нив открил уметничка со специфични вредности, која заслужува да влезе во неговата антологија. Формирајќи своја колекција и отворајќи ја за јавноста, Павле Бељански во борбата за подобро и поправилно оценување на националната уметност на дваесеттиот век ја вовел една дотогаш речиси непозната сликарка Видосава Ковачевиќ.[7]

Сликарскиот опус на Видосава Ковачевиќ

уреди

Денес делата на Видосава Ковачевиќ се чуваат во МСпомен збирката на Павле Бељански, Галеријата на Матица српска во Нови Сад, Уметничката галерија „Надежда Петровиќ“ во Чачак, Народниот музеј во Ваљево, Народниот музеј во Белград и Музејот на град Белград и нејзиното семејството.[1]

Најзначајни дела

уреди
  • Фриз на паун (1907/8, Спомен-збирка на Павле Бељански)
  • Фриз на лебед (1907/8, Спомен-збирка на Павле Бељански)
  • Фриз на фазан (1907/8, Спомен-збирка на Павле Бељански)
  • Двор во Топчидер (1908, Музеј на град Белград)
  • Портрет на Оливера Ковачевиќ (1908, приватна сопственост)
  • Глава на девојка (1909, Спомен-збирка на Павле Бељански)
  • Женски портрет (1909, Спомен-збирка Павла Бељанског)
  • Студија старице (1910, Спомен-збирка на Павле Бељански)
  • Ковачи (1910, Спомен-збирка на Павле Бељански)
  • Девојка у ентеријеру (1910, Музеј на град Белград)
  • Портрет на селанец со шајкача (1910, Музеј на град Белград)
  • Девојченце во сино — Мирзача (1910, Музеј на град Белград)
  • Портрет на циганка (1910, Музеј на град Белград)
  • Муслиманка во градина (1910, Музеј на град Белград)
  • Портрет на момче (1910, Народни музеј у Београду)
  • Млада жена со црн вел (1910, Народни музеј у Београду)
  • Портрет на старица во црно (1910, Народен музеј во Белград)
  • Портрет на млада жена во сино (1910, Народен музеј во Белград)
  • Портрет на Томе Гаваз (1910, приватна сопственост)
  • Старица (1910, приватна сопственост)
  • Мртва природа (1911, Народен музеј во Белград)
  • Топчидер (1911, Музеј на град Белград)
  • Банаќанин (1911, Спомен-збирка на Павле Бељански)
  • Кровови (1911, Спомен-збирка на Павле Бељански)
  • Пејзаж (1911, Сомен-збирка на Павле Бељански)
  • Портрет на жена со шешир — Автопортрет (1910, Уметничка галерија „Надежда Петровиќ”)
  • Портрет на девојка (1911, Уметничка галерија „Надежда Петровиќ”)
  • Портрет на момче (1911, Уметничка галерија „Надежда Петровиќ”)
  • Портрет на старца (1911, Народен музеј во Ваљево)
  • Портрет на Милана Ракиќ (1911, Галерија на Матица српска)
  • Глава на девојченце (1912, помен-збирка на Павле Бељански)
  • Плажа (1912, Народен музеј во Београд)
  • Предел со мост (1912, Народен музеј во Белград)

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Slike Vidosave Kovačević (1889 - 1913)“. Arte. Arte Media d.o.o. 10 мај 2011. Посетено на 23 ноември 2019.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 2,8 Српски биографски речник. [Књ.] 5, Кв-Мао. Нови Сад: Матица српска. 2011. Архивирано од изворникот на 2020-08-08. Посетено на 23 ноември 2019.
  3. „istorija koju niste ucili u školi - svi su plakali osim oca“. Wannabe magazine. Посетено на 23 ноември 2019.
  4. 4,0 4,1 4,2 Lazović, M. (9 октомври 2000). „Najlepši talenat srpske moderne“. GLAS JAVNOSTI. Архивирано од изворникот на 2021-05-12. Посетено на 23 ноември 2019.
  5. „Najstarija škola u Beogradu i Srbiji“. Beogard - Blog za odbranu Beograda od zaborava i nekulture. 21 септември 2016. Архивирано од изворникот на 10 август 2019. Посетено на 23 ноември 2019.
  6. Savić, Predrag. „Tragična sudbina velike srpske slikarke“. IN4S. Посетено на 23 ноември 2019.
  7. 7,0 7,1 7,2 „Vidosava Kovačević“. Zvanična prezentacija. Spomen-zbirka Pavla Beljanskog. Архивирано од изворникот на 1 декември 2019. Посетено на 23 ноември 2019.
  8. „Impresionizam u Srbiji“. b92. 14 август 2007. Посетено на 23 ноември 2019.

Литература

уреди

Надворешни врски

уреди