Реализам (уметност)
(Пренасочено од Реализам (сликарство))
Реализам во ликовната уметност е стилски правец кој тежнее да ја прикаже стварноста, а трае од половината до крајот на 19-от век (иако дела кои се создаваат според правилата на реализмот имало и претходно, а ги има и денес). Реализмот се залага за објективност и уверливост во приказите и опишување на фактите на стварноста и ја открива законитоста на општеството.
Во педесеттите години на 19-от век се појавува мислење дека романтичарското истакнување на чувствата и фантазијата е само бегање од стварноста на времето на европските граѓански револуции од (1848). Напредокот на науката, индустријата и техниката го овозможило правењето на првите фотографии кои уметниците ги користат како помошно средство.
Оваа статија поврзана со уметноста е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |